Фактот што Мацари толку запнал за Бехрами, за мене значи дека и следната година планира да игра некоја 3-x-x формација, најверојатно нешто како 3-4-1-2 или сл. Веројатно се осеќа сигурен во таа негова Наполи тактика, бидејќи е единствената што во неговата кариера колку толку функционирала.
Не верувам ни една секунда дека уопште размислува за 4ка во одбрана, Мацари е во прашање. Најверојатно го натерале од клубот да ги дава тие изјави, дека размислува да ја тренира 4-3-3 или нешто, обична медиумска изјава, за да се тргне вниманието на навивачите и медиумите од лошата игра на тимот, затоа што баш квалитетот на играта на тимот е сериозен хендикеп за промовирање на тимот. Тешко е да се продадеш и на спонзорите, ако никој освен редовните навивачи на тимот не е подготвен да одвои 2 саата за изгледа утакмица на Интер, со оглед на тоа што емисија за готвење е поинтересна од 90% од нашите утакмици.
Само незнам зошто мислат дека, ако му остават година плус или повеќе на Мацари, лепотанот нешто ќе смени во играта. Изглеа новиов наш голем лидер не е многу запознаен со италијанските тренери и нивната флексибилност.
Ни чекам да смени нешто, ни верувам дека ќе имаме добра игра, па дури и сите желби да му ги исполнат. Ќе бидам изненаден ако самиот било што промени. Губиме само време со тоа што му даваме шанси, типот е dead weight од времето на Морати. Ништо не можеме да почнеме од почеток како што треба, ако по секоја цена се влечеме со него.
И се надевам дека кога ќе биде сменет, ќе бараме замена надвор од Италија, преку глава од нив.