Ако е нешто добро во оваа мизерија сезонава, тогаш сигурно е фактот дека лигата е „изедначена“.
Барем по освоени поени. Првите 15 екипи се во опсег од 8 поени така да ко не го искористија хаосов на Јувентус сами си се криви.
6-8 поени не се за фрлање ама мислам дека до крај на декември има време да стопиме нешто од нив.
упс 11 ќе се ако тепа фиорентина со рома али поарно фиорентина на +11 отколку рома на +8
Инаку Дибала. Мислам дека добро влијаеше клупата на него. (пред да ме убиете да си кажам)
Од почеток многу ми наликуваше на Џовинко, често паѓаше и некако се губеше. Ако продолжеше во онаа бледотија на тимот да игра така само негативно ќе влијаеше на него. Сите притисоци за неуспесите ќе паднеа на него., и весниците ќе беа полни со наслови од типот фрлени 40м, и слично.
Последниве неколку меча и во тие 10-20 минути а и овај веќе се гледа дека има шо да пружи. Ќе се воздржам од прекумерно фалење ама нека продолжи вака и имаме играчиште. Можеби Алегри намерно го темпира да се покажи кога ќе има некаков ефект од него.