Џони Вајсмилер
Don't share my food
Ок, многу јасно тоа дека ти треба кеш, но ако знаеш дека ќе ги вратиш ќе се снајдиш. Еве не мора во кеш, нека биди на рати да речиме. Или ајде да се согласам дека ние не сме во можност за таков луксус.
Но оти па да бидиме лишени од таков луксуз. Оти да бидиме доведени до ваква состојба каде што не можиме да си дозволиме бум трансфер? Не ме сфаќај како да квичам, само те прашувам.
Пошо држиш став како да бараш да не се критикува, а тоа што не сме на исто ниво со големите глубови божја воља ли е? Не тоа се грешки уназад 10 години.
МЈ од 2005 работи а ние стагнираме.
Тука веќе најдовме компромис..јас држам став да не се критикува Тохир бидејќи чоекот не е во можност да ги исчисти гомната во кој не воведе Морати со неговото непланско работење..тука Интер стагнираше бидејќи и во времето кога доминиравме во Италија Морати не мислеше за иднината и клубот продолжуваше да игра со стари играчи од над 30 години наместо постепено да се прави ремонт и постепено да се продаваат играчите додека држат цена(како тоа што го прават Баерн и Јувентус денес)..тоа Интер требаше да го прави уште во 2004 кога имавме понуди за Рекоба и Адриано(огромни суми се нудеа за Императорот) и правилно да се реинвестираа уште тогаш тие хипотетички добиени милиони...
И во 2010 имаше понуди за Мајкон и Милито...кој кур чекаше Морати и зошто не ги продаде?..да не очекуваше дека ќе играат вечно во топ форма иако и двата имаа 30+ години?..па и Снајдер?..тука ќе инкасираше комотно над 100 милиони евра од овие играчи и плус тоа што двајца од нив беа во поодминати години а клубот трпи секакви загуби на финансиски план..огромни финансиски грешки што не доведоа до ова што сме денес па затоа ми нема некако логика Тохир да го критикувате за нешто што не е виновен.