Ми се допаѓа in-game тактичката флексибилност на Инзаги, според мене прекрши утакмицата со влегувањето на Видал за Брозо и трансформирање во 3-4-1-2. Така Верона мораа да ја повлечат линијата за пресинг малку поназад, а Интер го искористи фактот дека Ди Франческо е цреп шо не знај да организира одбрана, па имаше при двата гола на Кореа ептен простор за да се биде опасен.
3-4-1-2 никогаш не му проработи на Конте пошто партнер на Барела секогаш му беше Броз, а него ич не му лежи да игра во двојка, со Видал ова функционира многу подобро и се надевам дека тој ќе ни биди „засилување“ сезонава ко Ериксен и Перишиќ во Јануари, макар за размрдување од клупа.
Атмосферата во тимот изгледа топ, одбраната кини, има уште работи за гланцање, ама на крајот на денот 1001 ваква победа имавме под Конте, најбитно е дека менталитетот е останат, а очигледно има и кој да дава голови.
2/2 победи, 7-1 гол разлика, so far so good.