Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
:tapp:
Невероватен талент си другарче...... Скоро секогаш имо по нешто смешно во твоите постови... Продолжи така, мора некој да внесува и помалку ведрина и хумор ( иако ненамерно) на нашиот форум, кога барем на екипата не и оди ......

абе нема смешно во мојте постови само ме изнервира една џукела која беше насмеана до 6 ките а нема појма дали швајни го продолжил или не договорот .
 
Ма и да освои Скудето (ги молам фановите од другите клубови да не го земаат ова здраво за готово, туку како пример и да не спамираат) за мене човекот не е материјал за во Јуве. Сеуште не можам да сфатам како во првиот дел од сезоната игравме мотивирано, фуриозно, агресивно, и кога губевме знаев дека тимот ќе притисне и во најмала рака ке изедначи, а после само 2 НЕДЕЛИ пауза бродот нагло почнува да тоне.

Точно е дека секој клуб има кризи во текот на годината, ама не се толку нагли и не траат колку нашата, пред се зашто се водени од способни тренери кои знаат да го издигнат тимот. Стојам на зборот дека имаме квалитетен тим, кој со 3-4 екстра засилувања ќе биде и шампионски. Не може некој да ме убеди дека Маркизио, Красич, Бонучи, Келини, Дел Пиеро, Кваљарела, Аквилани и другите не знаат да играат фудбал. Нас ни треба човек што ќе ги фура пред утакмица, особено со помалите екипи, како што би рекол Заев „да јадат живи луѓе“

Кога ќе имаме таков тренер, што јасно ќе им стави на знаење што се очекува од нив, кога води нема да се затвора како пичка, кога губи ќе ги внесе сите напаѓачи знаејќи дека пораз од 1 и 5 гола е исто, е тогаш ќе можеме да зборуваме за титула. Се дотогаш максимумот ќе ни биде 2-3 место.
Сигурен си?
Па и Челзи е исто, дури и полошо.
 
епа треба да ми кажеш кога го продолжи бијдејки до пред 2-3 месеци го немаше продолжено и не се семеј како џоинт 3 ка да си пушел .

Двојче ми е увек подобар бил од тројка -.-
Иначе го продолжи договорот и тоа го изјави пред цел стадион по завршување на утакмицата со незнам кој.
 
Двојче ми е увек подобар бил од тројка -.-
Иначе го продолжи договорот и тоа го изјави пред цел стадион по завршување на утакмицата со незнам кој.

хахха значи кај тебе оделе лисјата од липа .Јас произведувам 2 ка од која 3 ца на гас пагаат .
 
Според Gazzeta Dello Sport, Фабио Капело ќе биде наследник на Дел Нери во Јуни на тренерската позиција во Јувентус.
 
Капело :uvo: ова не е добро....

Ова е Одличнооо:vozbud: Се молам да дојде во јуни се молам.
 
Капело е единствениот типац на кој не му замерувам што го напушти Јуве после Калчополи... ако ништо друго, не отиде во друг италијански тим!
 
време му е на Капело да ја напушти АВАНТУРАТА Англија чии играчи сосема различно играат за нивните клубови и за репрезентацијата....никој тренер не може да ги среди и мотивира кога станува збор репрезентација,додека за нивните клубови трчаат по 20км на натпревар :uvo: ова на Капело му е можност и си ја врати славата и популарноста која ја имаше пред да ги преземи англичаните
 
Андреа Ањели заедно со Недвед и Марота пристигнале во Виново,каде Јуве денеска продолжува со тренинзи после поразот од Лече. линк
време му е на Капело да ја напушти АВАНТУРАТА Англија чии играчи сосема различно играат за нивните клубови и за репрезентацијата....никој тренер не може да ги среди и мотивира кога станува збор репрезентација,додека за нивните клубови трчаат по 20км на натпревар ова на Капело му е можност и си ја врати славата и популарноста која ја имаше пред да ги преземи англичаните
Aко Јуве се одлучи да менува тренер тогаш треба Дел Нери да го заменат со тренер од рангот на Капело.Во ситуацијата во која се наоѓа Јуве, Капело е идеално решение,но реално многу мала е веројатноста дека Капело ќе дојде во Јувентус,но до лето многу работи можат да се сменат,и сепак тоа што Капело е голем пријател со Ањели може да го премисли искусниот стратег да ја прифати клупата на Јувентус.
 
Андреа Ањели заедно со Недвед и Марота пристигнале во Виново,каде Јуве денеска продолжува со тренинзи после поразот од Лече. линк
Aко Јуве се одлучи да менува тренер тогаш треба Дел Нери да го заменат со тренер од рангот на Капело.Во ситуацијата во која се наоѓа Јуве, Капело е идеално решение,но реално многу мала е веројатноста дека Капело ќе дојде во Јувентус,но до лето многу работи можат да се сменат,и сепак тоа што Капело е голем пријател со Ањели може да го премисли искусниот стратег да ја прифати клупата на Јувентус.
се сложувам со кико потполно
 
OГРОМНА ЧЕСТ И ЗАДОВОЛСТВО МИ Е ДА ВИ ГО ПРЕТСТАВАМ ПРВИОТ ПОРТАЛ ЗА НАВИВАЧИТЕ НА ЈУВЕНТУС ВО МАКЕДОНИЈА !!!

Се работи за WWW.JUVENTUSMK.COM

После долго време се решив да седнам и да се потрудам да биде реализиран овој план кој одамна го имавме!

Повелете!

п.с.
Ве молам слободно кажете ако имате некој предлог, критика и сл... :)
 
стави за коментари :) да се оставет или да форум направи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom