Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Да не го видев колку е добар Лемина на јутуб и да не мислев дека во него има потенцијал да ги пополни копачките на Видал,
ќе кажев дека Падоин требаше да биди во списокот пред него.

Сериозен сум, универзалка како Падоин сакаш да имаш секогаш на вакви лимитирани списоци.
Али јеби га летвата се крева па треба сите да се доволно квалитетни.

Поради универзалност сакам да е Падоин на списокот, али ајде место кој?[DOUBLEPOST=1441281413][/DOUBLEPOST]Интересен осврт на годинешното меркато на Јуве
http://www.blackwhitereadallover.co...fers-2015-dybala-alex-sandro-khedira-cuadrado

Извадоци

И најдобриот коментар за мечот со Рома

Точно дека Јуве можеа да земат нерешено и една одлична одбрана на Шчесни ги спречи, но ако така ги гледате работите колку одлични одбрани имаше Буфон, само на Џеко фати 2-3 убави шанси .. а на 2-1 и да си со девет играчи едноставно фрлаш се на една карта и напаѓаш како камиказа за да постигнеш израмнувачки гол, лесно можеше да биде и 3-1 .. и за крај, се сеќаваш на ланската утакмица кога со играч мање последните 10 мин ве набивме во голот? А тогаш Рома беше многу очајна, сепак тие 10мин можеше и да победиме, едноставно такви се тие ситуации кога со играч мање фрлаш се на една карта и ризикуваш ..

И да, не е оваа Рома во најдобра форма, во коментарот кога ќе го прочиташ ќе си речиш божем РОма врзала серија од 10 победи и е во страшна форма, ако се сеќавате и Рома претходното коло беше за никаде, плус и во Рома во првите 11-на има доста промени оваа година, целата навална линија ни се нови играчи кои заедно изиграа 3-4 натпревари до сега, плус лев бек играше прва постава кој беше дошол 4 дена пред Дербито и нов голман, значи од ланскиот состав 5 нови фудбалери во прва постава ..

Како и да е, Јуве не се во невоља, едноставно им се струпаа лоши работи во исто време, продадоа двајца средњаци, а новата замена(Кедира) се повреди, плус и Маркисио и дефинитивно тоа е најголемата причина ради лошите резултати со Рома и Удинезе, дефицитот на класа играчи во средина .. додека за трансферите греота е да збориш дека не се погодени, се гледа Дибала ќе биде топ напаѓач, потенцијал(Агуеро/Суарез), Переира ви се развива во класа на која ќе сметате во иднина, Сандро мали се шансите да биде промашај, ќе ора дечкото по левата страна .. за мене дилема е само Квадрадо, дали ќе му ја погодат позицијата и колку тој ќе одговори на истата, Кедира доколку биде здрав несомнено ќе се вклопи во тимот, Манџа исто проверена варијанта, 15+ голови не му бегаат оваа сезона .. и некој што тропа дека Јуве промашил трансфери, или дека неможат без Тевез, Пирло и Видал и дека нема да бидат доминантни оваа година, гадно се заебал и незнае ништо од фудбал .. Јуве далеку одскокнуваат од другите(и оваа година), само Рома доколку Руди максимално го искористи играчкиот потенцијал на неговиот состав може да му парира ... и можеби Интер доколку по некое чудо им тргне се на добро, како Рома првата година со Гарсија, ма да тешко тоа :)
 
Види го Марота колку играчи на позајмица пратил... 50, од кои 8 му се голмани :cuc:

juve2.jpg
 
^ Жив бил овај Габриел Апелт.:bravobe:
 
Хехе,
Точно деке споредбата најдобрата Рома е за една одбрана подобра од најлошиот Јувентус и тоа со 10 играчи е хипербола (али и тоа како добра слика на реалноста)
Али до некаде е и одраз на реалноста. Овај Јуве не е воопшто лош, овај Јуве е неуигран. На а овај Јуве му треба мала трансформација на формацијата и малку подмачкување.
Најбитното што го изгуби Јуве е тимската игра и инерцијата со која можеше на спиење да победи кој било во Серија А.

На сите дојденци некој ќе распали некој ќе го снема али сето тоа е нормално ако тимот функционира. Ако ме прашваш мене очекувам Лемина, Хернанес, Сандро, Ругани да бидат полн погодок, на Квадрадо типувам дека ќе биди пропала работа, Дибала е потенцијал за кој се надевам дека нема да биди жртва на транзицијата, а Манџо ми е гооолем прашалник. Знам дека Квадрадо беше мета веќе долго време али ајде ... времето ќе покажи како ќе се покажи.

Инаку проблемите на Јуве во првите 2 кола беа во средината. Сега Јуве има +2 средишњаци и +2 кои се враќаат од повреда +Асамоа???. Не очекувам дека ќе има ваква ситуација повторно. Сезоната е долга, а клупата на Јуве е најдолга. Треба некој да има ненормално многу среќа (читај Рома пред 2 сезони, или Јуве во првата сезона на Конте) за да успеј да напумпа многу поени и да му ја земи титулата на Јуве.
интер можеби има интересни имиња во тимот ама некако ми се некомпатибилни плус едвај да имаат 10мина првотимци. Бонус дури го имаат онај кловн за тренер можам да спијам мирно.
Фиорентина, Наполи и Милан ми се исто како швајцарско сирење па дури и заостануваат зад интер со составите ама тука се тренерите кои можат да направат разлика и да бидат подобри од интер.
Рома е најголема енигма дали ќе успее да се победи себе си сезонава. За да освои скудето на Рома и треба стабилност. Баш ме интересира дали ќе бидат способни да изиграат константна сезона или пак после ноември ќе тргнат низ брдо.
 
http://www.kurir.mk/sport/fudbal/21...-vo-kasino-pa-go-isfrlija-od-reprezentacijata
На време продаде Видал се знаеше дека по собракајката кога бил пиан пред некој месец во Чиле нема да биде последно .Вистинска работа во врска со Видал е неговата продажба .Според мене Јувентус е појак од мината година само треба да се угираат и ке биде супер .
 
Ти бе не си на одмор со девојка ти? :confused: ... или ја пушти со дечко ѝ да оди :D
Душо не биди љубоморен пак ќе ти се вратам :D
Од денес сум тотално на одмор :)
 
Незнам дали Јуве е појак или послаб без Видал, но едно е точно... ФАКТ е дека премногу лесно се ослободија од неговите услуги, за разлика од минатата година кога Манчестер нудеа огромна пара, и покрај сите притисоци го задржавме некако во тимот. Е сега незнам дали самиот Видал побарал трансфер, или пак Ањели едвај чекал да се отараси од него, ама важно ептен брзо се ослободивме од него, за 2-3 дена беше готова работата.

Времето ќе покаже дали беше правилен потег што го пуштивме во Баерн или не
 
Така ние си мислиме дека лесно се оттарасија.
Сигурно Андреа има нерви кинето со него ако навистина требало да интервенира по ноќни клубој онака како шо пишува.
Добро знајш дека не излегуваат сите преговори на површина.[DOUBLEPOST=1441370493][/DOUBLEPOST]
Многу си го сакам и поштовам човеков и се надевам дека ни тронка од ова е вистина.
http://www.101greatgoals.com/blog/a...nfit-to-train-after-night-at-casino-mercurio/

Човекот заслужува благодарност за се што има направено за Јуве (точка).
И како моја благодарност ќе се воздржам од оштри коментари кон него (се дури не пречекори толеранција).

Сепак кратко мислење:
Како и секој јужноамериканец неможиш да очекуваш стабилност од него.
Уште се чудам како се дефинираат како католици овие кога немаат м од морал.
Знајш дека бразилците се понашаат како пуштени од затвор кога ќе стапнат во европа (секоја чест на исклучоците).

За казина, пијанчење и слично ама ич не му замервам шо сака нека прај се дури не страдаат други.
Се надевам дека не го користи детето како изговор и се надевам дека се ќе испадни во ред со него.
 
Последно уредено:
Асамоа играл 20м вчера, Лемина бил на позицијата на Падоин :pos:и одиграл маестрално.
АлексСандро бил феноменален, Дибала 2 гола, 1 Мората. 4-3-1-2 сме играче Маркизио тренирал одделно, од среда тренира со тимот.
 
Па нели Асамоа барем уште месец дена немаше да види зелена трева? Навистина незнам што се случува со тој играч... од клубот едно викаат, а тој друго прави :')
 
Па нели Асамоа барем уште месец дена немаше да види зелена трева? Навистина незнам што се случува со тој играч... од клубот едно викаат, а тој друго прави :')
Неговата рехабилитација, и колку ќе трае отсуството е воена тајна. :) Сите шпекулираат, но никој ја нема точната информација.
 
Додека да се врати Кедира ги имаме следниве опции како што гледам. Алегри треба да заборави на 3-5-2 дефинитивно иако и онака не ми е јасно зошто во првите два меча ја користеше таа формација.

4-3-3 со Хернанес-Маркизио-Погба во средина, а Дибала-Мората-Квадрадо тројката во нападот.

Сепак мене повеќе ми се допаѓа 4-3-1-2 со Погба-Маркизио-Стураро во средина, Хернанес пред нив, а Дибала и Мората во нападот. Квадрадо не сум сигурен дека е за прв тим, но да видиме може пак ќе прикаже некоја добра игра.

Доколку пак не е спремен Маркизио да игра наредното коло и против Сити веднаш после тоа, тогаш мора Погба да се стави пред одбраната, со Стураро и Переира до него. Има доста опции за користење, но со оглед на бодовното салдо немаме време за експерименти. Од клучно значење ќе биде играта да ни добие некоја смисла, бидејќи во првите два меча играчите на теренот беа како првпат да стапнуваат на зелен терен. Не е само да победиме сега против Киево и против Сити да извадиме добар резултат, туку треба да се забележи напредок во играта целокупно на тимот и пред се треба да се види вистинскиот Погба на теренот, не оној нервозен и ноншалантен играч од првите две кола. Психички мислам дека беше притиснат, бидејќи едноставно беше оставен сам од целата минатогодишна средина, но го има квалитетот да се врати и да се разигра онака како што знае.

Има некоја поента во постот на Бум погоре бидејќи ги имаме ресурсите и покрај тоа што важни играчи си заминаа. Нема простор за калкулации, ниту пак за оправдувања.
 
Има гласини дека Лемина можи да игра на позицијата на Падоин :pos: a Маркизио ќе го чуват за со Сити. Лемина ги фасцинирал сите вчера на таа позиција.

Толку од мене се читаме за неколку дена.

Fino alla fine ;) :oeoeoe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom