Од прво полувреме што видов, у право е Даре за заморот, изгледа јако почнале со тренинзи, тешки им беа нозете.
Ханда несигурен со топка 2-3 пати ама имаше и некои добри интервенции што спаси чисти голови, Ансалди незабележителен, ништо посебно ама ок прва утакмица му е башка 4-5 тренинга има со тимот само, Дамброзио е боље да си се префрли на штоперска позиција, денеска беше топ позади а и на претходните 2-3 утакмици што изигра халф изигра добро, со Јуве мислам дека играше и на другата не ми текнува, не е битно, за десен-лев бек не го бива, за штопер за ротација може да го биде.
Хуан стандард. Тој малиот лев бек не го бива, нека игра со младинци или негде у трета лига на позајмица.
Средината, Кондогбија си продолжува од кај што застана лани, топло ладно. Гнукури онака, добро ќе му дојде позајмица негде у Серија А кај што ќе игра стандардно, нека го дадат на Пескара.
Бијабијани класика, на претрчување, чист просек од играч, нека дреме на клупа за ротација е ок и за у ЛЕ против Транмере и Шкендија.
Јоветиќ и Икарди ги мрзеше да трчаат, Икарди не може со топка да се состави, Јојо спор и мртов.
Беса топ, највеќе се трудеше и најдобар беше во тие 45 минути. Не ќе биде лошо ако го остаат сезонава за на клупа, башка потполнува хоум граун квота ако не се лажам а тоа ни фали. Нека го, имаше страшен потенцијал пред 4-5 години, ќе го биде за против Транмере и Шкендија у ЛЕ.
Второ полувреме не глеав.