Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Аман ако не го отепа некој онај крискито јас ќе го отепам шо мислеше првиот гол ко го примивме.

За вториот веќе не можи чоек да планира ништо можевме само да се молиме некој да ја закачи и да ја исфрли.

Ајде во секој случај напаѓаме играме добро (ама оставаме многу простов назад) можи да падни уште некој гол.

Браво јакинта дефинитивно треба да си го попрам мислењето за него. Каде каде е покорисен од Пипо
 
Пу бе да им ебам умрената одбрана......абе дај нека не се заебаваат нека сменат одбраната оти ќе губиме и од Башкими со оваква одбрана..........

Луѓе спремајте се иде II полувреме....и белќи ќе смени некој од одбраната и Недвед(оти ко стар дедо се понаша на теренот)

Форца Јувееееее:vozbud:
 
Цела одбрана е лудница.Кога го видо Легротаље дека ќе влага:nesvest:
п.с Што е работава со бумсонг?Повреден е или?
 
Крај.2-2.После подолго време една интересна утакмица во италија.
 
Можеше да победиме, но не е лошо, со оглед на шансите на Перота (срамота што се промаши). Еве една мини анализа на играчите на Јуве од моја страна:

Буфон- Ѕвер! одлично бранеше, се што можеше одбрани
Киелини- Солидно. Ни еднаш не киксна а и го намести вториот гол.
Кришито- Се додека не го примија првиот гол, добро се држеше, али после.. Многу слабо.
Григера- Добар беше, со оглед на тоа што за прв пат настапи во Серија А. Барем не киксна ниту еднаш.
Андраде- Добар беше цел натпревар, секоја чест, задоволен сум од неговиот придонес во играта на Јуве.
Занети- Не ме импресионираше, ми делуваше како да се преценува во некои ситуации.
Ночерино- Не беше многу забележителен, али добар беше, барем се утепа од трчање.
Недвед- Многу слабо, ме разочара денеска
Трезеге- Добар настап за Трезегол. Даде гол каков што ниту еден играч од Рома не може да даде.
Дел Пиеро- Не беше во најдобро светло денеска, промаши и пенал, што резултираше психички да ослабе и Раниери оправдано го смени.
Јакинта- Зверка! Дефинитивно најдобриот поединец во редовите на Јуве. Намести гол, даде еден, цело време беше како столб кој никој не можеше да го гурне. Заедно со Тоти, најдобри поединци на натпреварот.

Ајде добро е, 2-2 не е лошо. Следна утакмица со Торино, која се надевам ќе заврши во корист на Јуве. :juve:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom