Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Честитки момци, и ја навивав за вас, не ги сакам енглезите...

И ако најдете добар хајлатс, со добар дел од шансите проследите
 
Бурак Илмаз го дал голот брат.

Ааааа ...
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 02:33 ---
Mногу мразам кога некој наш ќе постигне гол и слави, и позади него доаѓа Вучинич и го тепа по главата :icon_lol:
 
Мора да ја врати Вучинич ланската форма.Очигледно дека со него во тимот сме далеку поопасни и многу значи неговото присуство.
 
Ама сите заборајвте дека против Шахтјор се враќа кралот- мистер Антонио Конте :) ?
 
Конечно се смирив, од возбуда неможев да пишам цела вечер хаха!

Колку ме израдува оваа победа не сте свесни! Како само пожртвувано го изигравме овој натпревар, секоја чест за момците. Вака да продолжиме, и со истата игра да влеземе, е сега место Маркизио да игра Погба со Шахтјор и мислам дека имаме нерешено уште од старт, али ке видиме, прво играме со Милан, мораме и нив да ги испласкаме!

forza juve!
 
Сегде пишува дека Конте се враќа на 9 декември .. Против Шахтјор играме на 5 декември ... Тоа значи дека нема да биде на клупа против Шахтјор ?
 
Мора да ја врати Вучинич ланската форма.Очигледно дека со него во тимот сме далеку поопасни и многу значи неговото присуство.
Вучинич беше под знак прашалник дали воопшто ќе биде повикан за натпреваров со Челзи поради грип, и до последно не се знаеше дали ќе игра, но ете Конте/Алесио решија да го пуштат на терен. Вучинич е многу важен за Јуве, иако не постигнува многу голови, неговите додавања, креирање шанси, асистенции, и пред се тоа што секогаш навлекува двајца противнички играчи на себе значи многу за тимот (пример: за голот на Видал, Вучко на себе покрај Луиз го навлече и Иванович и му се отвори позиција на Асамоа да направи влез, при шансата на Лихт итн).
 
Moже некој да каже Видал колку вкупно голови има оваа сезона ( сериа а и лш) и колку асистенции ?
 
Moже некој да каже Видал колку вкупно голови има оваа сезона ( сериа а и лш) и колку асистенции ?
8 голови-5 Сериа А,3 Лига на Шампиони : 4 асистенции-2 Сериа А,2 Лига на Шампиони
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom