Јас незнам како некој може да има образ после се што се дешава да изјавува дека сме играле добро. Си играат мајтап со фановите. Спомна еден член, ова е најслаба партија што сме ја гледале на Јувентус а го пратам тимов од далечна 94 година. Интер просек али затоа ние сме многу многу испод просекот. Најтрагично од се е што делуваше како да си играат мајтап и играчите, никаква желба немаа, тоа отсликува каква е ситуацијата во тимов. Ајде вака, штопер го имаш најдобриот одбрандбен играч од ланската сезона во Италија (сезонава делува како аматер), го имаш Рабио (првотимец во Франција, втора на мундијалот), Влахович (делува како аматер, а споредуван со Халанд, каде и да отиде а ќе отиде ќе се истура со голови), Киеза (да го стават на трансфер листа Ливерпул, Баерн ќе го лапнат одма, нели дека скинал лигаменти па нечинел сега), Ди Марија (35 години имал, стар бил, а пред 2-3 месеци најзаслужен со Меси за светска титула, на моменти делува како аматер во Јувентус, сосема случајно), Филип Костич (маестрален прошлата сезона, со повремени блесоци оваа, лимитиран ради ''тренериштето"), Леандро Паредес (отпишан од причини кој само на ''тренериштето'' му се познати), Данило (првотимец во Бразил), Фаџиоли (сосема солиден дур да го издише со нон стоп играње, направи ненамерна грешка и стратегов го закова на клупа, чисто да му каже кој е кој. Од друга страна имаш форсирање на Де Шиљо (дефинитивно треба да се провери роднинската врска со стратегов, не гледам како овој може да игра во Цитадела а камоли во Јувентус), Мирети (од авион се гледа дека детето е просек и тоа и ќе остане, од кој причини е форсиран само во клубот знаат).Немој да се лажете дека Јувентус немал играчи па затоа бил вака слаб, може нема екипа за титула ама исто нема екипа за вакво брукање. Во Јувентус моментално најголем проблем е кондиционата спремност на играчите кој делуваат како да трчале маратон а не 90 минутна утакмица. Погледнете само како се движи Локатели па и Бремер кој беше тенк во Торино, да го претрчува Џеко.Фалат бекови и еден креативен играч за врска, и нормално друг тренер и тоа е тоа. Долг период ги бојкотирав, се решив да погледнам пак, барем дербињава, и се заебав. Го играш Костич без шпиц, го вадиш Костич пушташ шпиц, logic? Во Реал последна утакмица ќе му беше со Макаби и фијаското али овде човеков догура до крај на сезона. До некој подобри времиња се надевам со Алекс како директор и Зизу како тренер.