Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо нема да направиме и со Дел Нери, песимистички ама тоа е.А незнам зошто повеќето инсистирате за земање на напад кога одбрана воопшто и немаме а пак крила ич.
 
Некаде на нетов налетав на информација (мислам дека беше од јувебалкан) дека од утре Јуве се одјавува од берзата, бидејќи е А.Д и ќе може официјално да каже со кои играчи веќе се има договорено. Исто така мислам дека од утре почнува и официјално преодниот рок. На големо се шпекулира дека веќе се договорени потписите на Бонучи и Красич и дека се ќе биде официјализирано до петок. Ако е така тогаш едно големо :bravo: за работата на Марота.

Мислам дека за денес попладне беше закажан состанок на спортскиот директор на Атлетико со Марота во Торино. Дали некој има информации дали тој состанок воопшто се одржал и како поминал?
 
гледам има доста загреани за Пацини......Амаури имаше далеку подобри партии од Пацо во Сампдорија,па се виде како заврши во Јуве,туку нека дадат некоја банка само да не го гледам повеќе,едно од поголемите разочарувања последно време
Красич-десно,а изгледа ќе се штеди летово за лево крило-најверојатно Џио ќе биде предвиден за таа позиција ако не се лажам,меѓутоа останува да видиме......по напуштањето на клубот од Канаваро најдобро е и Гросо да го земи со него,а доколку и Семкарот го земи со него Јуве ќе се отараси од доста ѓубре,меѓутоа Семкарот заслужувал уште една шанса,жими.......
 
гледам има доста загреани за Пацини......Амаури имаше далеку подобри партии од Пацо во Сампдорија,па се виде како заврши во Јуве,туку нека дадат некоја банка само да не го гледам повеќе,едно од поголемите разочарувања последно време
Красич-десно,а изгледа ќе се штеди летово за лево крило-најверојатно Џио ќе биде предвиден за таа позиција ако не се лажам,меѓутоа останува да видиме......по напуштањето на клубот од Канаваро најдобро е и Гросо да го земи со него,а доколку и Семкарот го земи со него Јуве ќе се отараси од доста ѓубре,меѓутоа Семкарот заслужувал уште една шанса,жими.......

Па таа варијанта со Џио лево е една од поинтересните. Дефинитивно заслужува да игра првотимски фудбал, а најдобро би било тоа да биде кај нас. :)

Само прашање е како ќе изигра на таа позиција, треба доста трчање и враќање назад, а дефанзивната игра не му е баш јака страна...
 
солидно лево бекче и сигурен дефанзивец во средниот ред би ги покривале излетите на Џио,секако тука е и Џорџио најназад како последна линија....има доста комбинации,меѓутоа останаа доста дупки за пополнување во тимот,а во време на рецесија не е лошо баш на “малиот“ да му се даде шанса во тимот,а не на некои Канти и Семкари
 
Додека не видам црно на бело не верувам на ниедна новина.:toe:
 
Според Тутојуве, Красич е веќе во рацете на Јувентус и се очекува официјализирање на трансферот на Красич во наредните 24 часа. линк

--- надополнето ---

Според Тутоспорт, се остварил контакт со агентот на Џеко, и се проценува дека за 30милиони Џеко може да премине во Јуве.Одлуката треба да ја донесе Андреа Ањели. линк
 
Откупувањето на Кандрева е многу паметен потег. Кандрева во пола сезона покажа повеќе отколку цел среден ред на Јуве во текот на целата сезона.
 
е 30 милиони евра за Џеко е веќе прифатливо + Џеко го одби Сити и чека понуда од Јувентус , значи сака да дојде ... е сега Андреа ако го донесе Пацини место Џеко ќе се искараме гадно :)

Џеко и Красич се најдобрите играчи на Балканов моментално ...
 
Откупувањето на Кандрева е многу паметен потег. Кандрева во пола сезона покажа повеќе отколку цел среден ред на Јуве во текот на целата сезона.
Кандрева мора да се откупи но само за разумна цена, да не се залетаат Удинезе пак да бараат суми како за Д`Агостино, но верувам дека си ја научија лекцијата од минатата сезона кога не сакаа да го продадат Д`Агостино на Јуве за 15 милиони, годинава го продадоа за 6.5 милиони на Фиорентина.

Дешамп се наведува дека сакал да го доведе Трезеге во Олимпик Марсеј. линк

Јас би го дал Трезеге во Олимпик Марсеј,и би побарал во трансферот да биде вклучен и Таје Таиво,левиот бек на Олимпик Марсеј, кој би бил одлично засилување на левата бековска позиција.
 
тие нека се фокусираат на Красич со кој би добиле добро засилување,па Кандрева шо сака нека прави иако станува збор за добар играч,сепак Красич треба да биде приоритет.....за Таиво не знам колку би бил добро засилување,нешто сличен ми е на Молинаро-играч спремен за 120 минути меѓутоа не “вади“ добри центаршутеви,а шутот му е непрецизен....
 
Само Киелини да не го продадат , бидејќи Мурињо сериозно загриза за него ... се споменува сума од 25 милиони евра или трампа со Бензема ...

Јас не би го дал ни за 25 милиони евра + Бензема ... Продажбата на Киелини би била тежок удар , тешко дека Јувентус во скоро време ќе има стопер со барем половина од неговиот потенцијал ...
 
па не знам баш колкава е желбата на играчот да продолжи во црно-белиот дрес......мислам дека Киело ќе остани,а Мурињо ќе се фокусира на доведување на одбранбен од бившиот клуб....еве веќе изјави од Маикон кој посакувал да игра во Мадрид...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom