Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
По се изгледа пристигна и 4-тиот стопер

Mи доаѓа да употребам едно вакво! :)
Сега стигнавме да го собираме ѓубрето од Интер (за 8 милиони :nesum:)...

shoot-yourself-gun_tfxnt_6648.jpg

Него ај да не какаме многу по новава управа, да видиме прво какви резултати ќе донесат нивниве одлуки па после. Сепак би требало да се поголеми фудбалски стручњаци од сите нас тука. :)

@KikoMC
Брат, може Диего не ја изигра последнава сезона на највисоко ниво, но неговиот потенцијал треба сега да исплива на површина после тој период на адаптација. Имало многу примери во Италија кога новите играчи првата сезона во ова првенство ја изиграле просечно - за втората да експлодираат. Во врска со тоа дека се договорил со Волфсбург, треба прво Јувентус да му даде дозвола за да може да преговара. Сигурно му рекле можно е да те шиткаме оди договори си се.
Ако клубот не го сака нема што да изјавува колку сака да остане. Сигурно му е кажано дека наредната сезона, Јувентус не рачуна на неговите услуги. Во тој случај ни јас не би рекол јавно дека сакам да останам. Неговите игри во подготвителниов период би требало да бидат доволно јасен сигнал дека сака да остане...
(моја логика) :helou:

Додека не се пензионира Капитенот таа позиција му е резервирана на него. Џовинко го изеде поради тоа, Миколи исто, а еве сега и Диего.
Не ме напаѓајте не го кажувам ова во негативна конотација, само што влијанието на Пинту во Јуве е преголемо за да може некој тренер да го држи на клупа и да го игра од замена.
 
Пјерпаоло Марино, кој е сметан за еден од најдобритеспортски директори во италија, дал изјава според која Ди Натале останува во Удинезе, а во следните 48 часа Јувентус ќе комплетирал трансфер на играч од Шпанија. Според мене, станува збор за Капдевиља од Виљареал.

Иначе евентуалниот трансфер на Бурдисо е голема грешка, се фрлаат пари непотребно. Се купуваат играчи на позиции кои се веќе пополнети, на место да купиме лев бек со тие пари, ние купуваме централен дефанзивец, а веќе имаме стабилни тројца ....
 
Или Kапдевиља или ВДВ.

Инаку ако бе малку конкуренција на другар ти Ник нема да биде на одмет :pos:

Ама не конкуренција од типот на Бурдис.:nesum:
 
Според мене Диего е веќе продаден и само се чека последниот ден од трансфер периодот или поточно додека не се најде неговата замена во Јуве.Вчера тоа што се истрчаа и го "доведоа" Ди Натале на некој начин го навести заминувањето затоа што тоа се чека, потпишува напаѓач за нас и Диего ни вели addio.Поточно нашата управа испрати понуда која не веруваа дека Удинезе ќе ја одбие но на Раи2 убаво ја дадоа изјавата дека Ди Натале не оди ниту во Фиорентина ниту во Јувентус(пред навивачите на Удине).Сега ќе чекаме нови шпекулации околу тоа кој ќе го земеме и на 31 чекајте да ни кажат дека Диего не е веќе наш играч.

Искрено многу ми е жал ми беше еден од омилените и знам дека е грешка неговото заминување кое ќе биде слично на тоа на Анри, сепак мора да го прифатиме фактот што по се изгледа не се уклопува во нашата формација.Се надевам дека ова заминување ќе биде оправдано со некоја титула, доколку не мамето...............на управата.Има време за ова до мај.

Доколку некој ме читаше поназат една недела имав напишано дека 100% заминува Диего. :wink: сепак постои 0.0001% дека нема да се оствари ова ама логиката не води кон тоа.
Forza JUVENTUS.
 
Или Kапдевиља или ВДВ.
100% е Капдевиља.Неговиот агент денеска потврди дека Јувентус се заинтересирани за играчот и дека се воспоставени контакти со Јувентус.Јуве веќе има 4 крила (Красич,Пепе,Ланзафаме и Мартинез)и не верувам дека ќе тргнат по ВДВ,знаејќи дека сигурно ќе го чини Јуве повеќе од 8 милиони.
 
Пјерпаоло Марино, кој е сметан за еден од најдобритеспортски директори во италија, дал изјава според која Ди Натале останува во Удинезе, а во следните 48 часа Јувентус ќе комплетирал трансфер на играч од Шпанија. Според мене, станува збор за Капдевиља од Виљареал.

Иначе евентуалниот трансфер на Бурдисо е голема грешка, се фрлаат пари непотребно. Се купуваат играчи на позиции кои се веќе пополнети, на место да купиме лев бек со тие пари, ние купуваме централен дефанзивец, а веќе имаме стабилни тројца ....

Веќе имаме три дефанзивци,цела сезона со три дефанзивци ли ќе играме?само немој Бурдисо или пак ако веќе доаѓа гадниот се молам само Киелини или Бонучи да не се повредат да не го гледам на терен ,дури и Легротаље ќе има пред предност пред него:)

А Капдевиља е одлично решение ,јес да е стар,32 год. има али е светски првак и е во прв тим на Шпанија,искусен е што добро ќе се искомбинира,освен Легро другите се во најдобрите години,добро и Григера,како можев да го заборавам феноменов.
 
Или Kапдевиља или ВДВ.

Инаку ако бе малку конкуренција на другар ти Ник нема да биде на одмет :pos:

Ама не конкуренција во стилот на Бурдис.:nesum:

За Ник барем не плативме 8 милиони евра, и башка за резерва е топ, а за овој плаќаме 8 мил евра за да седи на клупа.

Иначе ВДВ е најлошото можно решение за замена за Диего. Човек кој неможе да игра крило туку само полушпиц. Доколку го направат овој трансфер, тогаш навистина неможам да ја сватам логиката на Марота, да го продаде Диего кој и тридупло подобар од ВДВ за да донесе играч кој игра на иста позиција како бразилецот
 
100% е Капдевиља.Неговиот агент денеска потврди дека Јувентус се заинтересирани за играчот и дека се воспоставени контакти со Јувентус.Јуве веќе има 4 крила (Красич,Пепе,Ланзафаме и Мартинез)и не верувам дека ќе тргнат по ВДВ,знаејќи дека сигурно ќе го чини Јуве повеќе од 8 милиони.

Во тој случај супер, дечкото даде добри партии светсково првенство. Има некое инфо за цената? (на колку рати :pos:)
 
Во тој случај супер, дечкото даде добри партии светсково првенство. Има некое инфо за цената? (на колку рати :pos:)

:pos2: :pos2: 3 рати стандард,и Аквилани на 3 рати ќе го лапнеме:pos2:
 
Овој Марота арно на пишанка не ги зема да го е**м :pos2:
 
за Бурдисо како што читав, се чека на него да одлучи дали сака да оди во Јуве...белки ќе одбие мамето негово грдо...нека си седи таму во Рома, или најдобро, во Манчестер нека оди, за таму е измислен :tv:
 
еве малце да се тргниме од оваа дискусија за диего и неговото евентуално заминување еве прекари на некој од играчите на јуве
Јакинта- Vincenzone, Дел Пиеро- Pinturicchio, Godot Трезеге- Trezegol, David le roi, Cobra Љегротаље-Il Duca biondo, Infradito Буфон- Superman Киелини - Brichiel, Chiello Григера - SoldatoКаморанези - Albiazzurro, El Gaucho, Il Mago di Tandil, El Tractor Зебина - Gazzella, Svirgolone Сисоко - Momo хахах толку начекав ако начека некој нека пиши
 
Како е можно да се продаде Диего кој моментално е најголема ѕвезда во Јуве?Зарем 4-2-3-1 не му одговара ебати стручњаците.Според мене вака би требало да играме годинава.
Буфон
Мота Бонучи Келини Капдевиља
Мело Сисоко
Красич ДИЕГО Пепе
Амаури
Во ваква формација сите би дошле до израз + на секоја позиција ке имаме по двајца или тројца за измена и незнам шо е проблемот.Да дојдат Бурдисо за замена и Капдевиља и ке биде комплетиран тимот или можеби некој шпиц би завршил работа.
 
Чим Ди Натале не иде, ни Диего не си оди. Првичната замосла на Марота беше размена Диего-Џеко. Кога тоа не успеа рекоа дека Диего ќе остане. Волфсбург најверојатно ја зголемил понудата и нашиве решиле да го дадат, но се зезнаа бидејќи мислеа дека Удинезе и Ди Натале сигурно ќе ја прифатат понудата, но играчот 2-3 пати јасно кажа дека останува во Удинезе. Значи Ди Натале отпаѓа, Пацини такоџе исто како и Безнема (Мур кажа дека му требаат напаѓачи). По мојава логика Диего би требало да остане.

Капдевиља, солиден играч, добро го изигра СП и итекако добро би ни дошол на левата бековска позиција. Во секој случај би бил подобар од Де Чеље, а за Гросо не ни правам муабет. Бурдисо :smir: Знам дека кога беше во Интер беше наш 12 играч, но шала настрана ланската сезона во Рома ја изигра фантастично, а не беше лош ни за Аргентина. Е сега проблем би била сумата од 8 милиони како и за тоа дали би се нафатил да биде 4 опција. Доколку го доведат за мали пари ( или на пишанка :pos2:) јас сум за.
 
Премногу чад се крена за Диего ... незнам зошто ама јас сум убеден дека ќе остане барем уште оваа сезона.Мислам дека сеуште има што да покаже во Јуве :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom