Малце посериозно, дали знаете зашто воопшто Торес одлучи да си замине од Атлетико и да оди во Ливерпул ?
Лига на Шампиони, ништо повеќе, една од причините беше шпанскиот тренер, а втората, и поважната беше Лигата на Шампионите.
Од една страна Рафа беше мајстор за тоа натпреварување, феноменален во нокаут фазата, од друга Ливерпул беа екипа кои важеа за една од најдобрите во тоа наптерварување, во 2005 освоија, две години подоцна стигнаа до финалето, по што летото кое следеше дојде и Торес.
Јас мислам дека носењето на овој играч во екипа која не игра во ЛШ и сеуште нема поставено добра и стабилна шампионска основа е многу тешко. Прво, има една година на неиграње во тоа натпреварување кое си сноси одредени последици, а и преку ноќ во денешно време претешко е за период од 2 години веднаш да се покажат супер во ЛШ, односно, да атакуваат за самиот врв.
Не верувам дека би ризикувал со својот избор, односно, екипите ко Реал, Барса и остали од старт ке имаат голема предност пред Јувентус, или евентуално Сити ( во случај и двете екипи да не играат во ЛШ наредната година).
Не заборавајте дека сепак Торес е дел од оној фудбалски крем и е секогаш ставан помеѓу најдобрите фудбалери, во случајов напаѓачи, на планетава, а за истите условот ЛШ доаѓа под дифолт, поготово во најдобрите фудбалски години ( 25-30 ).