Фан Клуб: Интер

П.с. Син ако напишеш некој оптимистички пост и ако застанеш во одбрана на Морати , Страма и компанија ќе те банирам!!!!!!!
Од наша е син, знае дека Интер сесака содела, иднината сега :D
 
Од наша е син, знае дека Интер сесака содела, иднината сега :D

:pos: Фали уште да напише нешто за во иднина и да биде прогласен за легенда на векот, и тоа не само он било кој што навива за Интер. Еј срам ми е да идам на факс, срам ми во кладилница да влезам, срам ми е на фб да се ставам од овој Интеров, ме корне кој стигне, а и со право... Во мнооогу големи гомна сме, мнооогу, не знам како ќе се вадиме.
 
Само едно ке кажам,не заслужуваме и оваа година лига шампиони да играме,со овие играчи со овој тренер и управа само за 5-6 место можеме повеќе не.
 
Мене официјалните коментари што ги вадат кај нив на сајт ми се најинтересни. Stramaccioni: "Missed chance but it's still on". За наредниот пораз пак ќе кажат исто "missed chance..." се дур снема утакмици за играње и други 3 тима се зациментираат на врвот.

Да не може човек со друштво да глеа фудбал во вторник/среда. Извинете друштво мене тимот во четврток ми игра. Резил. :D
 
Епа следна година со друштво ќе гледаш само во сабота/недела.
 
а вие го гледавте натпреварот?..салам сте??..зарем сеуште губите време да го гледате овај очаен Интер?..златна Бенфика машинерии си играа во ист термин да ти е мерак да ги гледаш а не овие инвалидите што се мачат нерви тука да си киниме со преплатени просечни играчи..
 
Еј срам ми е да идам на факс, срам ми во кладилница да влезам, срам ми е на фб да се ставам од овој Интеров,
А овде не ти е срам да кажеш дека си уплатил на Интер, а? :cautious:

Шо ве глеам за никаде... ова си е логична последица на политиката која ја водеше клубот. Сега им се смеат сите, дури и сопствените навивачи ги реметат. Јас се надевам дека уште повеќе ќе губиме, само така може да им текне да се вратат на нормално работење, вложување и преземање ризици. Со вакви акробации, толку. Грција не штеди колку Интер.
 
Бранка готово, лета наредно лето сигурно, конечно се создава простор за преокрет на нештата и нов прогрес во екипата. Морати како старее Се поголемо трпение има, и самиот го призна тоа во ерата на Рафа, али после ова од оваа година и она лани, готово, пресече човекот, тоа може да го видите у неговото последно интервју.

Леонардо или Бигон ( овој ке дое, у пакет со Мацари, ке видите :facepalm: ), тие се сега за сега солуциите кои се споменуваат ко наследници на Бранка.
--- надополнето: 12 март 2013 во 00:08 ---
Трансфер вести, се договорија и со Сампдорија за Икарди, исто договорен е и некој си Рубен Бота од Аргентина, му истекол договорот, поим неам шо играч е од тоа што го читав, млад е, 23 години ваљда, 90та е роден, игра крило.

Од клипов ... уште еден левак, после оној уругваецон, циркузантче некое

Rubén Alejandro Botta Montero (born 31 January 1990) is an Argentinian football attacking midfielder who plays for Tigre in the Argentine Primera División. He is one of the latest revelations of Argentine football and it is making history with Tigre having reached an international cup final (Copa Sudamericana) and now playing for the first time in the top internatinal competition of South America the Copa Libertadores.
He has been watched from Europe and the club that is named the most is Internazionale Milan
--- надополнето: 12 март 2013 во 00:14 ---
П.с. Син ако напишеш некој оптимистички пост и ако застанеш во одбрана на Морати , Страма и компанија ќе те банирам!!!!!!!
Да бев вечити песимист, никад немаше да пратам спорт, тоа сигурно.
Страма до крај ке ја има мојата подршка, каков и да е, ова е најслабиот Интер од кога цел фан клуб прати фудбал, може Ио и Думан гледале послаб на времето, последен пат 2 години по ред не играле во ЛШ 97ма, колку и да прави грешки страма, колку и да се мизерни, максимумот на тимот е ова што сега го гледаме. Кога нештата беа колку толку ок, средени, Интер беа втори, потоа дојде забраната од управата за Страма да го игра Снајдер, тој период почнаа проблемите, се повреди и Милито и тн и тн да не набројувам за катастрофалните услови во кои работи тренерот, ниту Мурињо во вакви исти услови не би доставил нешто големо, со тоа што немаше да ги прави грешките на Страма без кои Интер пак ќе беше ваков каков што е, мизерен.

If Roman Abramovich helped me out in training we would be bottom of the league and if I had to work in his world of big business, we would be bankrupt - Mourinho

Секако дека сум оптимист после најавите дека Бранка ке лета, имам кажано, тоа е условот со кој треба да почне таа нова ера или проект сеедно, за тимов. Инаку Икарди, Лаксалт ( овој бар по изјавиве почна да ми се свиѓа, наместо да се пува дека потпишал за тимов вика, цитирам, не ми се свиѓа како играат (y) ... ), Бота, ок пазарење, за првиов не сумјам дека ке успее, уште пред да се поврзува со тимов сакав да дојде, за другиве 2ца еден да пркне и на коњ се. У секој случај ова се играчи во моментов од секундарно значење за тимов во поглед на трансферите но у секој случај се и добра увертира за летото што следи у пакет со смената на Бранка, кој што сака нека каже ...
 
Шо бидна со скаутскиот тим од Удине што го земавте?
 
За у моментов зборев. И јас до сега му ја давав целосно мојата поддршка на Страма али у задње време ептен ја оплеска. Сфаќам дека тимов ни играчки и квалитативно лимитиран ама ептен се усра, кој курац Бенаси на крило го игра, кој курац со Роки стартува против Катанија и уште дузина грешки кои ги направи. Инаку јас не сакам да го бркаат, сакам да видам како ќе котира на табелата доколку има асален играчки кадар, не Гаргањовци и Скелотовци. Ама во моментов колку сака нека е млад и неискусен ја заслужува секоја можна критика, исто ко и фудбалерите кои играат ко пички, барем 90% од нив. Ова со Бранка е доста добра информација, конечно ќе се тргне Шеширот од тимов, го кочи веќе три години по ред. Со оглед на тоа дека нема да играме ЛШ не знам дали некој добар играч ќе дојде кај нас, едино некој од овие Бота, Лаксалт или Икарди ако се погоди па да испадне ко џокер у покер за тимов.

Следна сезона Деки, Киву у аут МОРА! Камби на клупа, Џонатан да лета, Скелото и остала багра таков тип на играчи само во Куп да се користат, а да се форсираат Ковачич, Икарди, Лаксалт... И секако, на крајов на сезонава да не влезат во ЛЕ, тоа никако не смее да се деси, многу ќе не кошта ова натпреварување следната сезона доколку се пласираме во истото.
 
Шо бидна со скаутскиот тим од Удине што го земавте?
Па пазарење од типот на Бота и Лаксалт се по теркот на Удинезе, од кај ние да знаеме како функционира он у пакет со останатите. :)
Инаку под дифолт скаутите си даваат свои предлози уз одредени аргументи, ама во моментов Бранка е оној кој има најголем удел во кроењето на трансфер политиката, едно 85%, во пакет со Аусилио, тренерот ако едвај учествува со 5-10%. Све е до изборот, Ио вика штедат, кое штедење бе Ио, 40милиони евра дадоа летоска, Переира, Гуарин, Паласио, Ханда не се земени без пари, абе све е до прокелтиот избор.

Пример, го имаш Поли во тим, готово, све договорено со Сампдорија, багателна сума дека они кога го договараа беа второлигаши и оп, не го зимаат Поли иако Страма го викнал на подготовки, ти го носат миџетот Гаргано.
Еве ви еден класичен пример за катастрофален избор, избор кој може да го направи само некомпетентна и неспособна особа за вакво име од клуб, тоа е главниот збор, Неспособност, немање доволен капацитет за Интер. Потврда за ова Морати имаше лани, али тоа негово проклето трпение у погрешен момент си стапи на сила.
 
Ептен лош менаџмент а ја мислев дека само Милан праи така.

Башка примеров со Поли ти е ептен на место па некад си викам камо среќа Милан да бил блиску до таков договор,баш таков играч фали.

Памтам дека тој Бранка ептен го величевте за трансфер периодот пред триплетето (поради кој биднаа тие успеси ваљда) па затоа ми падна чудно што сеа е еден од најхејтаните ама ваљда тие грешни потези ги ставиле добрите во заборав. Не велам дека не треба да се хејта,не може чоек да води тим ко Интер на стара слава.

Како и да е се надевам дека наскоро двата тима од Милано ќе се вратат и ќе бидат дел од фудбалскиот крем и дека дербито ќе беше ко што беше порано.
 
може Ио и Думан гледале послаб на времето,
Не, немало послаб, било кој состав на Интер би ги растурил овие.

И штедење е, како не е? Тие вложиле 40 милиони или не знам колку, ама ги продадоа Снајдер и Кутињо и се ослободија од повеќето играчи према кои имаа големи давачки. Тоа се мерки да се намали трошењето и да се направи тим кој ќе функционира со многу помали плати. Во реалност, ти не можеш да имаш врвен тим без 5-6 играчи како Ето, Снајдер, Цезар, Маикон итн... околу кои ќе го правиш тимот. А таквите играчи не играат за трошки. Затоа викам, да се вратат на реално вложување и преземање ризици: тим во кој ќе доедат 4-5 силни играчи, кои ќе бидат платени како што треба а клубот ќе заработува од ЛШ и спонзори. Зошто ваква боранија не е ни за ЛЕ и сите спонзори ќе им побегнат кога ќе им истече договорот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom