Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што друго да кажам освен дека добивме лекција по фудбал од тим кој се бори за опстанок. Дежа ву, да го ебам. Цела сезона гледаме како нашиве мизерии добиваат лекции од просечни и подпросечни тимови. Нека идат да се лечат. Инаку, бидејќи сум и за Италија а таму репрезентативци од Удинезе се Пепе и Ди Натале, само ако не повторат вакви игри на Светско, има да ги колнам до крај на нивни живот. Преку кур ми се пигмејци ко Ди Натале кои ќе играат во невидена форма цела сезона, а за репрезентацијата за која навивам да не дадат ништо и да се ботови невидени. На тој пигмеецеот му го собирам уште од Европското каде буквално не се виде за Италија, ама ајде ќе се стрпам до Светско па ќе видиме што ќе биде. Ејјјјј!!!! Ди Натале дочекавме да ни држи лекции, ботче мало, грдо.
 
....ако почнам да коментирам ќе морам да пцујам, а празник е.
Закерони КРЕТЕНУ ГЛУП WHAT WERE YOU THINKING!?!?




p.s.
Христос Воскресе!


да се надеваме и Јуве ќе воскресне наредната сезона, сега е мртов! 2 метра под земја...
 
Гледав до 2-0 и изгасив телевизор нејќев да си го расипам празникот.Играч што не трча што не се залага во опште нема што да бара победа.Да неможеш да го тепаш очаен Удинезе сезонава е нездрава работа тогаш незнам што бараме 4то место кога незнаат топка да шутнат?Пуштам ТВ и гледам Ди Натале дава гол ми стана јасно дека ја губиме и оваа.Дел Пиеро игра сам на тие години другиве дремат и чекаат од Алекс да направи нешто.Канаваро подитно аут исто како и Гросо,Амаури,БР 33,Манингер,Григера,Трезеге и др.И закерони нормално.Џовинко мислам дека го ставил после 3-0 епа браво што сакате да му ја расипете кариерата на младичот какви простаци.Секо исто мора да напушти позиција.Камерманот упорно го дава Бетега во кадар како он да е крив за се ама чоекот е најмалце крив за ситуацијава.Незнам шо да кажам исто ми се фаќа више дали сме 4то или 8мо кога играчите ги боли таквото што изгубиле зашто да се замарам јас?Следниот пат со табла јајца да го маваат автобусот на бескичмењаците од играчи(не сите)На цела ситуација се плашам само до година да не го изгубиме Џиџи Буфон иако мислам дека нема срце да напушти клуб.Тоа е тоа среќни празници и нервирајте се што помалку некако !!!(мала шала до година да викаме Јувентус воскресе вистина воскресе ) :)
 
....ако почнам да коментирам ќе морам да пцујам, а празник е.
Закерони КРЕТЕНУ ГЛУП WHAT WERE YOU THINKING!?!?




p.s.
Христос Воскресе!


да се надеваме и Јуве ќе воскресне наредната сезона, сега е мртов! 2 метра под земја...


Навивачите на јуве го викаат Newventus,ова не е јуве,од 2006 наваму јуве е мртов немам што друго да кажам срце ми се кине.
 
Гарантирам дека Јуве на крајот ке биде 4, па после да ве видам тука на форум плачковци низаедни :smir:

ако ти се радуваш на 4 место јас нема да се радувам.никој не плаче туку сите реално збориме за тоа во каква ситуација е најтрофејниот клуб во Италија.ако си задоволен со оваа игра и со победа над интер и на крај 4 или подоле некое место тоа е твој проблем.Подобро да изгубат од интер и милан по 5-0 а на крај скудетото да биде кај нас,отколку ваква игра.:toe:

еве што има на официјалната страна на клубот после дебаклот на Фриули.

Juventus excuses itself with the supporters

After the defeat in Udine, the club, coach and players excuse themselves with all the supporters and decided not to leave any comments to the press.

:kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::kesa:
 
Ова они што го играат се вика фудбал? :jaj:
Или па можда ги спасувале Удинезе од испаѓање, мамицата!
 
Честит празник на сите црно бели форумџии , Христос Воскресе !
 
Не бев многу активен на форумов, поради оправдани причини.
За играта за резултатите стварно не знам што да кажам.Дали е клетва фрлена некоја дали е сон не знам.Да се надеваме на подобри резултати наредната година, оваа година отиде јабана.

ПОЗДРАВ.
 
Глуп е Закерони бе! Оди на победа а цел среден ред дефанзивни освен Каморанези, наместо лево да го стави Џовинко то игра со Маркисио кој не е затаму:tapp: Ова вториот гол како го примивме нека си ебе мајката Канаваро и Легро му попречија на Манингер да оди на стативата а никој не го блокираше Пепе. Се изнасмеав на овој гол искрено делуваше ептен аматерски :tapp:
 
Глуп е Закерони бе! Оди на победа а цел среден ред дефанзивни освен Каморанези, наместо лево да го стави Џовинко то игра со Маркисио кој не е затаму.
Јувентус го загуби овој натпревар токму поради таа поставеност на средината на теренот, и поради тоа што одбраната како и многу пати сезонава се покажа дека е најслабиот дел од Јувентус.Кога е Киелини, одбраната игра постабилно.

Бековските позиции се дефинитивно најслабите позиции на Јувентус.
 
Јувентус го загуби овој натпревар токму поради таа поставеност на средината на теренот, и поради тоа што одбраната како и многу пати сезонава се покажа дека е најслабиот дел од Јувентус.Кога е Киелини, одбраната игра постабилно.

Бековските позиции се дефинитивно најслабите позиции на Јувентус.
Со добри бекови,Јувентус би можел слободно да го искористи Џио по левата страна.Кога има некој на време да се врати во одбрана,Џио не им ни треба во одбраната.Вака со Де Чељи/Гросо по левата страна,ништо не правиме.Се израдував кога слушнав дека Јуве ќе оди со 4-4-2 , но со оваа четворка во средината не напаѓавме.Со оваа четворка ние отидовме во Удине со императив да се одбраниме,а очекувавме победа ...
Жално и несфатливо.Каде исчезна духот и сјајот на тимот.Мислам дека чудо треба да се случи за да дојдеме до тоа толку-посакувано четврто место.Сега до Вас е дали верувате во чуда или не ...
 
Има нешто позитивно во тоа што губиме. Престанав да јадам сеир од другарите затоа што веќе стана вообичаено Јуве да губи па така веќе не е ни интересно да ме зафркаваат. Сега можам на раат да си ги следам мечевите без притоаа да ми стигаат десетици пораки на мобилниот со сеирџиска содржина.:kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom