Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.341
- Поени од реакции
- 18.796
Никакво продавање на Пирло. Се уште е поседува премногу квалитет и големина за да се ослободиме од него. Плус тоа, наредно лето му истекува договорот и тогаш може да се размисли дали да му се продолжи уште една сезона или толку да биде. Но, сега никакво продавање. Не заборавајте дека овој Јуве е изграден околу него и колку-толку овој Јуве е таков благодарност на него. Пирло е играчот со најголем фудбалски квалитет во нашиот тим и не смее ниту да се помисли ова лето да ја заврши тој својата кариера во Јуве.
Погба јас веќе го сметам во првиот тим на Јуве. Одлично ќе биде да се доведе Коларов (или Зунига уште подобро), па на тој начин и Асамоа ќе игра повеќе во централна средина, неговата природна позиција. Без разлика на формацијата наредна сезона ќе ни требаат секогаш барем 3ца играчи од централна средина да играат. Со Пирло, Видал, Маркизио, Погба, Асамоа јас мислам дека имаме огромен квалитет на тие позиции. Покрај нив кога ќе го додадеме и Џакерини, јас мислам дека со формира одлична централна средина.
Десната страна (пак без разлика дали ќе е 3-5-2 или формација со 4ка во одбрана) е одлична со Лихштајнер и Касерес. Левата страна е онаа каде што ни треба играч и ако доведеме еден од Зунига и Коларов би било одлично. Централните дефанзивци сега се 4 заедно со Огбона и единствено што може е да воведеме некој младинец како 5ти. Повеќе таму не ни треба.
Нападот како што се гледа сигурни се само Тевез, Љоренте и Џовинко.
Јас сепак мислам дека не треба да се купува уште напаѓачи. Нека го остават Мирко и еден од Матри и Квалјарела. Овој вториот е поквалитетен фудбалски, ама Матри секогаш покажувал поголема желба и жртвуваност. Плус тоа ми стои дека е повеќе спремен да биде на клупа.
Се на се не ни треба уште многу. Играч на левата страна сигурно и некој додаток во одбрана или средина.