Фан Клуб: Интер

Kako ne vi e sram!!! Mene ovoj Inter mi se dopagja zatoa sto ne e druzina na starci i ima poveke fudbaleri za rotacija.
Veruvam vo ovoj tim!
 
Овој Алварез игра ко ние у маало кога ќе не викнеа големите, и кога можеш гол да дадеш, да изиграш соло акција, ја подаваш на некој поголем за да не ти мава заушки и после по вода да те праќа во случај да заебеш.
Онаа на Форлан што му ја подаде беше негова акција, идеална за него, знае дека има одличен шут со лева, се што требаше да направи е да изигра ко акцијата претходно кога шутна и погоди статива, сега подава а апла очигледно беше дека е во каде-каде подобра ситуација од Форлан, а и од претходната ситуација кога за малце ќе дадеше гол...

Пацини исто ко и Милито го има изгубено осетов за гол, и со Фиорентина слично утна ко и денес во прво, јесда му кренаа офсајд, али он не примети, во второ на крајов шутов му беше тиња, а у Сампдорија стандард у спротивен агол ги шутираше овие.

Милито дефинитивно е за клупа и ако во иднина се решат да го играат, во никој случај со Пацини у тандем, истото и за Пацо важи. Форлан би го играл пред двајцава без размислување, уз Алварез, Коутињо и Снајдер ( кога ќе се врати ).

Аll in all, од никаде се создадоа услови за трето место сезонава, сега следат Чезена гости па Лече и Парма дома, а по нив дербито со Милан.
Со добри засилувања во Јануари и трети се сигурно.

п.с. Нагатомо 2 In a row ги изигра солидно, браво.
 
Zasuluvanje treba edinstveno za pozicijata na Kambijaso mnoguuuu spor , a za napagjac jas bi gi sutnal Milito i Forlan za Tevez .
 
Цезар - Маикон - Самуел - Лусио - Занети - Мота - Камби - Снајдер - Алварез - Кутињо - Форлан ;)
 
Глата ќе ја ставам дека нема да победиме во Чезена...2 пати со ред на гости не сме победувале ни во времето на Манчини и Мурињо а камоли сега кога сме за никаде..1X како планина!
 
Глата ќе ја ставам дека нема да победиме во Чезена...2 пати со ред на гости не сме победувале ни во времето на Манчини и Мурињо а камоли сега кога сме за никаде..1X како планина!
И ја на другар истово му го реков, не дека нема да победат туку дека е најзаебан меч до Милан, он викаше Џенова ...
Сменија тренер Чезена, во добра форма се со него, Муту распали, во секој случај нема да биде лесна утакмица. Башка и сите знаеме дека на терен Раниери ќе извади тим кадарен за реми ко и денес, еден од ретките тренери на планетава што стандард не го вади најдобриот тим со кој располага на теренот ... а мора да победи. :mad:

п.с. Жалам за Ранокија, али тандемот Лусио - Самуел е неприкосновен кога се 100% спремни за игра.
 
До голот, Алварез буквално ништо не изигра, за голот се ослободи доволно простор по таа страна, убав центаршут и гол, потоа е веќе се полесно.
Премногу високи очекувања имате, а заборавате дека во нападот имаме една златна канта и две номинации + Пацини...

Како што кажав, лагана победа, не дека ала Барса/Реал победа против Хихон, али типична Интер победа. Тешко е против тим кој се брани со 11 играчи, првата посериозна шанса ја имаа дури некаде во 60та минута, и после тоа во 92ра(типично за Интер да ти кине живци).
Лани со Лео исто се мачевме кога победувавме, не бевме ништо поарни само го имавме Ето и Снајдер и Маикон.
 
п.с. Нагатомо 2 In a row ги изигра солидно, браво.
А бе ова не е за браво. Ова е да си пукнеш од мака. Да бев суеверен ќе речев дека е клетва:
Милито ќе погоди со Лил, од шеста. И сите ние одма: браво царе, браво мајсторе, се врати у форма, сега партал ќе прајме... после тоа, дупка. Во меѓувреме ги ругаме Нага, Дејан, Камби и уште 15 други.
Следна епизода: Нага полудуе и дава два гола на две утакмици. Нага е цар, ќе игра ко машина до крај, секаде ќе го има на терен (обично го има секаде ама на погрешни места). Во меѓувреме Милито е педер.
Следна епизода: Форлан почнува да дава голови, Пацини е дрво итн...

Сакам кажам: се се ова повремени блесоци. Никој не е во форма, сите се дупки. Кој поголема, кој помала. Тренерот ни е дупка. Екипата нема препознатлива игра, нема карактер, нема хемија. Сите бодови што ги освојуваме и што ќе ги освоиме ќе бидат „на мускули“. Ако бидеме трети неколку екипи треба да извршат колективно самоубиство.

Ние треба да се опаметиме, да си најдеме тренер што побрзо, да им се заблагодариме на 6-7 играчи и да почнеме да играме нешто што личи на фудбал, оти ова е срамота.

Патем, Поли крило бе... :tapp:
 
Алварез уште првата утакмица покажа дека треба да игра во прв тим,али очигледно тоа Раниери не го гледа ! Со оваа победа се враќаме во борба за 3 место,реално Удинезе и Лацио не се ништо појаки од нас(ги заборавив и Наполи,со нив ке биде борба излеа за 3 место),со неколку купени играчи во зима и би требало да завршиме пред нив!
 
Рики - машина , иднината е во човекот !!!
Поли - шо го игра Раниери на позиција шо не му одговара , можее тој подобро ...
Пацкоо - Па ги уби тие голманите со топки , никако гол да дадее .. !!
Цезар !!!! ...
 
Aлварез дефинитивно е за во прва постава да игра,Милито да се закова на клупа,а Пацини да си го наштелува шутот.
Форлан прва постава уз Пацини,пошо колку и да е тапа Пацини за Милито е измислен,барем се бори и трча како коњ.
Средниот ред треба да биде Алварез,Мота,Снајдер и Оби/Коутињо.
Камбијасо што е бавен,бавен е,како забавена снимка е.

Чезена ја тепаме,играчиве се осоколија како никогаш,мада и вечерва Џенова можеа да ја решат во три потези.
 
http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/104451/andrea-poli?cc=5739

Статистика на Поли, голови, асистенции ... а денес играше лево крило. :tapp:
Кога ќе си речеш дека нема полош тактички избор од тоа Мунтари да игра лево крило, лузерот е тука да те демантира, имало и полош потег од тој.
 
Направивме шанси откако го дадовме голот, а пред тоа бевме дупиња.
Е сега малу за играчите...
Жулионе - немаше многу работа, но фантастично одбрани при шутот на Велосо...
Самуел и Лусио - конечно добра партија на двајцата...
Нага - мен оф д меч ... иако сеуште за мене е тип на играч за во Чезена, Модена итн.
Занети - стандард, ил капитано :cuc:
Камби - добро изигра (за разлика од претходните натпревари), но неговото место јас мислам полека полека треба да му го препушти на други (Поли)
Тиаго Мота - солиден во средина...
Поли - детево навистина ме израдува, одлично изигра, а уште подобро би играл на позицијата на Камби.
Фараони - слабо денеска слабо...
Пацини - исто слабо...мораше да се погодит во тие 2 изгледни шанси...
Милито - кој фејл човече, ај промаши шо промаши, влечуга невидена.... :unsure:

Алварез - малиот треба почесто да игра...се гледа дека поседува квалитет и да стане еден од носителите на игрите на Интер.
Оби - добар играч, но само како замена....Поли > Оби
Форлан - повеќе направи од Милито за само 10 мин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom