Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како прво нека ни е честита победата против Штурм,секако има уште 90 минути да се одиграт,да издвојуваме победа и потоа да одиме понатаму во ЛЕ :). Конечно после толку полемики Красич конечно потпишува за Јувентус и му посакувам одлични партии во дресот на бјанконерите.Исто така и ни се исполни желбата Диего да остане и мислам дека тој, Амаури,Красич и Пепе ќе бидат главни играчи оваа сезона.
Сега уште ни фали да донесе Марота еден лев бек, а зашто да не и уште некој играч по пат да земаме. :) Форца Јувентус. :pehar:
 
Солидно прво полувреме, второто комплетно се изгубивме. Средината не постоеше!

Како и да е, важна победа вечерва што најверојатно не' води во групите. Ми се допаѓа тоа што Дел Нери им даде до знаење дека тоа што вечерва го изиграа беше мизерно, без разлика на победата! Не е битно само да се победи, битен е и перформансот.
Се гледа дека паѓаат психолошки кога ќе примат гол, а тоа мора да се промени ако сакаме да имаме успешна сезона!

Раниери во оваа ситуација би излегол со фалење и задоволна и насмеана фаца.
 
Sissy Boy Amauri! :pos:

90549170.jpg




p.s. ама осмехот му е PRICELESS! :pos:
 
Красич изјави дека е најсреќниот човек на светот,и дека бил убеден дека ќе го носи црно-белиот дрес на Јуве дури и во периодите кога имало мали шанси да се случи тоа. За споредбата со Недвед вели дека е многу горд што го споредуваат со една таква легенда на светскиот фудбал,но изјави дека сеуште не е еднаков на него,но дека ќе се труди максимално да го следи неговиот пример.линк
 
После најголемото заедничко засилување на Милан и Јувентус господинот Рафаел Бенитез овие два клуба се засилија плус со по еден играч последните два дена. Милан со К П Боатенг а Јуве со Милош Красиќ :icon_lol:

Аирлија играч момци, со здравје да си го служите, и против Милан нека не игра добро :)
 
**По вчерашната игра на Де Чеље(особено интервенцијата кога се спрепна од топката) мислам дека Марота задолжително ќе купи лев бек.Дечкото има некои добри центаршутеви но тие се многу ретки и не е за во стартен состав.Плус многу е слаб во одбрана,го минат под нозе.Мислам дека Марота ќе се обиде да го ангажира Бокети од Џенова.Дечкото е млад и оргинална позиција му е централен дефанзивец,но во Џенова често беше користен како лев бек (скоро цела сезона Џенова играше со 3 дефанзивци во стартната постава,а Бокети играше на левата страна).Ова би било добра потег бидејќи Марота ќе реши два проблема,лев бек и централен дефанзивец.Како што гледам и Гросо ќе остане,така да Дел Нери ќе има повеќе опции.
 
Епа ајде честито Красич,добивте доста во брзина оваа год, иначе конечно да го фатам и јас на тикет Јуве :)
 
Се чини дека Аквилани ќе заврши на позајмица во Јуве. Рој Хоцсон изјави дека италијанецот ќе биде пратен на позајмица во родната земја. http://www.liverpoolfc.tv/news/latest-news/aqua-set-for-italian-loan


А според Тутојуве,агентот на Аквилани утринава заминал за Ливерпул за да го изнесе интересот на Јувентус за играчот.линк
 
Ако аквилани дојде ништо од ледесма тогаш ама па ке ни останат пари за бек..Најдобра опција е ова само уште да се оствари.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom