Фан Клуб: Интер

Играта турни ме да кинисам...споро се движи топката..камбиасо и занети не треба да играат..касано неможи да истрча километар..милито исто..многу неподвижни се играчите во нападот...алварез од кога влезе играта се раздвиже колку толку бидејќи човекот едноставно знае да игра фудбал..наполи следната дома ќе ни еби мамицата ако извади состав ака дупли бекој ...победата е разочарувачка и според мене денес киксна со составот Страмачиони
 
Значи да заклучиме : Боље да изгубевме,ама да игравме убаво со безброј промаршени шанси при кои ке се убиевме од пцуење по играчите и Страма ,така???
 
Незнам што очекувате од играта, кога не играат фудбалери што може да направат убава игра за око, играта беше поставена да се победи без многу замарање, 3 бода беа важни.
Кутињо и Паласио ќе добиат шанса, сега во Четварток играме ЛЕ.
Наредна утакмица домашно ни е со Сиена дома, мислам нема да имаме проблеми против Сиена, и тука 3 бода би освоиле без никаков проблем.
 
Тоа црното дете позади Хуан ќе биде ѕверче, еден дуел не изгуби денес. А и Ранокија беше солиден, на ниво.
 
Најбитни се две работи-
1. Голманот ни е добар
2. Стандардно одбрана да играат Ранокиа/Хуан. Киву бек-ап.
Околу тактиката и персоналните решенија за некои позиции, тоа сеуште Страма го дефинира и нормално е да испробуе рани комбинации, ама квалитет имаме. Ова е многу, многу заебано гостување, за сите.
Најмногу за оваа сезона ме плашеше одбраната, но ме демантираа,
Секоја чест за Хуан, но ме мачи една работа кај него,
како бе се пишуе на нашки неговото презиме, не верувам дека е Жезусш ко дебилов бранче шо го викаше цел пренос?
Може некој да ми помогне?
 
Може не играа убаво за око но имаа 2 шанси цел натпревар и двете ги претворија во гол. Не верувам дека Страма ќе експериментира со ваков состав против појака екипа, така да опуштете се и уживајте во 3те бода. :)
 
Најбитни се две работи-
1. Голманот ни е добар
2. Стандардно одбрана да играат Ранокиа/Хуан. Киву бек-ап.
Околу тактиката и персоналните решенија за некои позиции, тоа сеуште Страма го дефинира и нормално е да испробуе рани комбинации, ама квалитет имаме. Ова е многу, многу заебано гостување, за сите.
Најмногу за оваа сезона ме плашеше одбраната, но ме демантираа,
Секоја чест за Хуан, но ме мачи една работа кај него,
како бе се пишуе на нашки неговото презиме, не верувам дека е Жезусш ко дебилов бранче шо го викаше цел пренос?
Може некој да ми помогне?

:pos: Хесус би требало да е,остави го ти Бранче,многу чита Дневник :pos:

Искрено,мене премногу ми се допадна како одигра вечерва малиот,не изгуби дуел со противнички играч,секогаш беше присебен и не паничеше,јак е како карпа и има мозок.Се што му треба е да има повеќе утакмици во Серија А и ќе го биде за една сезона.

Сакатиноги не сакам веќе у тим да го видам,мора зимоска да се земе друг играч на негово место,чоекот е изгубен у свемир,ај што у одбрана е катаклизма,ама у напад е што да ти зборам,изгубено јагне.
Гуарин дисциплина 0,00,мора да поработи на тоа.
И да,напаѓач ни треба,не може на Милито да се потпираме цела сезона.
 
како бе се пишуе на нашки неговото презиме, не верувам дека е Жезусш ко дебилов бранче шо го викаше цел пренос?
Може некој да ми помогне?

Јас си го викам Хесус/Хезус. Не знам дали е правилно :D
 
Mногу е моќна маичката :)

426225_349373261816416_985621397_n.jpg
 
Бреј, не е можно толку да критикувате на победа од 0-2 :)
Одбраната сосема солидна, особено во прво полувреме, во второто имаше неколку грешки, ама па ни Лусио-Самуел од 2010 не биле перфектни, битен е добар голман да поправа ако се деси нешто такво, а Хандановиќ беше супер.
И да и јас сметам дека финтата со Камби како трет штопер е феноменална:)
Не создаваме премногу шанси, и то е дефинитивно грешка на Страма, играта со 4 бека стварно нема смисла, а нема смисла ни Нагатомо да има загарантиран првотимски статус пред Кутињо/Алварез/Касано/Паласио. Никогаш не ми сметал, ама во тимов моментално има поквалитетни играчи од него.
МНОГУ е битно што ги користиме шансите, лани ништо не ме болеше поќе од промашените шанси на Пацини/Форлан сами пред гол, ова година таков проблем нема, нападот функционира добро.
Простор за подобрување има, особено во средниот ред, ама мислам дека во голема мера овај Интер ќе го биди :)
А, ќе забораев, Гуарин можи малце и да се седни на клупа, а Гаргањо да почнува од прва минута обавезно.

Сакатиноги не сакам веќе у тим да го видам,мора зимоска да се земе друг играч на негово место,чоекот е изгубен у свемир,ај што у одбрана е катаклизма,ама у напад е што да ти зборам,изгубено јагне.

Играч на негово место имаме, Переира, ама Страма му укажува малце отпоќе доверба на Јапончево..
А за замена Нагатомо е супер, не мислам дека треба да се продава.
 
Играта турни ме да кинисам...споро се движи топката..камбиасо и занети не треба да играат..касано неможи да истрча километар..милито исто..многу неподвижни се играчите во нападот...алварез од кога влезе играта се раздвиже колку толку бидејќи човекот едноставно знае да игра фудбал..наполи следната дома ќе ни еби мамицата ако извади состав ака дупли бекој ...победата е разочарувачка и според мене денес киксна со составот Страмачиони
Доста трескаш!
 
Игра никаква...Но победа си е победа. Ранокија и Хуан имаа добар натпревар.
Инаку зошто игравме со ланските гостински дресови?
 
Играч на негово место имаме, Переира, ама Страма му укажува малце отпоќе доверба на Јапончево..
А за замена Нагатомо е супер, не мислам дека треба да се продава.

Да знам,ама јас пак воопшто не сакам да го видам во тим,спор е како забавена снимка,а у напад е тотално непотреблив....
Ааах Сантон дете,како само би дошол одлично во моменталниов состав.
 
Е колку ми е ќеФ шо Хуан Хесус беше стартер немате појма... браво Страма (y)
Одлични беа со Ранокија...а не со онај...име нејќам да му спомнам :sick:

Од играта не многу задоволен, но има време и ќе мора да поработиме на задржување на топка...Гуаро многу лошо денес, од кај стигна само ја лупаше топкана.

Форца Интер и уживајте :P

Edit: This video has been removed by the user ... fuck :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom