Фан Клуб: Интер

Сва среќа што освои Аргентина.
Во спротивно 10 шамани,оџи и попови немаше да го вратат Лаутаро психички.
Дно допре на првенствово.
 
Многу малер човек е. На какви топки се отвори и си направи простор тоа само он може, ниеден друг од Аргентина не се извлекуваше така. Ама јебига, малер, и за Интер го прави истото.
Лани од декември до голот со Ливерпул, еден гол не даде, после тоа се растури. Не знам шо му е на човеков, коа коцка да фрла пред утакмица или сум ептен јак или сум дрво. И дискусијава е таква на форумов, или го бркаме или се крстиме на него.

Инаку Занети не е дел од Аргетинскава селекција нема никаква улога, сепак се симиња доле сите го поздравуваат, се слика со трофејот го бацуваат му честитаат, како он да е еден од нив. Каква само почит има меѓу нив браво.
 
Види го бе, едвај чекал да отиде прво на прием кај претседателот, а потоа на свечен ручек да се напие како говедо, бидејќи го погодиле патриотските песни. Секако малку се отрезнил за да не изгледа пијан пред рајата, иако нели прави глупости, а вечерва ке иде во некое диско на Балкан парти и ке испие флаша Бадел и ке испуши две кутии Малборо.
 
Инаку Занети не е дел од Аргетинскава селекција нема никаква улога, сепак се симиња доле сите го поздравуваат, се слика со трофејот го бацуваат му честитаат, како он да е еден од нив. Каква само почит има меѓу нив браво.

За Занети секунда, за Меси спомен за цел живот. :D

 
Како ве бендиса 100 милионскиов?
Топ беше вчера, у 20 минути направи повеќе од Алварез у 100 минути.
Директно заслужен за 3тиот гол на Аргентина, ја прими долгата топка и му ја остави на Меси, истрча у празно, влезе у шанса и имаше одличен шут, по кој му остави Лорис зицер на Меси.

Точно дека имаше уште 2 шанси, една по која Упамекано спаси чист гол, другата која ја промаши сам со глава.
Не знам у принцип што повеќе би очекувале од него вчера за 20 минути.
 
Да не беше поразот од С.Арабија, Лаутаро ќе беше зацементиран во првите 11 за Аргентина ова Светско и можеби нивни најдобар голгетер. Скалони мораше да мења после тој пораз иако глупавата ВАР технологија и мерење сантиметри му одземаа чист гол на Лаутаро против С.Арабија и веројатно победа на Аргентина.
Друга работа е што на Алварез му се погодија одредени моменти каде успеа да постигне гол и да го реши натпреварот, ова особено се виде против Хрватска каде топката едноставно го посака што се вика. Она вториот гол против хрватите немам зборови, се отиде во негова корист иако малце беше неспретен. А и реално, Лаутаро е подобар како втор напаѓач отколку класична деветка. Тоа сме го виделе многупати во Интер.
Како и да е, иако Лаутаро промаши некои шанси, сигурен сум дека во моментов е подобра опција од Алварез. Алварез можеби е побрз и технички подобар играч, ама Лаутаро е карактер, борбен и пргав играч кој е многу повеќе потребен во вакви дуели каде се одлучува победникот со индивидуални потези. Кажувам во моментов јер Лаутаро има повеќе искуство иако Алварез е со огромен потенцијал и многу лесно може да стане играчиште. Топ си е Лаутаро и баш ми е мерак што стана светски шампион. Мислам дека он и Турам би биле одличен тандем.
Да не заборавиме само дека Лаутаро играше напаѓач за Аргентина кога за таа позиција достапни беа играчи како Икарди, Дибала, Агуеро а и општо Аргентина отсекогаш важела за репрезентација со топ напаѓачи и големо е признанието да си прв избор при таква конкуренција.


Screenshot_20221219-132134_Twitter.jpg
 
Денес или-или за Интер, победа и имаат простор следниот период да се вклучат некако во битка за титула, а не да останат само у борба за ЛШ. После Наполи играат со Монца, Верона, Кремонезе и Емполи па следи дербито со Милан. Имаат простор денес со победа, и потоа со условно речено противници по мерак, да намалат гап со Наполи, да зголемат самодоверба па против Милан да се влезе со добра форма и фул самодоверба.

Све ова убаво звучи али уште вечер ќе се види на што сме, со нерешено или пораз следен период ќе им е прилика само за да си осигураат боља позиција за следниот дел од сезоната и битката за ЛШ пласман.

Брозович умрениот е повреден и нема да игра нит денес нит со Монца, Лаутаро најверојатно од клупа ќе почне, а Лукаку конечно се враќа во прв тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom