Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
не го гледав денешниот натпревар,меѓутоа резултатот кажува многу-3 гола да примиш од просечна екипа не ќе да се резултат на слаб ден,тимот е нов,меѓутоа баш со вакви екипи треба да се истакне потенцијалот.....потенцирав и пак ќе кажам-подобро е Дел Нери да ги отвори очите за следните натпревари,а не упорно да форсира играчи кои не ги бидува(Мота-Де Чеље),што се случува со Салихамиџич и Гросо,во ваков случај ќе биде добро да се помилуваат.....барем за Брацо сум сигурен дека подобро би изиграл од горенаведените
 
Мота не изигра цел натпревар на ниво доби многу удари затоа него даде максимумот
 
Giovinco ------- Amauri

Diego

Sissoko ----- Melo ------- Camoranessi

Grygera - Cannavaro - Chielini - Grosso

Bufon[
/CENTER]
овај состав на јуве од лани кој ја победи на самп 5 1 играше 1 2 сезони заедно и се познаваа добро едно друго гледам плукате по андреа и марота и сами знаете дека им требело 1 2 3 год да направат тим кој е добар за натпреварување не само за инат да зборвите јас искрено од овај јуве очекувам 2 3 место не и во лига европа далеку да стигниме епа од вгодина да ги видиме вистинските квалитети од тој лани составот само 2 ца играа со самп земетего и тоа факт ...еве подолу тимов кој денес настапи и тој погоре значи џио амаури сиссоко камора зденката канаваро киелини гросо буфон се знаеја 1 2 сезни кој од репрезентација кој од предходните сезони а додека пак овај денешниов каде што ссамо неколку души се познаваат и тоа од репрезентација само 3 ца имет играно неколку сезони тоа е фактот дека имавме добра игра јас ум задоволен од играта прикажана денес... каде што најслаби алки беа мота и де чеље

Storari

Мotta - Bonuci - Chielo - De ceglie

Pepe - Melo - Marchisio - Krasic

Del piero - Quagliarella​
 
Далеку подобро играме во оваа формација.Мора да продолжат напорно да работат и ке дојдат резултатите.Лани добро почнавме па видовте како завршија работите.Почекајте ништо не значи ова...само почеток е...
 
Добро се согласувам дека е почеток но ако така цело време си викаме ќе си помине почетокото и конкурентите ќе ни избегаат и после пак 5-6 место...за среќа сеа за сеа нема некој озбилен тим што ни бега освен Киево хаха
 
Во Дел Нери го добивме Раниери втор дел. Уште не почната сезоната тој се јавува со ваков бисер и со други зборови на нас навивачите ни вика, Што ќе гледате за џабе, и онака ќе се бориме за 5-7 место.
И пред почетокот на сезоната Киелини имаше слична изјава со оваа на Дел Нери.Киелини изјави дека Јуве се реконструира и дека оваа година Интер и Милан се поквалитетни во конкуренција за Скудетото.

Изјавите не се важни толку,колку што е важна играта која ја прикажува тимот и желбата на тимот да се врати на старите патеки по ланската катастрофална сезона,а во два натпревари не може да се даде прецизна оценка како ќе се одвива цела сезона.Има уште 36 натпревари до крајот на сезоната.Одличен пример е минатата сезона во првите 3 кола Блан,Секо и Ферара изјавуваа дека ќе се борат за титула,а крајот е добро познат.
 
Каков шупак е овој Дел Нери, значи не ми се верува. Како може таква изјава да даде уште не ми е јасно...
 
Добро може некој да ми каже што се случува со Гросо? сигурен сум дека колку и да е дрво подобро ќе изигра од Де Чеље 100 пати...
 
Добро може некој да ми каже што се случува со Гросо? сигурен сум дека колку и да е дрво подобро ќе изигра од Де Чеље 100 пати...
Гросо заедно со Сали беа преместени во вториот тим на Јуве, после тоа незнам што се случи, ама мислам дека сеуште е тука. А кога сме кај бековите мислам дека голема грешка беше и продавањето на Зебина.
 
И пред почетокот на сезоната Киелини имаше слична изјава со оваа на Дел Нери.Киелини изјави дека Јуве се реконструира и дека оваа година Интер и Милан се поквалитетни во конкуренција за Скудетото.

Изјавите не се важни толку,колку што е важна играта која ја прикажува тимот и желбата на тимот да се врати на старите патеки по ланската катастрофална сезона,а во два натпревари не може да се даде прецизна оценка како ќе се одвива цела сезона.Има уште 36 натпревари до крајот на сезоната.Одличен пример е минатата сезона во првите 3 кола Блан,Секо и Ферара изјавуваа дека ќе се борат за титула,а крајот е добро познат.
Мене лично, ваков тип на изјави ме вадат од кожа. Како може тренер на Јувентус да каже такво нешто и жив да остане? Да бев навивач на Џенова или Удинезе и да беше кажано нешто вакво од страна на тренерот, ќе се помирев со тоа дека толку е капацитетот на тимот ама како навивач на Јуве не можам да се помирам со ваква глупост.
 
*реално шампионските барања се далеку од можностите на овој тим со оставањето на две големи дупки во тимот-лев бек и елитен центарфор И ТО КАКО ПОТРЕБЕН за оваа формација.....Дел Нери ниту има капацитет во тимот,ниту самиот во себе да превземи голем дострел,па едноставно си признава човекот,само подобро би било да ги види слабостите во тимот кои сите ги гледаме и се сложуваме со тоа

--- надополнето ---

и покрај одличната партија,Красич не бил задоволен од стореното од него......играч кој целосно ќе ја оправда довербата и за брзо ќе стане омилен играч кај фановите-Милан Красич !!!
 
Гросо заедно со Сали беа преместени во вториот тим на Јуве, после тоа незнам што се случи, ама мислам дека сеуште е тука. А кога сме кај бековите мислам дека голема грешка беше и продавањето на Зебина.

Брацо 100% го вратија во прв тим за Гросо не сум сигурен.

А јас изјавата на Дел Нери ја оправдувам, барем не не мамат со титули и не ни замачкуваат очи како лани, додека ја кажуваат вистината е добро. Барем на крај нема да бидеме разочарани и нема да пцуеме по сите што ветиле титули и трофеи. Тимот е млад и му треба време. :smir:
 
Тимот се уигрува на пријателски и контроли натпревари,на купови од типот на Берлускони купот,Тим купот и слични. Не се уигрува во тек на сезоната кога сите тимови гледаат да зберат бодови за што повисок пласман,а не да го уиграат тимот.Ама нашата управа многу доцна ангажираше некои од играчите па така да останува да се уиграат низ текот на сезоната и не очекувамнекое големо достигнување сезонава пошто дома од вакви екипи несмееме да губиме бодови. Се надевам ќе се уиграт брзо и ќе изненадат и ќе ми сменат мислењето. Саа за саа мислам оти тешко оти ќе напрааме некој значаен успех таа сезона
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom