Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
f54a53d703124284338175e.jpg


:pipi:

И да, поздрав од Мело. :pos:

610x.jpg
 
Одличен натпревар,и што е најважно одлична победа во Дербито на Италија. Играчите изиграа на ниво,и ги заслужија сите пофалби за овој натпревар.

Буфон - И покрај долгата пауза поради операција,Џиџи сеуште е и ќе биде најдобриот голман во светот.
Соренсен - Иако неговата природна позиција не е десен бек,сепак добро се снајде покрај играч каков што е Ето.Упорен,и со помош на Барзаљи успешно го задржуваа Ето,и беше играчот кој му го намести голот на Матри.
Барзаљи - Многу беше критикуван Марота поради тоа што го ангажираше Барзаљи,но и против Каљари и против Интер докажува дека има квалитет и може да помогне да се подобри одбраната на Јуве.
Бонучи - После Матри, играч на натпреварот.Цврст,сигурен и уште еднаш го докажа потенцијалот кој го поседува.
Киелини - Играч кој секогаш го дава максимумот,на било која позиција да игра.
Красич - Не е во формата која ја изигра првата полусезона,но играчот игра 1 година без одмор.
Фелипе Мело - Одлично го покри Снајдер, што доволно говори податокот дека додека Мело го чуваше Снајдер, Снајдер немаше шут кон голот.
Аквилани - На овој натпревар Аквилани играше малку поназад од вообичаено, помагаше при одземање топки, а за организацијата повеќе беа задолжени Красич и Маркизио.
Маркизио - Со оглед дека Маркизио не беше целосно опоравен од повредата,изигра добро и беше заменет најверојатно поради тоа што немаше сили да игра цели 90 минути.
Лука Тони - Добар настап.Помагаше и во средината на теренот, а и неговото искуство е доста важно,посебно во дерби натпреварите.
Алесандро Матри - Играч на натпреварот. Гол, и неколку шанси. Играч кој е најзаслужен што Јуве победи.


Дел Нери - Одлично ја постави играта на теренот. Наместо Јакинта требаше да го стави Дел Пиеро,бидејќи Алекс ќе беше покорисен за тимот од Јакинта кој се враќа од повреда по подолга пауза.


Победата над Интер треба да се искористи максимално,и мора да се продолжи серијата победи.

Можда добро ја постави играта и тактички го надмудри Леонардо, му симнувам капа за тоа, ама дека прави аматерски работи прави, и си стојам на ставот дека не е за во Јуве. Неможе да избрзува така со измените, 30 минути игравме со играч помалку иако Матри со големи болки машки издржа докрај. Немаше потреба да влегува Јакинта, не сакам да му барам грешки сеа на Дел Нери бидејќи победивме али итекако ги имаше, да беше паметен уште на почеток на сезона ќе го играше Киело лев бек али ајде шта је ту је :wink:
 
Супер натпревар и посупер победа.:)
Нека си пукнат шитерашите сега.

П.С Сисоко кога влезе беше добар не го карајте.:)
 
Наместо Јакинта мислам дека требаше да го стави Дел Пиеро, легендата си остана на клупата овој дерби меч иако заслужи да влезе пред Јакинта. Но тоа е тоа, важно си победивме и се стишија комшиите од соседниот фан клуб :tv:
 
Дечки,ако го зачувате Матри ќе свршите голема работа :)
 
Наместо Јакинта мислам дека требаше да го стави Дел Пиеро, легендата си остана на клупата овој дерби меч иако заслужи да влезе пред Јакинта. Но тоа е тоа, важно си победивме и се стишија комшиите од соседниот фан клуб :tv:

Jas takvi komsii ne priznavam :)
 
Значи Марота ако не го откупи на крај Соренсен ќе го :pishtoldz:violent1:
 
Значи Марота ако не го откупи на крај Соренсен ќе го :pishtoldz:violent1:

Ке остане соренсен сигурно.За толку малку пари нема да прават проблем сигурен сум.Ама ке го убијам ако матри не го купи и ако го изгубиме пробувајки цената да му ја намалиме:nerv::nerv::nerv:
 
Кај се сега интерашиве што тврдеа дека се 3-4 класи над нас и дека Пацини е 2-3 класи над Матри? Точно се покажа класата, ама класата на нашиот ЈУВЕ. Им покажавме дека во Торино нема што да бараат. Да не се повторувам со другите за тактиките, играчите, мотивацијата, желбата за победа, едноставно коцките се склопија совршено. Ме изненади Дел Нери со таткичката подготвеност на играчите, само единствена грешка според мене му беше тоа што требаше наместо Јакинта да влезе Дел Пиеро, ем знае да задржи топка плус е во подобра кондиција.

Матататататри покажува дека има „нос“ за позиционирање и влегување во шанси, уште малку да ја подобри реализацијата и ќе биде топ. Едвај чекам да се опорави Фабио и да го гледаме тандемот Кваљарела-Матри напред :drk:

Она што е побитно, мора да се искористи добрата форма и високата самодоверба на играчите против Лече и Болоња. Ова се must win натпревари, така со 3 победи во серија да ги пречекаме Милан. Меѓутоа иако се релативно лесни противници никако НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОТЦЕНАТ.

П.С Влатче со мало закаснување среќен роденден, го доби поклонот што го сакаше:smir:
 
Според мене треба да се задржат Кваљарела, Матри, Пепе, Соренсен, Аквилани и евентуално Траоре (уште неможам да утврдам дали го бива или не). Ако ги задржат овие, на лето со уште 2-3 засилувања ќе бидеме тип топ.
 
Можда добро ја постави играта и тактички го надмудри Леонардо, му симнувам капа за тоа, ама дека прави аматерски работи прави, и си стојам на ставот дека не е за во Јуве. Неможе да избрзува така со измените, 30 минути игравме со играч помалку иако Матри со големи болки машки издржа докрај. Немаше потреба да влегува Јакинта, не сакам да му барам грешки сеа на Дел Нери бидејќи победивме али итекако ги имаше, да беше паметен уште на почеток на сезона ќе го играше Киело лев бек али ајде шта је ту је :wink:

Важно е попаметен од Леонардо скаутот и Алегри,доволно е:):) Со Интер имаме нерешена и победа,со Милан победа во гости со можност во Торино да ги плеснеме пак.:)
 
Важно е попаметен од Леонардо скаутот и Алегри,доволно е:):) Со Интер имаме нерешена и победа,со Милан победа во гости со можност во Торино да ги плеснеме пак.:)

Ги добиваме дерби дуелите а киксаме против слаби тимови, не сме толку слаби во играчки кадар (јесте да има неколкумина антиталенти) колку што нема мотив против малите тимови, за тоа треба Дел Нери да се погрижи да ги крене малце, само споредете ја играта од синоќа со играта на пример против Наполи, Рома. Па која екипа не би сакала среден ред со Красич,Аквилани, Мело и одбрана со Бонучи и Киело. Со оваа екипа да беше Капело или Липи ќе бевме минимум второ место :toe:
 
Матри,Аквилани Соренсен и Пепе мораат да ги откупат. Кваљарела доколку се врати и биде како што беше пред повредата исто така мора да се откупи но ако тешко му оди да се врати најарно ќе биде да го остаат да се врати од кај што дојде.
 
^ имаше на Скај коментар за Кваља. Демек Марота ќе понудел да плати 5мил за уште една позајмица, а тие 5 мил да бидат одземени од сумата за евентуален откуп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom