Ако, ако знам дека ви е тешко. Само чудо можи да го спаси Јуве од испаѓање од Серија А.
И не се прај многу паметен, ако имаш убо прочитано кажвај ако не не си измислувај. Како прво немат врска натпреварите на Милан со местење, а најмалце се местени за вкладилници и за профит. Милан се обвинува поради телефонски разговор, помеѓу Меани (кузнај кој куро е овај) и надлежниот за избор на судии. Во подолгиот разговор (тој е најсомнителен) станува збор за поплака од страна на Меани за лошите одлуки на линискиот (цело време се работи за линиските суди) судија, кој му пониште чист гол на Милан. Понатаму следува најопасниот дел каде Меани вели да се пуштат двајца „интелегентни“ линиски суди на следниот меч. Значи не се работи за одредени судии туку едноставно се бара судија кој ќе ја извржи работата како шо треба.
Друга работа е шо разговорите се тотално неразбирливи и измешани, една работа е ние тука да ги тумачиме, друго е на суд каде мора да бидат конкретни. Баш на овај фактор на нејасност на разговорите ќе се заснова одбраната на адвокатите на Милан.
Трето и најважно. Меани не е на официјалниот список на вработени во Милан (така да клубот не би требало да сноси последици).
Е сега јас ви го пренесувам она шо се збора во Италија (не сум од таму, ама читам на форумот на MilanMania, шо кажват италијаните шо се најупатени). На Милан во најлош случај може да му бидат одземени 6 бода, доколку се докажат обвинувањата. Иако Милан не доби никогаш помош од судиите, едноставно разговорите со каква и да се намера, не би требало да постојат. Во врска со Јувентус, атмосферата во Италија е дека Јуве сигурно ќе ја напушти серија А (ќе се префрли во серија Б или Ц1 евентуално Ц2) и на почетокот на следната сезона ќе стартува со казнени бодови, со тоа автоматски значи Јуве ќе биди на последното место и нема да игра во Лига на Шампиони, со што Тревизо ќе се спасат, Рома ќе игра Лига на Шампиони, а Милан ќе бидат Шампиони (во случај да не се случи нешто непредвидено па да им бидат одземени повеќе од 10 бода). Но најголемата грижа на Јувентус нема да биди играњето во лигите со пониск ранг, туку тешките финансиски кризи со кои ќе се соочат, имено ќе загубат негде околу 300 милиони евра. Исто така многу од фудбалерите ќе мораат или да се согласат да играат за пониски плати или да го напуштат клубот (незнам да објаснам зошто, ама има ограничувања на буџетот на второлигашките екипи).
Исто така, Силвио Берлускони излезе со една интересна изјава, барајќи да се вратат украдените титули на Милан од оваа и претходната сезона. Малку е покомплицирана ситуацијата за претходната сезона, зошто доколку им биде одземена на титулата на Јуве, таа ќе остане најверојатно недоделена.
Изјавите од сите врвни луѓе во италијанскиот фудбал е дека се работи за најголемиот фудбалски скандал во историјата на светскиот фудбал. Работата е крајно сериозна не се ова само обични шпекулаци. Дури и почетокот на следното првенство ќе чека на исходот од ова судење и се предвидува дека ќе започни со задоцнување дури во Октомври.
П.С. Извинете за долгиот пост, ама кој го интересира нека прочита. Мораше да образложам малку, за да не се шират толку неточни шпекулаци (не дека ова не се шпекулаци, ама ова е најблиску шо можи до вистината).