Целосно се сложувам со тебе али постои и нешто друго а тоа е дека Јувентус лани во времето на Раниери имаше далеку помал избор на играчки кадар и со бекови како Молинаро и Григера и играчи како Легротаље и компанија успеа да постигне повеќе од тоа што моментално го работа Ферара , значи стигна подалеку во ЛШ и како што тргнале работиве ќе биде и погоре во Сериа А а со такви играчи лани бевме свесни дека не сме компетентни да се надигруваме со Челзи и остали екипе иако ги тепавмо Реал Мадрид дома и гости ( но тоа само беше поради фактот што Дел Пиеро блескаше на двата меча и може да се каже сам го победи реал и беше испратен со аплаузи од Сантиаго Бернабеу ) така ? :wink:
Јесте да, али како што и сам кажуваш Јувентус ја помина групата најмногу благодарение на Дел Пиеро кој сам го победи Мадрид. Тој ни ги донесе шесте бода во двомечот, и плус беше тој што го победи Зенит во првото коло. Во тие моменти Дел Пиеро беше Дел Пиеро, лидер (во општоприфатената смисла на зборот)- на кој тимот сеуште се потпира во такви моменти.
Друга работа е дека тимот изгуби уште еден таков лидер.
Недвед беше главниот организатор на играта. Без Недвед во тимот, губиме многу, а сериозен удар за Јувентус е во една година да ги изгуби Недвед и Дел Пиеро, а притоа да не може да најде соодветна замена. И нема да најде. Такви играчи на една рака се бројат.
Трета работа е дека Јувентус ја смени формацијата, која ја практикуваше години, години наназад. Не е туку така, менувањето на формацијата. Тоа е процес на кој треба да се почека.
Настрана тоа што Чиро до полугодиево 2-3 пати ја смени формацијата.
Четврта работа е дека Јувентус има нови 5 играчи во тимот. На тие им е потребно време за да се адаптираат на начинот на игра во Италија, а воедно и Јувентус. Четворица дојдоа од сосема други европски лиги.
Голем проблем се и повредите кои ги зафакаат клучните играчи. Сисоко, Јакинта, Киелини, Буфон, Дел Пиер, Трезеге, Маркизо. . .
Во толку големи промени кои го зафатија клубот од секој можен аспект, не е лесно да се излезе на вистинскиот пат.
Ранери ги немаше овие проблеми. Тој немаше guts измена да направи, а камо ли да ја смени тактичката поставеност.