Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Киело ако си оди ќе бидаме швајцарско сирење. :) :) Единствената светла точка од одбраната минатата сезона ако си оди ќе биде тежок удар.
 
Подобро Џеко некој што сака да игра за Јуве а Киелини не смее да се продаде го знаеме сите тоа а се надевам и нашата управа
 
Ако биде продаден Киелини, после тоа ако сакаат нека го донесат и Господ во тимот, јас ќе сметам дека управата лошо го одработила овој преоден рок. Едноставно не смее да се дозволи Киелини да биде продаден по било која цена помала од 200 мил. За него не се доволнио ни 200 милиони евра а не смешниве суми од 20-30 милиони. Па еден смрден Палермо, за еден уште посмрден Пасторе ни бараше 40-50 милиони. Киелини вреди барем 4-5 пати повеќе од смрдежов, така да почетна сума за негова продажба, според мене, треба да е 200 мил. и потоа да се ценкаме за повеќе. Единствено со некоја ваква сума би можел да ја оправдам неговата продажба, цена со која би можеле да купиме 5-10 добри играчи и да го покриеме неговото отсуство, затоа што неговите игри сезонава вредеа за 10 играчи.
 
Мислам дека со Красич е готова работата, а ако испадне да го земеме и Џеко, полна капа:smir:

За Келини искрено не верувам дека ќе замине од Јуве. Сигурен сум дека ќе добие нов-побогат договор и сега овие шпекулации можно е да се од неговиот агент со цел да врши притисок врз управата да се среди тој договор. Тоа е само моја теорија. Мислам дека и Ањели изјави дека Дел Пиеро, Буфон, Келини и Маркизио не одат никаде, повеќе му верувам него отколку на весниците. И да, ако веќе се решат да го продадат или тој сака да замине се што е под 100 милиони е малку. Кога може за Роналдо кој прави чуда во нападот да се дадат толку пари, тогаш може и за Келини кој прави чуда во одбраната.
 
http://www.tuttojuve.com/?action=read&idnotizia=22290

Јуве е заинтересиран за Мартинез од КАтанија,поточно Дел Нери го сакал во тим,игра лево крило,не знам кој е овој али за резерва нека седи,а во Катанија ќе иде Паолучи.

За Красич се заинтересираа и Манчестер,Фергусон го сакал у тим али касно му текна:)
 
ajde sega i subotic i riberi so ubavo a od druga strana se zboruva za celini i real madrid abe neli zimame veke nekoj
barseona barase si gi zema villa i fabregas e do paris stignat a nie so samo via ni i na krajot numu da bideme so takvoata vo racite
daj vise neka dojde nekoj
 
Како е Јувенташи?
Јас од поодамна немам напишано на форумов си реков додека не поминат овие шпекулациите за трансфери не пишам ама не ме држе кожа :)
Пишав негде на полусезоната (ме мрзе да си го барам постот) дека ако не земат крила на крајот ЛЕ ако се пласираме ќе бие добро, исто стојам на тој став и за ова лето шо сакат нека зимат ама без салам крила тим не бидува, и најголемо дрво да имаме у напад кога ќе има кој да му црта топки че дава голови и тоа како.
Поздрав багро Forza JUVE :salut:
п.с. Абе каде е Тимче не сум у тек а гледам доста време го нема?
 
Агентот на Киелини изјави дека се што знае сега е тоа дека во тек се разговорите Киелини да го продолжи договорот со Јувентус,и со тоа индиректно кажува која е намерата на Џорџо а тоа е останување во Јувентус. линк

Според Sky Sport 24 Бепе Марота утре сабајле тргнува за Шпанија и ќе има средба со претставниците на Атлетико Мадрид за Тиаго, а попладне оди во Германија. линк

Во Шпанија покрај за Тиаго, Марота веројатно ќе се информира за тоа под кои услови Атлетико Мадрид ќе сака да го продаде Кун Агуеро, а примарна цел за патувањето во Германија според најавите веројатно ќе биде Един Џеко.

--- надополнето ---

Поранешниот играч на Јувентус и агент на Мартин Касерес, Даниел Фонсека изјави дека цената на Касерес е 11 милиони, но има простор за преговори, и дека наредните денови ќе има средба со челниците на Јувентус за да дознае какви планови имаат за неговиот играч.

Јас мислам дека треба да се обидат да ја спуштат цената максимум на 8милиони и да го ангажираат Мартин Касерес, ваков играч му е потребен на Јувентус.Може да игра насекаде во одбраната, лев и десен бек и мислам дека Јуве би имале корист од него.
 
^ Јас како што прочитав, челниците на Атлетико изјавиле дека Кун и Форлан не се на продажба по никоја цена.
 
Агентот на Киелини изјави дека се што знае сега е тоа дека во тек се разговорите Киелини да го продолжи договорот со Јувентус,и со тоа индиректно кажува која е намерата на Џорџо а тоа е останување во Јувентус. линк

Според Sky Sport 24 Бепе Марота утре сабајле тргнува за Шпанија и ќе има средба со претставниците на Атлетико Мадрид за Тиаго, а попладне оди во Германија. линк

Во Шпанија покрај за Тиаго, Марота веројатно ќе се информира за тоа под кои услови Атлетико Мадрид ќе сака да го продаде Кун Агуеро, а примарна цел за патувањето во Германија според најавите веројатно ќе биде Един Џеко.

Ја мислам да го земеме Џеко како што го земавме Диего,да им дадеме 25 милиони и ќе им исплатиме на рати,Џеко не е ништо подобар од Диего,Диего во Вердер праеше чуда ,во Италија не се снајде а и во тешка ситуација се најде,затоа сметам дека не треба да се фрлаат толку пари на Џеко.
 
Ја мислам да го земеме Џеко како што го земавме Диего,да им дадеме 25 милиони и ќе им исплатиме на рати,Џеко не е ништо подобар од Диего,Диего во Вердер праеше чуда ,во Италија не се снајде а и во тешка ситуација се најде,затоа сметам дека не треба да се фрлаат толку пари на Џеко.
Мислам дека Волфсбург нема шанси да го продадат Џеко за помалку од 30 милиони евра.
 
11 милиони за Касерес, ауу не иде у предвид, јас би идел на варијанта van der Wiel ако треба нека се даде и некое милионче плус.
 
Првпат го гледам овој Бонучи моментално на пријателскава со Мексико, и типчево дефинитивно не е за во Јуве. Една добро изиграна сезона не значи дека одма треба да се фрлат пари.

Липи тотално ја утнал формацијава. Игра со двајца чекачи како Јакинта и Џила, а во средината нема кој да повлече. Како од Ферара да учел. За Италијанциве четфртфинале ќе биде премија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom