Дефинитивно Поулсен заслужува да остане во Јувентус, бидејќи оваа година покажа најконстантна игра од сите други играчи на својата позиција.Но врз формата на Момо огромно влијание имаше и неговото долго отсуство поради повредата која го оддалечи од фудбалскиот терен цела прва полусезона и дел од втората. Тоа отсуство се одрази врз неговата физичка и кондициона спремност, а тоа допринесе Момо да не игра во формата од минатата сезона. Единствена слаба карактеристика на Момо е тоа што слабо проигрува. Минатата сезона Сисоко блескаше во 4-4-2 формацијата со Маркизио како партнер во средината на теренот, и таа позиција најмногу му одговара, а како што се најавува дека Јуве ќе се враќа на традиционалната 4-4-2, која ја користеше долго време пред да ја смени во 4-3-1-2, мислам дека Сисоко треба да остане во Јувентус.