Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да, убеден сум, зашто ако му ја видиш кариерата на Тевез ќе видиш дека секаде давал огромен удел за екипата, башка менталитетот тука е поинаков, полесно ќе се привикне на животот во Италија и во тим каде му се Занети, Самуел, Камбијасо, Милито па и Алварез.
Во Сити две сезони по ред им е најдобар фудбалер, во Вест Хем беше еден од најдобрите фудбалери кога обезбедија едвај опстанок па потоа прејде во Јунајтед каде на крајот од престојот таму имаше проблеми со Ферги ама не памтам кога он внел некаков немир во екипите каде играл и со тоа влијаел деструктивно врз истите.
Со Манчестер има освоено еднаш Лига на Шампиони каде беше чинам и стрелец во финалето, имаше уште едно финале и освои Премиер Лига во 2 наврати, со Сити конечно дојде до она посакувано за нив место за ЛШ ама со таков тренер тешко нешто повеќе очигледно, башка Манчини ако добро памтиш очајно лошо спроведуваше мир во Интер, Виера шишиња му шутираше со Сампдорија а Ибра го опцу што јасно се виде од тв камерите.
Во Италија не верувам дека ќе го има оној '' носталгичен '' проблем поради неговите сонародници а и стилот на живот во таа земја, истото важи и за адаптирањето во тимот, нема аргентинец што се пожалил на животот во Италија, обично тоа е и дестинацијата на аргентинците, мал милион аргентинци продефилирале тука, вклучувајќи го и Марадона.
Да бидеме реални, станува збор за класа напаѓач кој има уште добри 4 до 5 години у неговите нозе, супер прилика е за Интер ова со оглед на тоа дека е евидентно заминувањето на Ето.
п.с. Моето познавање на работиве во Интер не се разликува од твоето, ставовите може да ни бидат различни, тоа дали ти ќе бидеш во право или јас ќе биде одговорено од старт на сезона па се до Мај некаде. Во врска со Тевез конкретно, не гледам основа зашто би сметал дека не би бил одлично засилување за Интер гледајќи што направил во сите тимови каде што играл претходно.
@ Nonetizam Не заборавај дека тоа беше пред повеќе од една година, Камби, Занети не се веќе оние истите, Самуел лани искина лигаменти и тн и тн ...
Ама пристапот на терен е она потребното, да играат ко да се работи за нивниот проклет живот, ко да имаат уложено Се што поседуваат ( вклучувајќи ги и фамилиите ) на таа утакмица што следи, пази ги сликиве
Една добра работа за новава сезона е што против екипи со вакви бои на дрес немаме проблем
Ништо не е официјално ама по изјавите, сите страни се задоволни.Gogo, истите работи повеќето ги читаме на интерњуз или интер1908, не ти викам не ги постирај и на хрватски, ама ако ги пастираш, дај го линкот само.
Него ова за Ето, стана официјално или уште не?
Во целава работа не ми е јасно како Ето се согласил да игра во таму некој си Анжи.
Што ќе прај таму во Руска лига какви мотиви ќе има да игра против некој Х руски тим ?
Ќе играат ли ЛШ тие во сезонава што следи ?
Изгледа треба да сме среќни што сме гледале фудбал кога имало играчи кој што играле со срце за тимот а не за пари мислам на Малдини,Занети,Дел Пиеро,Тоти итн.
Потполно те сфаќам... Ама тоа е, секогаш ќе има играчи како Ето, Кака, Шевченко на кои парите им се све...
И руската лига не е за потценување, има таму добри клубови, а и добри играчиЈебем им пари ко да ги немаат...
Можда во Италија би имал уште 2 добри сезони а во Русија 5 ама 2 сезони во Италија повеќе од 5 сезони во Русија.