Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нерешено со Месина, Ибра во форма

Јувентус одигра само нерешено на гости против Месина овој викенд со што сега предноста од 12 бода пред Милан се намали на 10 бода, додека Интер кој исто така одигра нерешено сеуште е на иста дистанца од нас. Натпреварот беше интересен и возбудлив. Јуве настапуваше без повеќе првотимци. Во нападот Трезеге одмараше поради ситна повреда а партнер на Ибрахимовиќ беше Дел Пиеро, средниот ред беше комплетен (Виеира, Недвед, Каморанези, Емерсон) додека најмногу проблеми имаше во одбраната и поради повредените Киелини, Зебина и Замброта, покрај Канаваро играа Балцарети, Песото и Ковач (Турам се одмараше). Домаќините дојдоа во водство уште во третата минута откако Флокари добро се снајде помеѓу Канаваро и Балцарети но само неколку минути подоцна Јуве израмни со голот на Ибрахимовиќ (трет гол во последните три натпревари). Убава акција на Јувентус која започна со Дел Пиеро кој го пронајде Каморанези во средината, па потоа топката дојде до Недвед кој му асистираше на Ибрахимовиќ (download видео клип од голот). Во останатиот дел од натпреварот Јуве напаѓаше константно додека Месина со контра-напади се обидуваше да дојде во водство. Овие напади беа многу многу опасни и со комбинација на добра одбрана и малку среќа, успеавме да не примиме гол. Канаваро поради два жолти картони (груби стартови од позади грб) беше исклучен па Турам мораше да го прекине одморот и да влезе во игра. Ибрахимовиќ имаше одлична шанса за втор гол но на очигледниот фаул врз него во шеснаесетникот (Ароника му влета со лизгачки старт) судијата не досуди пенал. Сепак, Ибра кој играше одлично цел натпревар уште еднаш се најде во гол шанса и по грубиот старт на Рафаел судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Муту кој влезе во игра на местото на Каморанези. Кога помислив дека се извадивме и победивме со фудбалер помалку, Флокари успеа да ни тртне гол на 3 минути до крајот. Колку за информација, овие два гола на Флокари се први негови голови во Серија А во неговата кариера воопшто. Иако вториот гол го примивме поради глупава грешка (Капело беше многу нервозен поради конфузијата во одбраната на Јуве), сепак нерешениот резултат е најреален исход од овој натпреавр. Следува натпреварот со Вердер во Лигата на шампионите. Forza Juve!

Од мојот блог.
 
Еве и една интересна фотка :)
20062615517392808lk.jpg
 
ima edna jaka misla: tie sto znaat da go sakaat fudbalot treba da znaat da go mrazat juventus. jas bi dodal i celo italijansko prvenstvo
 
xedaj напиша:
ima edna jaka misla: tie sto znaat da go sakaat fudbalot treba da znaat da go mrazat juventus. jas bi dodal i celo italijansko prvenstvo
:pehar: х 28

Инаку, баш ме интересира кој ја кажал таа ”јака мисла” - пречувствувам дека некој истакнат ”мислител” го домислил тоа...
 
zEk0 напиша:
:pehar: х 28

Инаку, баш ме интересира кој ја кажал таа ”јака мисла” - пречувствувам дека некој истакнат ”мислител” го домислил тоа...
greshka si zeko 29 bachko :pehar:
 
Шок-терапијата делуваше

Поразот од Вердер кој Капело го нарече “неопходна шок-терапија за да се освестиме“ по се изгледа влијаеше и Јуве со одлична игра во текот на целиот натпревар успеа да дојде до победата против Лече. Работите не тргнаа толку добро бидејќи гостите уште на стартот на натпреварот по еден кикс на крпената одбрана поведоа со 0-1 (гол со глава по нафрлена топка). Оваа грешка беше единствена на нашата одбрана која играше во состав Бласи, Турам, Ковач, Балцарети. Бласи уште на почетокот доби удар во глава и неможеше да продолжи па на негово место влезе Песото. По примениот гол, како да се освестија сите и Јуве почна фуриозно да напаѓа. Уште при првиот шут на голот, Емерсон израмни на 1-1 (прекрасен гол со пета по ударот на Муту). Потоа, Недвед, Ибрахимовиќ и Муту пропуштија одлични шанси, додека Емерсон заработи џумка на главата по еден дуел. Пред крајот на првото полувреме, Ковач ги врати работите на свое место со голот со глава по центар-шутот на Муту. Во второто полувреме, Јувентус ја смири играта а гостите мораа да играат со 10 фудбалери поради будалата Каморани. Ибрахимовиќ со прекрасна финта го помина противникот и откако проба да направи уште еден дриблинг, Каморани одмазнички му влета во нозе и заработи втор жолт картон. До крајот на натпреварот шанси имаа Дел Пиеро и Ибрахимовиќ, додека во финишот Недвед беше соборен во шеснаесетникот и Дел Пиеро од пенал му стави точка на натпреварот. Forza Juve!!!
 
ouuuuuuuuuuuu dzeverovini se be decata. ali koa povede lece si rekov nemoguce da se u sok uste od werder . no toa se smeni abe kejf mi se naprai . lele emorson so peta auuuuuuuuuuu el puma hahahahahaha. titulata na povidok .nego aj da si kutam da ne se userat so samp.
 
Нормално се уште се надевам!!!

Нема предавање! Шо знаеш. 10 бода се. едно нерешено и еден пораз, и еве ги пет. И пораз од нас на Деле алпи, и се е можно......
 
Dolphin напиша:
Нормално се уште се надевам!!!

Нема предавање! Шо знаеш. 10 бода се. едно нерешено и еден пораз, и еве ги пет. И пораз од нас на Деле алпи, и се е можно......

Се согласувам....уште е рано за радување....еден кикс, една неочекувана повреда на клучен фудбалер може да смени многу....но сепак подобро е да ја имаш предноста отколку да ја бркаш нели :)
 
Одиме понатаму!!! Благодарам Wiese!

Борбеност, упорност и решителност беа особините кои го красеа Јувентус вечерва и кои го одведоа во четврт-финалето од Лигата на шампионите. На Деле Алпи беше совладан одличниот тим на Вердер Бремен кој за разлика од прогнозите и предвидувањата пред ждрепката, се покажа како доста тежок противник за нас. Гостите изненадувачки поведоа во натпреварот со 1-0 со голот на Мику. Јувентус во првото полувреме се обидуваше да израмни, но нападот едноставно не функционираше. Поголемиот број од упатените топки беа додека Трезеге и Ибра беа во офсајд, додека и оние прилики кои ги имаа не успеаја да ги претворат во гол. За одбележување се шансите на Недвед и Емерсон при кои гостинскиот голман интервенираше одлично. Нападите на Јуве значеа и поотворена одбрана која гостите за наша среќа не успеаја да ја искористат. Имаа уште две убави можности за да го зголемат водството но Џиџи Буфон беше на висина на задачата. Во второто полувреме за Јувентус имаше само една опција: напад! Тоа значеше и поголема можност за Вердер преку контра-напад но за наша среќа ниту еден нивен напад не испадна успешен. Најпрво Трезеге израмни во 65-тата минута: Дел Пиеро ја сврте долгата топка кон Недвед, овој во шеснаесетникот му ја препушти на Трезеге кој конечно го совлада голманот на Вердер. Јуве напаѓаше до крајот но без успех и конечно во 88-та минута ни се насмевна среќата. Голманот Виесе кој одигра маестрално во текот на целиот натпревар и одбрани барем три 100%-ни шанси на Јуве, од херој стана трагичар! По една од многуте очајно нафрлени топки во шеснаесетникот, Виесе лесно интервенираше но откако падна на тревата не успеа да ја задржи топката во рацете: најблиску до него се најде изненадениот Емерсон (погледнете ја само фацата на Емерсон на забавената снимка од клипот кој може да го симнете од линкот подолу). Бразилецот го прифати овој подарок и го постигна голот кој значеше четврт-финале за Јувентус и продолжување на одличната сезона.
КЛИК ТУКА ЗА DOWNLOAD НА ГОЛОТ НА ЕМЕРСОН (може да влезе во конкуренција за најсмешни/среќни голови на сезоната).

За крај: морам да признаам дека овој пат среќата не послужи. Се до 88-та минута Вердер беше подобар противник во овој двомеч но една грешка ги чинеше пласман понатаму. Германците доживеаја нешто слично што и Јуве доживеа во Бремен. Сето она што го градеа во текот на целиот натпревар се сруши само поради една глупава грешка. Сето она што и Јуве го градеше во Бремен (ја имаше победата на 5 минути до крајот) се сруши исто така поради деконцентрација е нејасен пад во играта - требаше да одолееме уште на два напади за да заминеме со победа, но наместо тоа - примивме два гола. Доколку во овој дел од нокаут-фазата не се сретнеа Челзи и Барселона, можеби дуелот помеѓу Јуве и Вердер ќе беше најинтересниот - кој не ја гледаше снимката од натпреварот може да жали. Одиме понатаму! Forza Juventus!!!!
 
Го видов голот на Емерсон што да кажам среќа невидена, голема грешка на голманот.......
 
abe do 89 min bev na sok terapija od devojka mi (fan na roma)i tipcite od maalo. ali po golot ja mislev deka od srekja jajce ke snesev. pa toa dres frlanje po doma pa derenje u faca na ostanatite protiv mene i taka natamu . denes i vcera sum gord i so krenata glava se setam u maalo .
 
Ќути, исто и јас. Мене девојка ми ми спреми апчиња за смирување за после утакмица, среќа Емерсон го плесна голот иначе ќе спиев до касно денеска :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom