Фан Клуб: Интер

Зарате во Лацио демонстрираше дека нема карактер да биде голем играч. Една сезона не го прави Марадона. Од друга страна, мислам дека во Гомез има потенцијал, барем да биде на нивото на Зарате оваа и претходната година со тоа што вреди дупло помалку.

Не дека Гомез сигурно ќе успее, но за мене има шанси дечкото, само игра на многу специфична позиција каде што тешко се наоаѓаат добри играчи.
И, што кажа сега? Ќе бил на нивото на Зарате (дупка во вода) а вредел дупло помалку. Нас не ни треба нивото на Зарате, Зарате не покажа ништо. Нас ни треба некој што ќе трпа голови. Ни повеќе ни помалку. Доста ми е од напаѓачи за уметнички впечаток.

А она што го покажа Зарате кога дојде од Катар, за Гомез е научна фантастика и секогаш ќе биде. Некогаш кога ви ги читам желбиве, си мислам дека не знаете за кого навивате.
 
И, што кажа сега? Ќе бил на нивото на Зарате (дупка во вода) а вредел дупло помалку. Нас не ни треба нивото на Зарате, Зарате не покажа ништо. Нас ни треба некој што ќе трпа голови. Ни повеќе ни помалку. Доста ми е од напаѓачи за уметнички впечаток.

А она што го покажа Зарате кога дојде од Катар, за Гомез е научна фантастика и секогаш ќе биде. Некогаш кога ви ги читам желбиве, си мислам дека не знаете за кого навивате.
Ај сеа, знаеш дека јас ова го пишувам години наназад.

Кажав, една година не го прави Марадона, може комотно да се заборави таа сезона. Гомез ми е желба зашто знам дека нема шанси да се донесе Кавани, Санчез, Силва, итн... А од друга страна знам колкави се шансите да се донесе Бјамбјани, па затоа навивам за Гомез и сличните како него кои според мене имаат потенцијал да прераснат во солидни играчи.

Никој не знае како може некој играч да се снајде во одреден тим, многу фактори зависат, особено кај Интер, затоа го пишав тоа за Гомез и беше многу песимистички.
 
Јас немам идеја за нападот ама ми се чини дека и тоа е подобро од она што го предлагате. Според вас треба да земаме секоја година може-ќе-ги-биде напаѓачи се додека на еден не му тргне. Ние треба да се свртиме од играчи кои биле одлични во мали клубови кон играчи кои биле дел од големи клубови, а за нив нема повеќе место или не се во форма итн... Нас како екипа не променија Снајдер, Ето, Лусио, Самуел. И пред тоа Ибра. Играчи што биле нешто и некаде, со потребно искуство и знаење. Единствен исклучок кој се истакнува од играчите кои дојдоа од мали екипи е Милито, ма да тој беше најдобар стрелец во лига и со долга историја на полнење мрежи. Маикон не го бројам зошто тој созреваше со години, а сега бараме брза промена.

Сериозно, ако не најдеме напаѓач што има навика да полни мрежа и дефанзивец што играл на топ ниво, џабе ни се сите реконструкции.
 
Сега за сега според она што го пишуваат и буткаат медиумите во Италија, Дестро и Лавеци се со најголеми шанси да дојдат во Интер, и за двајцата се почнати преговори, потврдено од страна на медиумите.
 
Ќе се најде некоја екипа што цепа со крила и прави 20 нафрлувања по натпревар...

ban1.jpg


Marso, мислам дека е перверзно Милито да го држиме во ќош а Форлан да стои во средина. Кога ќе можеш стави го Милито во средината и бутни го Поли на сликата. And make Forlan go away...
 
Море Гомез кога и да го гледав сезонава одличен впечаток ми остави..и плус поголем професионалец е од Зарате каде каде..се труди трча насекаде и не се расправа со кој ќе стигни...го пратев бидејќи секогаш играв против Катанија вкладилница и секогаш кога ќе ја земеше топката се тресев како ненормален....

иначе денес играв на песот против Deviangel од фан клуб јувентус и игравме Интер против Јувентус и нормално го победив 2-0(Санјдер,Алварез:LOL:) но ова ви го пишувам поради впечатокот кој ми го оставија играчите на Интер...Камбиасо оверал 91:pos:..занети 86:pos:,..Станкович 83:pos::pos: ..и да нагатомо 86 :pos::pos::pos:(ова е врвот)..имаат смисла за хумор тие што ја направија играта
 
Случајно го најдов ова, еден колега од факултет го имаше лајкнато :pos:

20zbpna.jpg


:pos:

И ова нападов не знам што залутал тука, требало Бориело, Вучинич и Матри. Местена е, пак Јубе оштетен. :cautious:
 
Заинтересирани за брдо добри играчи,а ќе донесат пак некој од типот на Пацини и Кучка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom