Незнам од каде ти се информациите дека сме ги земале тие играчи

Централни секако дека не фалат, тука се Ранокиа, Видиќ, Андреоли, Хуан, но уште еден може да се земе, неможе многу да се очекува од Андреоли, а Ранокиа мислам дека игра како првотимец само заради тоа што е капитен, сезонава игра доста променливо, прави непромислени стартови и лесно добива жолти картони.
Скај пишува дека можно е пак Шаќири да стартува од клупа, не бил доволно фит за 2 утакмици по ред стартер, мада не верував сега после таква утакмица да стартува од клупа, мора да почне и да изигра барем 60 минути.
ГДС исто пишува дека Манчини планира да го остави на клупа Шаќири и Ковачич, и да стартува со истата формација против Емполи, само без Медел (суспензија поради жолти картони) на негово место Кузмановиќ и на местото на Ранокиа да стартува Андреоли. (Хуан има уште 2 утакмици суспензија).
Исто се пишува дека Хамбург е заинтересиран за Кузмановиќ и планираат да го ангажираат овој преоден рок, па ќе видиме, јас би сакал да остане барем до лето, после тоа нека го продадат. Се споменуваат суми од 5-6 милиони евра.