Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
таков си е човекот :) но сакам да кажам дека Чиро испадна бетер, плус во летниот трансфер период имаше голем буџет на располагање да состави конкурентен тим

И Раниери имаше шанса да го зангажира Чаби Алонсо, па се одлучи за побрзиот и поспретниот - Поулсен.

Проблемот на Раниери беше во тоа што, како што кажа Веро, имаше губитнички менталитет. После секоја нерешена ја даваше истата изјава. "Добро е, задоволен сум. Играчите толку можат." - а Јувентус играл против тим од рангот на Маврови Анови.

Цело време ги форсираше истите играчи, ретко правеше измени, а кога ке направеше исто како и да не направил. Никакво подобрување. Не знаеше да ги мотивира. Упорно играше со Молинаро и Григера и во најголем дел од натпреварот гледаше како да се одбрани, а што е најстрашно никогаш не успеваше.
 
Прочитав некаде, на гоал.ком дека Јакинта ке се селил од Јануари ама прашање е??

Јас искрено не верувам, биле заинтересирани Челзи,Манчестер Сити, така прочитав, сигурно сум грешка и се надевам ова нема веза :)
Ова е класична шпекулација. Јакинта пред 4 дена во интервјуто за официјалната страна изјави дека сака да остани до крајот на кариерата во Јувентус,а со оглед на ефикасноста на нападот, мислам дека ни од клубот немаат намера да го продадат.
Изјава на Фелипе Мело:
"I am not a director. Ferrara asks me things that I do not know, do not fall into my features. My job is to steal the ball and push forward, not set the action, that's up to others. "
„Јас не сум директор на игра. Ферара бара од мене работи кои не ги знам, и кои не се мои карактеристики. Моја работа е да украдам топка и да ја пратам напред, а не да ја започнам акцијата, тоа треба да го прават другите“

И Чезаре Прандели застана на страната на Мело и ова му е втора слична изјава:

"I can say that I used to ask him simple things last year because he never used to take initiative. As for the rest, he certainly is not a play-maker," Prandelli told Tuttosport.
"With me he always knew how and when to move. He is a good player with good technique and discreet vision therefore he must know what to do when he has the ball."
„Јас можам да кажам дека барав од него едноставни работи минатата година, бидејќи тој никогаш не практикува да преземе иниџијатива. И за другото, тој нема сомнение дека не е плеј-мејкер. Со мене секогаш знаеше како да се движи. Тој е добар играч со добра техника и претпазлива визија, и токму поради тоа тој мора да знае точно што да прави кога ја поседува топката“

И јас мислам дека токму тоа е причината што Мело игра во слаба форма.Очигледно е дека играчот не се снаоѓа најдобро со креирање на играта во средината, и токму поради тоа се укочува цела игра на Јувентус, а Ферара упорно го бара тоа од него иако гледа дека не се снаоѓа баш најдобро. Како аргумент за зборовите на Мело, Прандели и на Дунга претходно се натпреварите против Сампдорија, Аталанта и Рома, каде што Мело имаше задача класичен деструктивец, на кои натпревари скоро од сите медиуми доби оценка над 9.
 
аха значи подобро е со Ферара???
Не ме разбра али ајде ... Еве ќе ти објаснам

Исто ... и со Раниери Јувентус имаше серија од 5-6 нерешени со ред , шо е еднакво на 5-6 порази ... Убаво ти кажа Раниери дека во Торино се бараат само победи , а тој со неговиот губитнички менталитет не може да ги донесе. Раниери е тренер створен за Рома каде работи без притисок бидејќи приоритет му е да обезбеди пласман во ЛШ. Колку е победник виде и сам на натпреварот Самдориа - Рома кога во 92 минута на резултат 0-0 прави измена и чува резултат. Е тоа истото се случуваше и во Јувентус ...

Да останеше уште една година во Јувентус ќе беше еднакво на самоубиство за клубот. Не го оправдувам Ферара, нити бев за негово доаѓање нити сакам да остане , ама тоа магаре битно си замина од Јуве на кого му го префрли неговиот губитчки менталитет поради кој и во иднина клубот ќе трпи последици...
 
зошто во Рома не носи губитнички менталитет, туку напротив серија од 10 натпревари без пораз од кои 8 победи:toe:

ЕДИТ ви правам малце ремет за побрзо да ја отворите новата тема :) (се шалам)
 
зошто во Рома не носи губитнички менталитет, туку напротив серија од 10 натпревари без пораз од кои 8 победи:toe:

ЕДИТ ви правам малце ремет за побрзо да ја отворите новата тема :) (се шалам)
Како шо реков , створен за Рома , бидејќи нема притисок ... читав и коментари од вас навивачите како бевте задоволни од играта(бункерот) после нерешениот резултат со Сампдорија ... Рома пред почетокот на сезоната за главна цел имаше пласман во првите 4 , за Јувентус приоритет беше скудето ... па сега сам заклучи каде има помал притисок и каде е полесно да се работи ... Негде нерешен резултат го сметаат са успех , негде не:wink:

И во Јувентус имаше серии од по 5-6 победи по ред. Така и Рома ќе западне во криза (поголема или помала шо е својствено за секој клуб) па ќе видиме колку тогаш ќе бидиш задоволен од Ранко кој во време на криза се губи како Јапонец во пустина ...
 
да да точно јас бев задоволен од нерешениот резултат, но не се бранеше Раниери на таа утакмица(според играта во целите 90мин) освен тој потег во 92-ра... прво полувреме одеше потешко работата но второ цело време ја имавме иницијативата
за продложение од сезоната ќе видиме што ќе се случува но вака ако продолжи да работи во Рома ваш бивши Ранко добро ќе биде
и да ти кажам во Рома многу не се осеќаат дефанзивните карактери на Раниери, мене ми се свиѓа ваквата Рома како што е сега и мислам дека и под водство на Раниери игра офанзивен фудбал, додека во Јуве беше подруго, не само поради Ранире Јуве и онака си игра типичен италијански фудбал без многу убавина и офанзивна игра, значи таков ви е тимот не го уназадил Раниери
 
Покрај Гус Хидинк, како можен наследник на Ферара се најавува дека би можело да биде и Рафа Бенитез. линк

La Stampa, најавува дека Бетега ќе биде човекот кој ќе одлучи дали Чиро Ферара ќе продолжи како тренер во Јувентус. линк

А Бетега изјави дека Чиро ќе остани само ако победува, и дека на Јувентус му треба напаѓач. линк
 
Курац одлучува Бетега ... Бетега е донесен само колку да се смират страстите и голема е веројатноста да се третира исто како и пред да си замине... така да со сегашнава управа не му предвивувам да остане нешто подолго во клубот

Да одлучуваше Бетега , Чиро уште денес ќе беше вратен да работи со младинските категории...

Бенитез е научна фантастика ... задоволни сме со Ферара ...
 
Убаво размислува Бетега.Добар брз напаѓач,врвна голгетерска класа.:toe:

+ и брзо крило не би било лошо.
 
Доколку би го купиле Робињо би добиле многу брзина во играта, И ако го внесат у ред да не прави проблеми, ке биде тип топ. Напаѓачи имате, брзина во игра не гледам, Робињо со Диего би биле вистинско убиство, а и + двајцата се бразилци. Незнам као би ви звучело ова со Робињо али мене ми изглеа како одлично решение(за навалната линија). Нема премногу да го платите, а доколку влезе у форма ке биде страшно:)
 
Плус тоа се многу добри лични пријатели:), ама не верувам Мансио да го даде.
 
И Раниери имаше шанса да го зангажира Чаби Алонсо, па се одлучи за побрзиот и поспретниот - Поулсен.

Проблемот на Раниери беше во тоа што, како што кажа Веро, имаше губитнички менталитет. После секоја нерешена ја даваше истата изјава. "Добро е, задоволен сум. Играчите толку можат." - а Јувентус играл против тим од рангот на Маврови Анови.

Цело време ги форсираше истите играчи, ретко правеше измени, а кога ке направеше исто како и да не направил. Никакво подобрување. Не знаеше да ги мотивира. Упорно играше со Молинаро и Григера и во најголем дел од натпреварот гледаше како да се одбрани, а што е најстрашно никогаш не успеваше.

Целосно се сложувам со тебе али постои и нешто друго а тоа е дека Јувентус лани во времето на Раниери имаше далеку помал избор на играчки кадар и со бекови како Молинаро и Григера и играчи како Легротаље и компанија успеа да постигне повеќе од тоа што моментално го работа Ферара , значи стигна подалеку во ЛШ и како што тргнале работиве ќе биде и погоре во Сериа А а со такви играчи лани бевме свесни дека не сме компетентни да се надигруваме со Челзи и остали екипе иако ги тепавмо Реал Мадрид дома и гости ( но тоа само беше поради фактот што Дел Пиеро блескаше на двата меча и може да се каже сам го победи реал и беше испратен со аплаузи од Сантиаго Бернабеу ) А за разлика од лани , годинава имаме поголем избор на играчи и многу повеќе пари беа фрлени за трансфери така ? :wink:
 
Целосно се сложувам со тебе али постои и нешто друго а тоа е дека Јувентус лани во времето на Раниери имаше далеку помал избор на играчки кадар и со бекови како Молинаро и Григера и играчи како Легротаље и компанија успеа да постигне повеќе од тоа што моментално го работа Ферара , значи стигна подалеку во ЛШ и како што тргнале работиве ќе биде и погоре во Сериа А а со такви играчи лани бевме свесни дека не сме компетентни да се надигруваме со Челзи и остали екипе иако ги тепавмо Реал Мадрид дома и гости ( но тоа само беше поради фактот што Дел Пиеро блескаше на двата меча и може да се каже сам го победи реал и беше испратен со аплаузи од Сантиаго Бернабеу ) така ? :wink:

Јесте да, али како што и сам кажуваш Јувентус ја помина групата најмногу благодарение на Дел Пиеро кој сам го победи Мадрид. Тој ни ги донесе шесте бода во двомечот, и плус беше тој што го победи Зенит во првото коло. Во тие моменти Дел Пиеро беше Дел Пиеро, лидер (во општоприфатената смисла на зборот)- на кој тимот сеуште се потпира во такви моменти.

Друга работа е дека тимот изгуби уште еден таков лидер.
Недвед беше главниот организатор на играта. Без Недвед во тимот, губиме многу, а сериозен удар за Јувентус е во една година да ги изгуби Недвед и Дел Пиеро, а притоа да не може да најде соодветна замена. И нема да најде. Такви играчи на една рака се бројат.

Трета работа е дека Јувентус ја смени формацијата, која ја практикуваше години, години наназад. Не е туку така, менувањето на формацијата. Тоа е процес на кој треба да се почека.
Настрана тоа што Чиро до полугодиево 2-3 пати ја смени формацијата.

Четврта работа е дека Јувентус има нови 5 играчи во тимот. На тие им е потребно време за да се адаптираат на начинот на игра во Италија, а воедно и Јувентус. Четворица дојдоа од сосема други европски лиги.

Голем проблем се и повредите кои ги зафакаат клучните играчи. Сисоко, Јакинта, Киелини, Буфон, Дел Пиер, Трезеге, Маркизо. . .

Во толку големи промени кои го зафатија клубот од секој можен аспект, не е лесно да се излезе на вистинскиот пат.
Ранери ги немаше овие проблеми. Тој немаше guts измена да направи, а камо ли да ја смени тактичката поставеност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom