Да Иосоно, и мене нелогична ми беше изјавата на Гасперини, да, во право е кога кажа дека Морати и Бранка знаеле каква формација преферира, ама добро бе човек, не одиш да ги водиш Катанија или Парма, одиш во Интер, со оглед дека ова е уникатна прилика за него и ваква шанса во животот никогаш нема да има, зашто не стори Се за да се адапира на моменталниов тим, сепак, ова е голема екипа со шампионски амбиции и прва и единствена шанса во неговиот живот да биде дел од '' големите ''.
Вика, сите знаат дека јас не користам плејмекер, добро, ок, сите знаеме дека он во екипа ко Џенова не користел плејмејкер, али бидејќи Интер се освојувачи на тројната круна во 2010 и актуелни светски прваци, тоа ги прави нив екипа која е дел од оние големите во светот, ко Барса, Реал, Манчестер, Челзи, Милан и тн и тн, да не ги набројувам, која ГОЛЕМА екипа во последниве 10-15 години своите успеси ги креирала без плејмејкер во своите редови, без таков тип на играч, офанзивен универзалец во средниот ред ?!
Кога Интер на времето не користеа плејмејкер, а тоа беше се до доаѓањето на Снајдер, сите знаеме на што личеа во ЛШ, а и претходно во Серија А, значи Гасперини очигледно не ги анализирал нештата како што треба, односно, ја немал и сеуште ја нема онаа адекватна формула за успех во голем тим, бидејќи он тоа што го говори денес не е изводливо во ниту една голема екипа да помине, нема теорија.
Сите знаеа и дека Мурињо го преферира 433 системот со две класични крула во нападот и еден напаѓач чиј потенцијал максимално го користи, ама кога веќе виде дека тој формат не може да помине во Интер, он направи промени со кои двете главни засилувања од тоа лето отидоа во неповрат ( а беа потрошени скоро 30м евра за нив ), па тек откако се создадоа услови за 4231 формацијата, он таа ја користеше и тоа во ЛШ, во Италија продолжи со 4312 формацијата.
Жалосно е за Гасперини што не успеа да ја искорсти оваа шанса што му беше пружена, жалосно е што тоа грдо удри и на Интер, али што е тука е, отпуштен е во ситуација кога сеуште може да се спаси сезоната, е сега од друга страна, тоа треба да се прави со Раниери ... oh boy.