- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.499
- Поени од реакции
- 119.372
Милион % сум убеден дека таа “нива“ ни скрати гол во првото полувреме при оној ударот на Марио од левата страна, значи топката веќе ја видов во гол и отскокна од тревата чудно и смени правец наеднаш.Грда утакмица за гледање. Немаше ниеден играч на Интер што не играше под своето ниво, Гаљардини во прво полувреме беше криминал, оној Далберт исто. Комплетно случајна победа, ова реално требаше нерешено да заврши.
Една олеснителна околност им е што теренот беше катастрофа. Не видов еден играч да може да исконтролира топка ко што треба од двата тима, не знам што правеле на него, ама на ниви има подобри услови за игра. Плус, Кротоне игра неверојатно селски фудбал, веројатно тоа им е стратегијата за да преживеат уште една година, да земат што поише бодови на ова градилиштето.
Многу килава победа, ама ме боли уво искрено, Јуве вака освојуваше титули, со неколку килави победи во сезоната, али ако гледаме долгорочно ова не смее да се повтори. Хандановиќ искина денес, спаси чист пораз, односно примање гол и веројатно играње против 11 души во шестнаесетникот на противникот, у превод давање гол на св. Илија.