За некој да дава 20+ гола во сезона, многу е битно и тимот како ќе се постави на терен... Последните три сезони под Алегри, Јувентус ги завршуваше со 50 и нешто голови во цела година. Оваа сезона на две кола пред крај (пред да го отпуштат Алегри) имаа дадено само 49 гола во лигата. Споредете ги оние сезони од 21/20 па надоле, ќе видите дека просекот им бил по 70-80 гола по сезона.
Киеза и Влаховиќ се квалитетни играчи, ама не се тие виновници што цела година беа отсечени во нападот...вина си имаат останатите играчи, и пред се тренерот со неговата 1:0 начин на игра.
Јас викам, избркај го Рабио од клубот, дел од неговата 7милионска плата дај му ја на Киеза, другиот дел можеш да му ја дадеш на некое друго засилување...пример Самарџиќ во Удинезе моментално зема 500.000 годишно, понуди му 2 милиони плата, татко му пешки на ушка ќе ти го донесе во клубот.