Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
OFFICIAL:John Elkann: «Andrea Agnelli sarà il presidente della Juventus»

На официјалната страна на Јуве, Џон Елкан изјави дека Андреа Ањели ќе биде новиот Претседател на Јувентус. Одлична вест.

СУПЕР! Одлично одлично... :vozbud:

Една од подобрите работи што се случува во последно време. Очекувам и навивачите да се вратат на трибините последниве 3 утакмици во поддршка на Андреа. Eден од најважните чекори кон враќањето на славниот Јувентус е ова!
 
Поставувањето на Андреа Ањели е најважниот чекор кон враќањето на славниот Јувентус.Андреа Ањели е човек кој ужива ОГРОМНА почит пред се кај навивачите на Јувентус и низ цела Италија. Навивачите неколку пати оваа сезона поставија банери и официјални барања за Андреа да биде поставен за Претседател на Јувентус, а Моџи неколку пати изјави дека Андреа Ањели е единствениот човек кој може да го врати Јувентус на старите патеки.
 
Тоооооо форца Андреа се очекуваше уште да биде официјално :vozbud:
 
Поставувањето на Андреа Ањели е најважниот чекор кон враќањето на славниот Јувентус.Андреа Ањели е човек кој ужива ОГРОМНА почит пред се кај навивачите на Јувентус и низ цела Италија. Навивачите неколку пати оваа сезона поставија банери и официјални барања за Андреа да биде поставен за Претседател на Јувентус, а Моџи неколку пати изјави дека Андреа Ањели е единствениот човек кој може да го врати Јувентус на старите патеки.

...a Рафа пак дипломатски избегна да потврди или демантира поврзаност со Јуве. :)
 
Моџи и дефинитивно се враќа во Јувентус само прашање е дали ова лето или наредното (зависи од исходот на судењето) ...

А отворен е патот за Џираудо уште сега да се врати во Јувентус, знаејќи дека е во одлични односи со Андреа и воопшто со сите Ањелиевци :)

Глувците полека се враќаат во дупките ...
 
Со среќа нека му е на новиот прецедател. ако нешто е добро во клубот тогаш тоа е фактот дека работите поќнаја да се движат
1. Бетега се врати
2. Моџи растура на суд
3. Блан сепак ќе биди финансиски и некако не слушам да се противи
4. Крв од фаилијата Ањели за прецедник
5.
Јуве води кај кладилниците за Рафа. Ова ми е појак доказ од артикл во жути новости
 
...a Рафа пак дипломатски избегна да потврди или демантира поврзаност со Јуве. :)
И во случај да има постигнато договор, негово негирање ќе има до крајот на сезонава, исто како со случајот со Диего минатата сезона, иако со доаѓањето на Андреа на Претседателското место може да потегне и враќање на Дон Фабио Капело во Јувентус, знаејќи дека Андреа Ањели е огромен пријател со Капело.

Aгентот на Буфон изјави дека Буфон наредната сезона со сигурност ќе го носи дресот на Јувентус. ЛИНК

Дел Пиеро изјави дека поминал одлични години додека беше Моџи во Јувентус. Исто така на прашањето за негово мислење за можноста Капело да дојде во Јуве Дел Пиеро одговори: Мислам дека е најдобар таму каде што е“. Исто така Дел Пиеро, за Џон и Лапо Елкан изјави дека секогаш го поддржувале клубот, иако не биле присутни на сите натпревари како што е Андреа Ањели. ЛИНК
 
И во случај да има постигнато договор, негово негирање ќе има до крајот на сезонава, исто како со случајот со Диего минатата сезона, иако со доаѓањето на Андреа на Претседателското место може да потегне и враќање на Дон Фабио Капело во Јувентус, знаејќи дека Андреа Ањели е огромен пријател со Капело.
Kој и да дојде од овие двајца,или Рафа или Капело ќе биде одлично решение за тренерската позиција.Инаку доаѓањето на Андреа Ањели е одлична вест :vozbud:,сеа ни треба само добар спортски директор на местото на Секо,кој паметно ќе ги искористи парите во летниот трансфер период.
 
Конечно се враќа старата гарда во Јуве.:smir:Мисламд ека сега работите ќе тргнат во нагорна линија.глупо е шо не зависи од нас,туку од самп,палермо и наполи:uvo:
Али сепак додека има и теоретски шанси останува да се надеваме.:smir:
 
леле што убави вести читам тука!:vozbud: Ме радува што уше од крајот на оваа сезона почнавме со реконструкција пред се на управата па се надевам потоа тренер и на крајот актерите ќе треба да се изберат, а ваквата управа ќе треба да ги донесе најдобрите!:vozbud:
 
Вестите стварно ме израдуваа :vozbud::vozbud: Достоен заменик за адвокатот е Андреа Ањели.Конечно најдобар потег на Елкан. In Andrea We Trust.:back:
 
Знаете како велат старите, рибата смрди од главата. Јуве „смрдеше“ баш оттаму. Навистина ме израдува веста што вистински Ањели ќе биде претседател на Јуве, сепак Ањели се trademark на Јуве и една од најмоќните фамилии во Италија.

Мислам дека Бенитез ќе дојде во Јуве, но поради обврските кон Ливерпул и сезоната која се уште трае не би било професионално сега да каже дека преминува во Јуве. Исто така се надевам дека ако не летово, тогаш наредното, ќе се врати Моџи во Јуве.

Чим почнавме со промени од коренот, оние суштинските, управата, делот што не штимаше, сигурен сум дека ќе имаме успешна сезона догодина. Ако дојдат Бенитез и Моџи нема да бидам скромен и ќе кажам дека очекувам финале во ЛШ во наредните три години и минимумн скудето во наредните 2 години. Ова најозбилно го велам.
 
Џон Елкан за Ла Стампа изјави дека Андреа Ањели ќе биде поставен за нов Претседател, и изјави фановите да бидат уверени дека Јуве ќе го водат луѓе со големо искуство на сите позиции. Исто така изјави дека деновиве ќе поднеси барање до Фудбалската Асоцијација (ФИГЦ) да им биде вратено Скудетото 2005/2006, и дека очекува правдата да биде еднаква кон сите. ЛИНК

Се шпекулира дека прва работа која ќе ја направи Андреа како Претседател е таа што ќе го ангажира Павел Недвед, но не се знае која точно позиција ќе ја има Павел во клубот.

A агентот на Мауро Каморанези изјави дека Каморанези веќе не е во плановите на Јувентус, и дека Директорите побарале од него да му најде нов клуб на Каморанези. ЛИНК
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom