Фан Клуб: Интер

Се хајпа за Дибала како којзнае што играч да е, не трча повеќе од 5 километри на натпревар, генерално е повреден и надвор од терените, две игра три стои на теренот, формата му оди само надолу и плус ќе зема голема плата а не вреди толку ... Јувентус не се ретардирани шо не му го продолжваат договорот.... Полупензиониран играч. Нека земат клетници кај шо ќе го ораат теренот како Барела или некој помлад Видал а не примадони .
 
И мене ми е многу мрзлив ко играч. Страшна левица има ама не го гледам во интер некако. Џеко и лаутаро вршат пресинг, се враќаат и помагаат во одбрана, па и санчез и кореа до негде.
 
Види го Брозовиќ, уште не го соблекол дресот после 120 минути фудбал, јаде лиснато и тотално ја занемарува оваа прослава по повод освојувањето на Суперкупот, со официјални маици со све. Од дома си понел лиснато со урда да не му се пријаде. Дно уби.

bbbbbbbbb.png

Се хајпа за Дибала како којзнае што играч да е, не трча повеќе од 5 километри на натпревар, генерално е повреден и надвор од терените, две игра три стои на теренот, формата му оди само надолу и плус ќе зема голема плата а не вреди толку ... Јувентус не се ретардирани шо не му го продолжваат договорот.... Полупензиониран играч. Нека земат клетници кај шо ќе го ораат теренот како Барела или некој помлад Видал а не примадони .
Искрено да ти кажам, и те како се ретардирани што не му го продолжуваат договорот. Уште утре би го донел на free transfer.
 
I am with @Трибиани on this one, едноставно има нешто што не е во ред со човекот. Марота се обиде и порано ама овој беше решен да остане па макар и на клупа и да ги цица до крај, ништо нема да е поинаку и кај нас, ако флопне нема да можеме никако да се ослободиме од него. Гони го и носи некој на кого му се игра.
 
Јас мислам дека шансите за Дибала во Интер се некои си 0.5%
Сум изгледал доста натпревари на Јуве последниве 2-3 сезони и се гледа дека го сака клубот и според мене не би прифатил трансфер во најлутиот ривал.
Ако Јуве не му продолжи договор, ПЛ или ПСЖ нема кај да бегаат.
Башка што нашиве гледаат што помалку да дадат за плати, па уште да го платат повреденкович 12 милиони по сезона. Срце ќе го стресе Санде од Нанжинг.

Има доста интересни играчи на кои им завршува договорот во Јуни па може да се пазари добро и без да се трошат огромни пари за плата.

П.С. Да има некакви шанси за Дибала одма зимај го. Не ми текнува кој пиша и каде, мислам @Marquess беше, ама се сложувам дека по квалитет е веројатно најдобриот играч во лигата или ако не најдобар заради повредиве, сигурно топ 3.
 
Сеа читам дека наводно Болоња не поднеле барање за одложување на натпреварот со нас за друг термин.
Доколку е точно (а не знам зашто би го направиле тоа) има шанси да ни го доделат 3-0. Ваљда се плашат дека ако играат ќе го јадат повеќе.
 
Веројатно сакаат да одморат бидејќи посекако ќе изгубеа 1-12.(нормално еден гол ќе му пуштеше Де Фрај бидејќи е изгубен во свемирот)..вака за џабе ќе трчаа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom