DeviAngel
Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
На Дел Пиеро му е понудена тренерската позиција во Сиднеј ако го продолжи договорот 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во ред, не реков дека Лука Тони славеше претерано, само ми е онака чудно кога некој ќе постигне некој гол, го гледам некако од начин на почитување кон навивачите кои порано го славеле тој истиот играч кога ќе постигнел гол, но како и да е. Само Имобиле не знам како би се вратил (ако) во Јуве кога славеше како луд, се качуваше по тараби кога им даде гол на Јуве, кога играше за Џенова, а пола од неговиот договор го имаше токму Јуве.Не зезај, малку ми е безвезно то „правило“. Секој играч трча и се труди да дај гол. Кога ќе го постигни тоа што му била целта заслужва да се израдва. Ако не се радва ми е малку лицемерно. Добро не оправдувам претерано радвање како Адебајор ко замина да ги провоцира навивачите на Арсенал. Ова на Лука беше неговиот стандард и не беше нешто претерано така да не му замервам многу.
На Дел Пиеро му е понудена тренерската позиција во Сиднеј ако го продолжи договорот![]()
Киелини најверојатно околу 2 недели ќе паузира, сигурно ги пропушта Киево и Трабзон.
Во ред, не реков дека Лука Тони славеше претерано, само ми е онака чудно кога некој ќе постигне некој гол, го гледам некако од начин на почитување кон навивачите кои порано го славеле тој истиот играч кога ќе постигнел гол, но како и да е. Само Имобиле не знам како би се вратил (ако) во Јуве кога славеше како луд, се качуваше по тараби кога им даде гол на Јуве, кога играше за Џенова, а пола од неговиот договор го имаше токму Јуве.
Искрено, морам да признаам дека малце ми е криво што на Лука Тони не му го продолжија договорот. Мене ми е еден од најомилените напаѓачи, и мислам дека далеку покорисен ќе беше како резевра отколку Кваљарела. Чувство за гол има разработено до максимум, и уште еднаш покажа колку само малце му треба за да постигне гол.
Нормално дека е бизнис, но мислам дека на Ањели фамилијата Јувентус му е повеќе од бизнис така да сметам дека некои одлуки се носат и со срце не само со мозок и бизнис. Не велам дека Имобиле никогаш нема да заигра повеќе за Јувентус, но сметам дека после тоа радување како да освоил ЛШ, никогаш нема да биде нешто особено ценет од навивачите на Јуве и сл. Ретко кој играч на Јуве кога бил по позајмици се свиркал кога играл против Јуве во Торино, Имобиле и Џовинко се првите што ги знам и едниот веќе игра за Јуве додека другиот во градскиот ривал. Едно е сигурно, после оваа форма која што ја прикажа Имобиле оваа сезона треба добро да плати Јуве за да си го врати (освен, ако нема вметнато Марота некоја чкрљ клаузула). Еднаш се зафркнаа со миџетот, не верувам по втор пат.Демек мислите радувањето има некоја улога во тоа дали Марота ке го донесе или не.
Не се надевајте, ова е само бизнис т.е. за Марота и клучните луѓе е бизнис, за нас навивачите не е. Така и треба да остане.
Моментално имаме стварно солидна бројка на одлични напаѓачи на позајмици, и тешко е да се каже кој ке дојде(и дали воопшто некој ке дојде) од тие, а кој не. У некоја друга ситуација да дадеше Имобиле 20 гола у сезона, Марота ке го шитнеше зашо се радувал кога дал против Јуве гол, мхм.![]()
Единствено што замерив на Лука Тони е тоа што се радуваше на гол против своја поранешна екипа. Во принцип, тоа го сметам за погрешно, не зависно за кој играч и да се работи.
Пронајди го Огбона (за вториот гол на Верона)Зошто баш денеска, што толку направи?
Пронајди го Огбона (за вториот гол на Верона)
А приметив дека нешто не е во ред уште тука
Изигра неколку утакмици и се уште ме нема убедено дека е Јуве материјал. Сеа ќе наброите уште неколку играчи кои не се, ама овој особено ми е пикиран.