Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Фала ти за сите голови , едноставно за се ти благодарам.Еден од головите кој секако нема да го заборавам е оној против Милан во 2004 година кога се одлучуваше за Скудетото , најмногу сум се радувал на тој гол.

Always in ur hearts TREZEGOOOOOOOL :)
 
Такви лојални играчи кои играт од се срце за клубот се малку, кога повеќето играчи кои играт само за пари напуштија го Јуве кд отиде у втора лига, Трезеге остана, нека му е среќно во Херкулес али се надевав дека ќе се пензионира во Јуве . Ах порано покрај Баерн и на Јуве нонстоп ги гледав утакмиците и Трезеге и Дел Пиеро ми беа омилени напаѓачи најдобри во претходната декада во Италија
 
Тажна година за Јувентус, покрај неуспешната сезона ги загубивме и Каморанези и Трезеге.
Ке остават траг во историјата на Јувентус, Чао ТРЕЗЕГЕ шампиону...:(
 
Довидување Трезе Гол :( , благодарам за безброј воздишки,безброј голови и многу убави спомени, благодарејки на тебе. Трез засекогаш во моето црно бело срце .
 
само да бидеме реални во 2006 кога изби скандалот играчите како ДЕЛ ПИЕРО ТРЕЗЕГЕ КАМОРАНЕЗИ БУФОН НЕДВЕД кој останаја во сериа б да играат во клазузата имаа договор дека управата без нивна дозвола нема да ги продаде односно без да сака играчот сака да си замини нема да биди продаен во случајов можеби по желба на трезеге е продаден ... сепак уште еднаш таква убица нема да се роди и му благодарам за се што направи во црно белиот дрес
 
Зашто не го оставија да се пензионира во Јувентус како Недвед, зашто мораше да го дадат кога е на крај на кариерата.
 
Зашто не го оставија да се пензионира во Јувентус како Недвед, зашто мораше да го дадат кога е на крај на кариерата.

Веројатно сам си побарал трансфер неможејќи да седи на клупа и да биде втора/трета опција во нападот. Во новиот клуб има загарантиран првотимски статус и за општо добро е што испадна вака. Подобро Трезеге што ќе дава нови голови - отколку Трезеге на клупа.


По коментарот на Дел Пиеро (што го преведов поназад) се гледа колкави пријатели се овие двајца. Едноставно испишаа историја во клубов...
 
Зашто не го оставија да се пензионира во Јувентус како Недвед, зашто мораше да го дадат кога е на крај на кариерата.
Ке ти посочам еден пример па ти ке сватиш што ми е поентата. РАУЛ од РЕАЛ премина во ШАЛКЕ !!!!
 
Ке ти посочам еден пример па ти ке сватиш што ми е поентата. РАУЛ од РЕАЛ премина во ШАЛКЕ !!!!

И Раул и Трезеге се родени да бидат врвни голгетери. Луѓе кои и кога ќе се пензионираат ќе сакаат да забиваат голови. Тоа е причината зошто Трезеге сакаше да си отиде од Јувентус. Неколкуте повреди и слабата форма го оддалечија од тим каков што е Јувентус, особено сега со неколкуте засилувања во нападот каде конкуренцијата ќе беше многу поголема и ќе му беше потешко да добива шанса. Да беше некој од типот на играчите на кои не им е гајле дали играат, битно им е да ги земаат парите ќе останеше и ќе уживаше, ама не е таков и тоа е тоа. Некој кажа, што не го оставија како Недвед...Недвед играше во Јуве дури тој сакаше, и како што се покажа по неговото заминување беше една од главните алки, без која Јуве не успеа да се снајде. Да немаше проблеми Трезегол со повредите и формата веројатно и тој ќе тераше до крај, ама што е тука е.
Ciao Trezeguet!:helou:
 
Ке ти посочам еден пример па ти ке сватиш што ми е поентата. РАУЛ од РЕАЛ премина во ШАЛКЕ !!!!

Дај не ми го рамни Раул со Трезеге не му е дораснат за таква споредба :smir:

Зашто не го оставија да се пензионира во Јувентус како Недвед, зашто мораше да го дадат кога е на крај на кариерата.

Не го оставија затоа што во план е реконструкција на тимот, а Трезеге е стар и си влечи повреди на колената. Трезеге има плата од 4.5М со шо влечи голема пара и имаше уште една година од договорот.
Според некои медиуми разбрав дека договорот е раскинат но според некои сепак јувентус има обврска да ја доисплати разликата на трезеге во платата.
Трезеге најверојатно ќе заврши во Херкулес (сеуште не е официјално таму, засега е фри-агент) клубот од родниот град на жена му (Аликанте - околу Валенсија негде). Како демек одбил и поарни понуди за да биди таму.
Од нив би земал околу 1.5М годишно (за 2 години) со што ако е точна информацијата од погоре јуве ќе треба да му исплати 3М за следнава година.

Значи и покрај годините Трезегол можи да поигра уште некоја година настрана и да заработи некој динар но факт е дека неможи да биди како пред неколку сезони и да шиба со мин20 гола по сезона. Потребно е да се напрај ремонт на нападот па тој беше првата жртва.
 
се надевав дека и оваа сезона ќе ја изигра во Јувентус,меѓутоа изгледа проценките се дека нема да може да ја изигра на ниво до крај,сепак последните сезони никако глава да крени од повредите.....вака ме загрижува нападот со дрвото Амаури,Јакинта кој година дена нема заиграно фудбал на ниво заради повредите,Дел Пиеро кој се гледа дека нема сили да заврши натпревар во целост и Кваљарела за кој е прашање како ќе се снајди во тим кој треба да го врати стариот сјај
 

Одиме оваа сезона на Трета Ѕвезда на нашиот дрес.Малце да се потсетиме на последното наше Скудето :)
 
Фала ти за се мајсторе! Вистинска легенда! Никогаш нема да бидеш заборавен! Синоним за бјанконеро...

Повеќе нема да го гледаме твоето име во листата на стрелци, но секогаш ќе го памтиме!

Uno, Due, TREZEGUET!!!

5oshtw.jpg


Чао легендо! Те очекуваме назад во управата за некоја година... се најдобро во понатамошната кариера.

:nesum:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom