Фан Клуб: Интер

Не знам зошто воопшто дискутирате, Цезар беше подготвен на намалување никогаш не дојде до преговори. Цезар беше избркан, буквално.
И се ќе се проголташе некако да не остануваше Киву. За истите пари сега можевме да ги имаме Цезар и Ханда, и да го немаме Киву, ко што го немаме.
 
Не знам зошто воопшто дискутирате, Цезар беше подготвен на намалување никогаш не дојде до преговори. Цезар беше избркан, буквално.
И се ќе се проголташе некако да не остануваше Киву. За истите пари сега можевме да ги имаме Цезар и Ханда, и да го немаме Киву, ко што го немаме.
Немаше шанси Цезар и Ханда да останеа во еден ист тим, само еден, го избраа Ханда...
 
Абе помина тоа, и мене ми е многу криво од една страна што го немаме Цезар на голот..ама пак имаме еден од најдобрите голмани во Италија, после Буфон Хандановиќ е најдобар во Италија, не изгубивме многу, само не е тоа тоа, мене повеќе ќе ме радуваше да останеше Мајкон..
 
Па прво, и двајцата се fist team материјал од голмани за било кој голем клуб во светот, така да ретко кој би чувал двајца такви голмани во тим, тоа е едно, и второ, глупо е голман кој е платен многу да седи на клупа а еден од нив мораше, па ќе си создадеа проблем од аспект на тоа дека сигурно некој од нив ќе се бунеше, најглупо е да ротираш голмани, нив им треба константност, ретко се повредуваат, не се уморуваат многу, па Страмачиони ќе требаше да фрла паричка за тоа кој треба а кој не треба да игра..

Во моментот кога Ханда потпиша за Интер, на Цезар му беше покажана излезна врата од тимов, очигледно е дека клубот сакаше да ја искористи веднаш можноста Ханданович да дојде тука зашто не беше многу скап и нема многу скап договор, а е премногу квалитетен голман, прилика која тешко во иднина дека ќе ја имаа. Во секој случај нефер однос спрема играч кој многу даде на Интер, и нефер е премногу благ збор во ситуацијава, али тоа е ...
 
Јас не го гледам проблемот. Цезар ќе знаеше дека ќе доаѓа и втор голман па ќе можеше да си одлучи и дали му одговара таа ситуација или не. Можеби клупа и 3 милиони ќе му беа ОК, ко што му се на Киву. Ги имавме и Цезар и Толдо во ист момент, и двајцата беа ѕверови. Ништо страшно. 2-3 натпревари да се повреди голман, резервниот е од големо значење. Киву ништо не ни значи, нити лани Кордоба.
 
Не бе Толдо веќе испукана пушка беше, толку беше од него, уште година максимум, и сам беше свесен за истото затоа и остана во Интер до крај, со Цезар поделикатни беа работите, уште беше ѕвер од голман, уште имаше јак договор, проблемот е што не се обидоа со него да ги решат работите ко што доликува туку им се пружи можност да го земат Ханда и воопшто не размислуваа за тоа, веднаш ја искористија таа шанса и на педерски начин му потврдија на Цезар дека немаат намера тука да го задржат.
 
Погласни се шпекулациите за Роси девојки,наводно агентот го понудил на Интер,ама ме плашат неговите повреди и неиграњето фудбал.
Паулињо даде екстра гол за Бразил против Јапонија,треба да се земе играчот.
 
Паулињо мене ми се бендисува од тоа што го изгледав пред некој месец по интернет. Мислам дека е црвст играч од средина со добра техника и стабилен, не од оние што се заебаваат со јутјуб фори. Цената ме плашеше пошто ни го продаваа многу евтино.
 
Паулињо мене ми се бендисува од тоа што го изгледав пред некој месец по интернет. Мислам дека е црвст играч од средина со добра техника и стабилен, не од оние што се заебаваат со јутјуб фори. Цената ме плашеше пошто ни го продаваа многу евтино.
После 100 патувања у Бразил, најверојатно него го договориле иако ништо не е официјално потврдено, но веќе месец дена се налага по медиумиве дека во Јануари доаѓа.

А за Роси штознам, ќе биде исто ко Адријано во Рома, да не знаеш што да очекуваш, само Интер да не изгуби ништо финансиски, тоа е најважно, освен парите за договорот, најдобро ќе биде ко Милан со Запата што направија, да го позајмат од Виљареал.
 
Ajde ve koj go eba cezar, i taka i taka posle 2010 bese sranje, a za ovoj Rosi treba da imas golemi muda za da go doneses vo timot.
 
На Меаца играат Италија-Данска. :)
За овој Роси некако скептик сум ради неговите повреди, инаку како играч е одличен. Мислам дека не треба да се коцкаме со него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom