Да, сакавме промена ама на Мело, Канаваро, Легротаље, Григера, Гросо, Де Чеље... и ред други дебили кои не заслужуваат да играат ни во Примавера тимот на Јувентус. Кој бараше промена на она што колку толку вредеше во тимот изминатата сезона? Кај се фатија да менуваат токму преку Диего?
Можеби Диего беше најмалку виновен што Јуве беше катастрофален изминатата сезона,но дел од таа кривица му припаѓа и нему.Никој друг не е крив поради фактот што Диего не даде ниту еден гол од слободен удар (еден од неговите најсилни оружја во Вердер),корнерите исто така ги изведуваше доста слабо,и реално не беше истиот Диего од Вердер. Диего беше еден од подобрите играчи во Јувентус минатата сезона,играч што покажуваше желба за игра,но реално не беше на нивото од Вердер,независно што цел тим не играше како што треба.Голем играч е оној играч кој знае да реши натпревар по сопствена иницијатива, голем играч е оној играч кој со еден свој потег може да донесе победа и покрај слабата игра на својот тим.
И Снајдер на ТИМ купот, зад себе го имаше Камбиасо (класичен дефанзивен играч),Мунтари (класичен дефанзивен играч) и Обина (играч од младинската школа),па тоа не го спречи да му даде на Јуве гол од 30 метри,и многу пати минатата сезона Снајдер имаше зад себе ред деструктивци,па решавал натпревари.
Ако Марота и Ањели сметаат дека продажбата на Диего му одговара на Јувентус,тогаш веројатно имаат причина поради што го продаваат.Од Јуве си заминале играчи како Зидан и Баџо, играчи кои се класи подобри од Диего,па Јуве продолжил да постои и да освојува.
А постоеа доста шпекулации пред 2 недели дека Диего веќе е договорен со Волфсбург за
7 милиони годишно.Диего не го демантираше тоа. Веќе 1 месец и повеќе се шпекулира низ медиумите за неговиот трансфер,Дел Нери изјави дека Диего останува,Марота изјави дека Диего најверојатно останува,а ниту еднаш Диего не излезе со изјава дека не сака да го напушти Јувентус (освен на почетокот на летото,кога и немаше некоја конкретна понуда за него).