На почетокот го прашува за голот, вика дека го постигнал голот во деликатен момент во уткамицата и вика дека е среќен што го постигнал првиот гол на домашен терен пред своја публика... Го прашува што почувствувал кога видел дека топката влегува во гол - одговара дека е тешко да опише, и вика дека секој гол го доживува со силни емоции, а посебно првиот.
-Го прашува што мисли за изјавата на Дел Нери пред Јуве - Лече каде вика дека единствен сигурен што ќе настапи е Аквилни. Одговара дека не ја слушнал изјавата, а истотака додава дека најважни е оценката на тренерот после натпреварот. Како и да е бил задоволен што Дел Нери има доверба во него и тоа му значи многу, а ќе проба да ја оправда таа доверба на сите можни начини.
Прашува за неговите лични амбиции, што сака да освои? - Моментално Скудетото му е примарна цел, а подоцна и ЛШ.
-Дали помислил дека може некогаш да игра за Јуве. -"
Ако ме прашавте пред десет години ќе кажев не, ако ме прашавте пред една година - да!, Јувентус е еден од најголемите клубови во светот и кога една таква екипа те бара, тешко е да им кажеш не. Претставува голема чест да играш за Јувентус"
-Каква личност е Андреа Ањели - "
Tој е прекрасна личност, важен не само за Јувентус, туку и за целиот италијански фудбал. Го запознав кога дојдов во Торино, и имам впечаток дека е многу искрен човек со голема желба да направи големи работи со овој клуб."
-Красич од каде пристигна? - "
Од месечината! Многу е јак, импресиониран сум од него"
-Кој ти беше идол како помал? - "
Тоти, меѓутоа од оваа перспектива мислам дека еден од најјаките фудбалери во последниве 10 години е Зидан"
-Знаеш ли дека полека им влегуваш во срцето на навивачите и дека уште од првиот натпревар пееја песни за тебе? - "
Да, и тоа ми претставува големо задоволство!"
Еве на кратко