Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Со парите од Кеан ќе го капарисаме Турам (y)


Солидна замена според мене...not great, not terrible



Не чекај, дојди помогни ми со селењето.

Пиво и пршута колку сакаш :D

плус имам плаво крцкалче комшивче, фино е со странци. Јас женет сум знај :pos:

Брат, ако тоа твое комшивче како што го викаш, не е нафатирано позади како Леман, абе и да ме молиш не ти станувам од кревет... Сам ќе си се селиш :kafence:


Па, па, па, па...
 
Моизе Кеан за 13-15 милиони во Фиорентина... Сезонава што измина на 19 натпревари имаше точно 0 голови и 0 асистенци, така да и мастики Орбит да ни дадеа Фиорентина за него ќе го сметав за грабеш, а не пак 13 милиони евра.
 
- Баренчеа успешни медицински
- Илинг успешни медицински
- Луиз успешни медицински
- Останува уште една успешно да помине...на медицински :kafence:



Веа :facepalm::гомце: нека го продаваат овој со време...



Не знам зошто не тргнат по Бириндели од Монца, сезонава е стандарден првотимец, евтин е, башка ќе прибериме уште едно дете на легенда :D Верувам дека за година-две ќе тргнат и по него...
 
Ќукш...

Screenshot_20240630_173134_edit_2088454670886856.jpg


Иначе од она што читам, Киеза ради лошиов настап на ЕП, ќе нема да можат ни 40 милиони да му извадат... Јас не знам што толку се инати, нека потпише нов договор и ајт упм, со неговиов памет дојде на тоа дереџе еден Соуле да има поголема вредност од него на трансфер пазарот.

На Рабио денес му истекува договорот, авиридерчи и среќен му пат...
 
Ако Киеза вреди 40 милиони, тогаш Нико Вилијамс треба да вреди најмалку 400 милиони. Порано Моџи ваквите играчи ги договараше уште додека се тушираа после утакмица…
 
Штета... Одсега на Болоња ни Де Шиљо не би им го дал, проклетии.

Би им го дал ама за 80 милиони. На сите екипи во Италија би им ја поставил оваа цифра како најниска за било кој играч. Ако сакаат позајмица, 40 милиони со право на откуп после година дена за уште 40.
 
Штета, навистина штета за Калафиори... Да го имавме буџетот од пред 6-7 години кога фрлаа пари на Роналдо, Де Лигт, Игуаин сигурно ќе го донесевме, па колку сакаше нека се буни Болоња. Вака останува да крпат од продажба на играчи, и кратење на плати.

Како и да е, и со овие препреки мислам дека Џунтоли засега врши одлична работа... Луиз и Турам ги стокми, сега иде и по Копмајнерс, верувам дека ако оди се како што треба ќе се заврши ова за 2-3 недели, и ќе добиеме една многу многу многу солидна средина (y)




Знам дека овој играше во Емполи пред да појде во Арсенал...не сум го прател како игра, ама ако е 15 милиони, земај го.


Еве и проливов потврди дека тргнуваме по Коп. Бел бумбар (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom