Со тоа што до сега сме на -5 од Милан не смееме да сме задоволни и затоа јас и делувам како песимист. Ќе повторам, Јуве има многу поголем капацитет од она што го најавува Дел Нери, дека целта ни е ЛШ (веројатно да се оправда себеси ако не успее да ја освои титулата). Прашањето кое сега се поставува е, до кога Јуве ќе има исти цели со екипи од рангот на
Лацио, Наполи, Сампдорија, Палермо итн. Милан, Интер и Рома не ги спомнувам затоа што сум убеден дека нивната цел не е ЛШ туку титулата. Поминаа 5 години од Калчополи и Јуве цело време има за цел пласман во ЛШ и дури лани не ја исполнија

. Се прашувам КОГА ќе си постават повисоки цели и ќе сватат дека се барем една класа посилни од болдираните клубови и не смеат да имаат иста цел со нив.
Се океј друже....Само треба да земеш во предвид некој ствари
Овој Јуве оваа сезона и јуве во последните 5 години се два различни света ,од темел се разликува,да не набројувам,доста мешаме Баба и Жаба...какви само идиоти ни го водеа клубот,какви демотивирани играчи имавме на терен..се гледа денес како игра овој Јуве,потсетува на старите добри времиња,резултати доаѓаат и ке продолжат на подобро,патем земи ги предвид изјавите на Недвед,Ањели,играчите,па дури и Моџи кој критикуваше до безкрај со старата управа, сите даваат позитивни оценки,и сите уверуваат и потврдуваат дека одиме во правилна насока.Па тоа е толку очигледно.
За тоа што ни се поставени целите на пласман во ЛШ ,мораме да бидеме реални малку,донесовме 12 нови играчи,од кој пола играат во прв состав,си кажа Андреа на почеток дека нема да биде лесно да се уигра составот за месец два,и да правиме дар-мар,никој не обеќаше такво нешто затоа што ке беше смешно...треба време,и лично тој кажа дека примарна цел ни е пласман во ЛШ,но не и дека ке се откажеме од скудетото туку така...И ке повторам дека сепак Дел Нери одлично си ја врши работата,и им го најде местото на сите во тимот,одлично ги вкомпонира новите играчи,покрај тоа мотивацијата е на високо ниво,какво што ни доликува.Благодарение на тренерот,ДА.Сигурно направил 2-3 грешки со измени,но не треба да бидеме слепи за се друго што направи..Фалат уште 2-3 играчи,тоа го знаеме сите,каде и какви играчи фалат.кога ке се донесат,ако немаме шампионски аспирации,тогаш ке те разберам да се жалиш од тренерот од управа,и јас ке сум со тебе.. но во моментот не....неблагодарно е,и нее фер...а да и велиш Интер и Рома имаат цел тутула а ние не? Па погледни ја табелата,каде се Рома и Интер каде сме ние, што им вредат ним поставените цели? Па да и ние имавме такви цели до лани,па добивме издрвен ... .