Фан Клуб: Интер

4та утакмица по ред во лига без примен гол...

Имаше статија за тоа како Инзаги ја има променето т.е. подобрено одбраната после првите 8 кола, каде Интер примаше 1.37 гола по утакмица...

Од Лацио навака мислам само 4 имаме примено (јуве, милан и 2 од наполи).

Инзаги до сеа освен 1/8 финале лш и 1во место у лига, донесе убав фудбал за око.
Интер ретко го имал ова...

Главен момент не се Салернитана и Торино во оваа 2021 туку е на Броз договорот да се продужи овие 2 недели... не смее да го испуштат него...

Форца!
 
Интер што никад не стопил 7 поени негатива според Урко Купер. Hhhhhhhhhhhh Интер што историски никад не играл убав фудбал според Урко Гвидолин. :gjavol:
Среќа што ги нема Ашраф и Лукаку, иначе ќе беше дека наследил готов тим и баба им ќе можела да го води шампионскиот тим на Конте.
Автоматски споено мислење:

Скоро сум сигурен дека во наредните 5 кола ќе избиеме на прво место, доста добар распоред ни претстои.
Многу скептичен сум бил, ги стопивме за 3 кола.
 
Би ве запалил сите до еден што го продававте Лаутаро на полувреме.
Би се запалил јас самиот, за тоа што навивав за Алегри пред маестро Симоне.
Огромен куршум избегнавме таму.

Хакан доминира, или како што би рекол мистер Џонтра, тоталира.
Средината е импресивна во моментов, нормално за италијански услови.
Плус, фудбалот што го игра цел тим изгледа предобро. Личат на Аталанта во флуидноста, промените на позиции и движењето на топка.
 
Би се запалил јас самиот, за тоа што навивав за Алегри пред маестро Симоне.
Огромен куршум избегнавме таму.
Е како не бе. Лани и јас го барав Алегри место Конте кога вториов испи блам у ЛШ, зашо тој беше единствен достапен добар тренер. Не постои човек што и летово не би го преферирал Алегри пред сите други реално, иако он доста рано потпиша со Јуве така да немаше многу натегања и неизвесности.

Ова со Инзаги е само добар сенс на Бепе и ништо повеќе, зашо имаме мал милион вакви примери кога прилично млади тренери добиваат шанса во голем тим и инстант блам јадат ради притисок и све останато. Драго ми е што Инзаги не изгоре под притисокот и машки издржа се што се случи, а се случија доста работи, му ги продадоа Лукаку и Хакими, Ериксен рикна, имаше и несигурен почеток на сезоната кај што одбраната ни беше климава али во последно време се си е на место и си газиме. Клучен беше мечот со Наполи каде ако изигравме 3-3 ќе се распадневме гарант али извадивме 3 бода и тргна возот.

Има екипава уште за напредување, фали везњак, бек иако Дамфрис почнува да се разигрува и напаѓач. Али добро е сеа за сеа одлично тераат и се надевам дека ќе продолжат вака.
 
Тотал фудбал... Дробење.

За Лаутаро последниве текми е како друг играч и мислам нема потреба да се руга сега за сега.
За пенали не е дефинитивно, ама посреќен ме прави што учествува во играта и не глуми Нејмар, а со ваква игра и головите почнаа да му доаѓаат.

За Инзаги немам коментар, не ми текнува дали некогаш Интер играле вака доминантно со посед на топка, со миљарда шанси и тоа со тим што максимумот им е 4то место.
Дај му 10 годишен договор.
 
Она кога Ио ќе прескокне натпревар па отвора тема да види што се случило: нервози, корнење коси, па дали ќе го испуштиме натпреварот, дали ќе ни изедначат, па продавање играчи, мајки, шајки...

Отвора хајлајтс: сме ги здробиле, со топка не се составиле Каљари :pos:
 
Она кога Ио ќе прескокне натпревар па отвора тема да види што се случило: нервози, корнење коси, па дали ќе го испуштиме натпреварот, дали ќе ни изедначат, па продавање играчи, мајки, шајки...

Отвора хајлајтс: сме ги здробиле, со топка не се составиле Каљари :pos:

Многу сме исфрустрирани како фан база и нормално е да има вакви работи...научени сме да се тресиме до 80та минута да не ни израмнат...а не вака да ги издуваме со 3-4 гола разлика па затоа ни е чудно :D

Иначе досега сме екипа со убедливо најдобра гол разлика и 6 гола повеќе постигнато од суперсоничната Аталанта што ги дроби екипите....тоа покажува колкав квалитет поседува тимот и дека Инзаги синката знај шо прај .

Искрено колку и да го сакам Конте сега засега Инзаги подобар се покажува против малите екипи каде му влегва максимално офанзивно до крај и без калкулации.....освен со Сампдорија каде се погодивме уморени и половични па и немавме среќа со еден куп шанси промашени, со другите немаме кикс.

Нека избилдаат некоја солидна разлика до Аталанта барем на 3-4 бода колку да имаме багаж за киксојте што следат во Февруарскиот период па после да се одржваме во трка за скудетото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom