Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Диего изјави дека Џеко најверојатно ќе премине во Јувентус наредното лето:

He's one of the best strikers in the world.
I would be happy to play alongside Dzeko for long time, but I know Edin has an option to move to Juve in the summer.
And I think it will end in just this way.
„Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот.Би бил среќен да играм покрај Џеко долго време,но знам дека Един има опција да се пресели во Јувентус наредното лето.И мислам дека ќе заврши во тој правец„ ЛИНК

--- надополнето ---

Има многу протести поради тоа што една ѕвезда од 50 ѕвезди кои ќе се наоѓаат околу новиот стадион на Јувентус ќе му припадне на Бониек.Бониек играл 3 сезони во Јувентус,а во трите сезони за Јуве постигнал само 15 гола.
 
Како бе незнам Италиано, има некој расположен да ми преведи во кратки црти :raz:

На почетокот го прашува за голот, вика дека го постигнал голот во деликатен момент во уткамицата и вика дека е среќен што го постигнал првиот гол на домашен терен пред своја публика... Го прашува што почувствувал кога видел дека топката влегува во гол - одговара дека е тешко да опише, и вика дека секој гол го доживува со силни емоции, а посебно првиот.

-Го прашува што мисли за изјавата на Дел Нери пред Јуве - Лече каде вика дека единствен сигурен што ќе настапи е Аквилни. Одговара дека не ја слушнал изјавата, а истотака додава дека најважни е оценката на тренерот после натпреварот. Како и да е бил задоволен што Дел Нери има доверба во него и тоа му значи многу, а ќе проба да ја оправда таа доверба на сите можни начини.

Прашува за неговите лични амбиции, што сака да освои? - Моментално Скудетото му е примарна цел, а подоцна и ЛШ.

-Дали помислил дека може некогаш да игра за Јуве. -"Ако ме прашавте пред десет години ќе кажев не, ако ме прашавте пред една година - да!, Јувентус е еден од најголемите клубови во светот и кога една таква екипа те бара, тешко е да им кажеш не. Претставува голема чест да играш за Јувентус"

-Каква личност е Андреа Ањели - "Tој е прекрасна личност, важен не само за Јувентус, туку и за целиот италијански фудбал. Го запознав кога дојдов во Торино, и имам впечаток дека е многу искрен човек со голема желба да направи големи работи со овој клуб."

-Красич од каде пристигна? - "Од месечината! Многу е јак, импресиониран сум од него"

-Кој ти беше идол како помал? - "Тоти, меѓутоа од оваа перспектива мислам дека еден од најјаките фудбалери во последниве 10 години е Зидан"

-Знаеш ли дека полека им влегуваш во срцето на навивачите и дека уште од првиот натпревар пееја песни за тебе? - "Да, и тоа ми претставува големо задоволство!"

Еве на кратко :)
 
мала статистика од сериа а направена од јуве балкан кој сака нека ја провери линк тука ова е направено за изминативе 7 кола :)
 
Диего изјави дека Џеко најверојатно ќе премине во Јувентус наредното лето:

„Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот.Би бил среќен да играм покрај Џеко долго време,но знам дека Един има опција да се пресели во Јувентус наредното лето.И мислам дека ќе заврши во тој правец„ ЛИНК

--- надополнето ---

Има многу протести поради тоа што една ѕвезда од 50 ѕвезди кои ќе се наоѓаат околу новиот стадион на Јувентус ќе му припадне на Бониек.Бониек играл 3 сезони во Јувентус,а во трите сезони за Јуве постигнал само 15 гола.
Ваљда овие идивиди се го зеле од таму кај што си го прочитал :)
 
Aгентот на Џеко пак демантира, а за изјавата на Диего низ насмевка кажал "Не знам". Сигурен е дека во Јануари нема да оди никаде, а за Јуни "ќе видиме" :)

Mислам дека постои некој договор да се демантира секаква поврзаност на Џеко со Јуве до Јуни, кога од ведро небо ќе биде официјализирано.

Oфицијалниот сајт на новиот стадион кој има слоган - LO STADIO CHE CAMBIA IL CALCIO (стадионот што ќе го промени фудбалот)
 
Aгентот на Џеко пак демантира, а за изјавата на Диего низ насмевка кажал "Не знам". Сигурен е дека во Јануари нема да оди никаде, а за Јуни "ќе видиме" :)

Mислам дека постои некој договор да се демантира секаква поврзаност на Џеко со Јуве до Јуни, кога од ведро небо ќе биде официјализирано.
А и Марота минатата недела запрашан за неговиот сон да го ангажира Џеко летово во Јувентус изјави дека „сонот само се одложи“,а кога на тоа ќе се надоврзи тоа што долго време се шпекулира дека Сисоко во Јануари ќе направи трансфер во Волфсбург,а и ниската трансфер цена на Диего,покажуваат дека Марота сепак има накој договор во преговорите со Волфсбург за Џеко,а на Диего оваа му е веќе втора изјава во која јасно кажува дека Џеко ќе направи трансфер во Јувентус.
 
Абе дечки тоа на сајтот на новиот стадион виртуал стадиум ли како беше зш не работи?Кликнав и ништо не прикаќува.Го симнав плеерот и демек ке се пушти ама ништо пак...Целиот сајт функционира нормално или сеуште не се тие работи довршени?
 
кај мене е се во ред дан тие до интернетот проблем кај мене се отвара
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom