Јуве неможе сосила да го продаде Диего.Изминативе 2-3 месеци постојано се шпекулира за иднината на Диего во Јувентус,а играчот даде само една единствена изјава за својот официјален вебсајт,дека годинава ќе ја докажел својата вредност,само што не изјави во кој клуб сака да ја докаже.Не ги демантираше гласините дека неговиот агент договорил со Волфсбург плата од 7 милиони евра што воопшто не е наивна сума,не беше категоричен дека сака да остани во Јувентус,пример како што го направи тоа Киелини кога го поврзуваа со Реал,како што го направи Буфон со Манчестер Сити итн.Диего беше резервиран кон целата ситуација.
Ди Натале веќе втор ден се поврзува со Јувентус,а играчот дава веќе трета изјава како сака да се пензионира во Удинезе.Кога можел Ди Натале да даде 3 изјави со кои покажува лојалност кон клубот за 20 часа,Диего можеше да даде барем една во 3 месеци.