Фан Клуб: Интер

Не сум му фан на Хакан, ама во beggars can't be choosers ситуацијата во која сме по настанот со Ериксен, не е лоша опција. Ок играч е, има доста офанзивни квалитети, ама и многу ниска фудбалска интелигенција. Платата не е толку страшна, особено што очигледно и платата на Ериксен ќе биде покриена, делумно од Уефа/Фифа, делумно од осигурување. Ја зема платата што отприлика ја земаат Перишич и Наинголан.
За фри трансфер играч, тоа воопшто не е страшно.

Плус, човек може да ужива во менталната гимнастика на навивачите на Милан, додека се обидуваат да се убедат себеси дека ова е уствари подобра опција за нив. :icon_lol:
Штедењето на Интер и продавањето на Хакими за 70+ милиони и не изгледа толку страшно, споредено со губење на два клучни играчи на фри трансфер во едно лето, во ситауција кога тимот мора да се надградува.
Една добра сезона и пак двата клуба од Милано си пукаат во нога.
 
А само Госенс и еден vice-Лукаку да купевме како надградба на постоечкиов ростер и годинава ќе беше прошетка у парк одбраната на титулата.
Ова под услов мистер Инзаги да не фејлне ко никој предходно :D
 
Тоа ке беше супер, и некој слободен играч место непотребните играчи како Марио, Гаљардини, и уште 15 играчи кои се по позајмици.

Ама реалноста е дека мора да се соберат над 100м евра и да се намалат трошоците за плати.

Тоа значи помал ростер на играчи и продажба на еден од највредните играчи а тоа е Хакими во случајов.

Мислам дека во секој случај сме понапред од сите во Италија.
Јас би сакал да го видам Костич како замена за Хакими и најверојатно ДиМарко ке го замени Јанг.
Со Перо и Костич а алтернативи ДиМарко и Дармиан остануваме одлични на тој дел.

Гледам Диего Кошта е слободен играч. Многу сличен на Лукаку, физички силен ама дисциплината е огромен проблем.
Опции се Касиедо, Журу или враќање на Салседо кој покажа огромен потенцијал и може позитивно да изненади.
 
Костич е примарно лев бек, тешко он замена за Хакими.
 
Леле не ми се верува колку сте запнале со Костиќ. Воопшто немаме потреба во оваа формација лево крило со такви квалитети.
@meazza Како бе па и замена на Хакими уште? Левак е човекот, апсолутно ќе е бескорисен по десната страна.
На Интер му треба лев крилен бек и десен крилен бек во случај Хакими да си оди. Костиќ не знам дали е спремен толку да покрива како Перо назад. Дури и Перо имаше потешкотии на таа позиција.
 
Во ситуацијата во која што сме, ако Хакими си оди, небитно е дали лево или десно, еден квалитетен бек мора да се најде, десно може да покријат Дамбросио и Дармијан
 
Костиќ јас не го гледам како замена за Хакими во однос на позиција, туку евентуално (со голема доза на надеж и резерва) по учинок.

Не ја пратев скроз детално дискусијата ко зборавте Лаутаро вс Хакими, ама мислам дека генерално имаше некоја жичка на ,,ок го губиме Хакими, ама Ериксен под Инзаги ќе биди ко Луис Алберто и ќе има милијарда асистенции, ко порано", со шо апсолутно се сложвав и и јас се надевав на таква разврска.

Е сеа, со апсолутнава несреќа од тим за кој навиваме, испаѓа да треба да се надеваме дека ,,Луис Алберто" ќе ни биди или Хакан, или можда Сенси ако воскресни, а го губиме единствениот не-напаѓач со поќе од 10 голови+асистенции минатата сезона (Хакими лани имаше 7+8, а после него беше Барела со 3+7).

Далеку од то дека Костиќ ќе гарантира вакви бројки, ама и не гледам кој бек би, освен Госенс, шо нема шанси да се деси, а е и сулудо да се дат 35+ милиони за Госенс во ситуацијава кај шо се продава Хакими за 75м една сезона од ко е купен за 40.

Од друга страна, србинов не сум гледал искрено нешто многу освен по клипчиња, и знам дека можда не се репер бројки од лига кај шо Андре Силва е втор стрелец со милијарда гола, ама па не се ни занемарливи и дават малце надеж 15+ гола/асистенции три сезони со ред, плус фактот дека најверојатно можиме да му го увалиме Лазаро или Перишиќ во некоја трампа, земајќи предвид колку сме отепани.

Шо се однесува на излезни трансфери, Хрватов мислам дека скоро сигурно ќе си оди, има превисока плата + последна година од договор му е, па таман игра добро европско, можда ќе му изват некој милион.

Покрај то, во насока на намалувањето на платите, би било супер ако се отарасиме од Видал, да дојди Нандез во некоја трампа со Раџа, место Јанг можи да се убаци Димарко, евентуално ако си оди Весино, да влези Агуме како седма опција во среден ред, па ќе остани да се решат замените за Лукаку, Бастони и да се најди некој десен бек, за шо искрено би немал против Дармијан да биди прва опција, ако имаме поофанзивен играч на другата страна.

Да имаме нешто вакво наредна сезона на пример, мислам дека е пристојно, со оглед на околностите.

Хандановиќ
(Раду)
Шкринијар де Фрај Бастони
(Дамброзио) (Ранокија) (LCB)
Дармијан Барела Брозовиќ Хакан Костиќ
(RWB) (Нандез) (Гаља) (Сенси) (Димарко)
Лаутаро Лукаку
(Санчез) (CF)

Калакурница ќе биди летово секако, и сигурно пола од ствариве нема да се десат, ама барем чим Марота продолжи договор, вервам дека шо и да биди ќе се извлечи најмногу шо можи од ситуацијата во која се наоѓаме.
 
Наводно Лазари договорен и почнати преговори за Алба.
Ако тоа се оствари, that won't be bad, at all.
 
Наводно Лазари договорен и почнати преговори за Алба.
Ако тоа се оствари, that won't be bad, at all.
Ако дојде Госенс плус, дефинитивно, секако лево МОРА да се земе топ играч, кој и да е.
75м плус бонуси за Хакими иначе.
 
Добра сума извлекле за Хакими, сеа нека бараат десен бек.
 
Достојна замена за Хакими не наоѓаме , незнам Кансело дали е бар 50% од тоа што играше во Интер.

Криво ми е за Хакими , кинење по таа десна страна

Добро му извадиле 75++
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom