Јуве ќе го продава Тиаго
Италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус би можел да го продаде Тиаго во текот на јануарскиот преоден рок.
Португалскиот интернационалец летово пристигна во таборот на "Старата дама" за отштета од 14 милиони евра, но не успеа да ги оправда очекувањата на челниците на клубот, како и на навивачите на Јуве.
Тренерот Клаудио Раниери не го криеше разочарувањето од слабите изданија на овој фудбалер, поради што Тиаго на стартот на сезонава им е резерва на Ночерино, Алмирон и Занети во борбата за место во средниот ред на Јуве.
Според информациите од Апенинскиот Полуостров, Раниери е свесен дека му е потребно екстра-засилување на средината од теренот и подготвен е експресно да го продаде Тиаго за да дојде до пари за ангажман на Аргентинецот Пабло Ледезма, член на Бока Јуниорс.
Како следна дестинација на Тиаго се споменуваат португалските гиганти Порто и Бенфика.