Фан Клуб: Интер

Ако веќе Морати бира за продавање меѓу Снајдер и Ето,тогаш повеќе сум за Ето бидејки не сум сигурен дали оваа година ке игра како минатата!Некако ми делува заситен Ето од трофеи,ако памтите лани кога Пандев даде гол во 90 минута против Баерн,Ето ич не се израдува и му беше како да се работи за обичен натпревар! Не дека сакам да го продадат ова лето али ако веќе Морати бира тоа нека биде Ето а не Снајдер,се надевам Морати ке гледа тимот да биде конкурентен со Милан иначе пак може да му дојдат старите времиња!
 
282567_2126913685565_1027597504_2439090_6615793_n.jpg


:pos: :pos: :pos:
 
У темата за фејсбук сеир :pos:
Зашо се мислам дека е на форум дечково
 
Камо и јас да бев олку храбар, на свадба со дрес да одев... :D

Него батали трансфери-шмансмери, батали и финансии и глупости, многу дури и премногу сум оптимист за сезонава, не знам што е како е, ама тоа е тоа.
 
Камо и јас да бев олку храбар, на свадба со дрес да одев... :D

Него батали трансфери-шмансмери, батали и финансии и глупости, многу дури и премногу сум оптимист за сезонава, не знам што е како е, ама тоа е тоа.
Легна нешто? Не гледам друга причина за брза промена на расположение и мислење :D
 
Ај ој навивај за Болоња , Катанија и компанијата ниско рангирани екипи ;)
А што ти се плашиш да навиваш за интер ако биде помал ранг.па ти тогаш не си ни вистински фан така да поарно ти е јажето и бесај се
--- надополнето: Aug 9, 2011 2:01 AM ---
Абре ало дете (не знам како да те наречам веќе) Интер не е јебиветер клуб од рангот на Палермо,Катанија,Џенова,Интер е институција во Италија и во светскиот фудбал,познат бренд во светот на спортот.
Младинците ?!
Мислиш ти сите ќе прераснат во расни играчишта и ќе кинат во Интер се живо и диво ?!
Гадно си се излажал ти...ептен...
А што мислиш ти овие кошарка играт чим стигнале до Интер веќе не се таленти веќе е играчиште бре клапчо.....Венгер од таленти направи тим а овие во интер сигурно не се глупави па да не направат супердзвезди од них
--- надополнето: Aug 9, 2011 2:03 AM ---
Не ми е јасно вие овде што коментирате во фан клубот вие што сакате да ви ги донесат роналдо,меси,руни и еден куп дзвезди па да навивате за тимот не ни требат нас вакви играчи на нас ни треба млада снага зошто старлоциве преголем замав зимаат во клубот и ги боли курац за екипата дали ќе освои ош некој трофеј или не.Сите старлоци да се мајнат што се над 30 год и да се донесе млада снага жедни за докажување,победа титули(y)
 
Аналитичарот што не ги гледа натпреварите а сепак негативно ги оценува и тоа детално дојде оптимизам да шири, епа не иде. :)
--- надополнето: Aug 9, 2011 12:27 AM ---

Добрата работа е таа у муабетов, лошата е медиумот кој ја пласираше оваа вест.
--- надополнето: Aug 9, 2011 12:41 AM ---

Можат без Снајди ко што можеа и без Ибра, но тоа зависи од неколку фактори.
1. Кој ќе дојде по него
2. Малиот што го споменуваш во твојот пост во пакет со Алварез

Пишав пред некоја недела, ризични се овие потези, можат да се одразат добро и сите зинати да не остават, но можат и да имаат сезона полоша од минатата, златна средина не гледам ( обезбеден пласман во ЛШ, далеку од 4тите и далеку од првиот ), или-или ќе е работава.

1. Можеа без Ибра затоа што во Италија немавме конкуренција, и со Ибра и без него, исто беше, Јуве длабоко навлезени во гомна, Милан со Бориело и такви багра од играчи играа, Рома и они уште се надеваа на Тоти, како некој тука во Занети...

2. Ако веќе мора да се жртвува Снајдер, нека биде така, но барем Тевез да се донесе на позајмица ова година. Човекот е звер, поготово за малите екипи, секако дека може да се посере на дерби натпревари, но како што знаеме сите, шампионатот се добива со победа над малите екипи, освен тоа Тевез може да се враќа и малку поназад да им помогне на Кутињо или Алварез. За ЛШ немаме што да бараме следната година...
 
1. Можеа без Ибра затоа што во Италија немавме конкуренција, и со Ибра и без него, исто беше, Јуве длабоко навлезени во гомна, Милан со Бориело и такви багра од играчи играа, Рома и они уште се надеваа на Тоти, како некој тука во Занети...
Не лимитирај :), освоија Лига на Шампиони таа година, во Италија може немале конкруенција иако во последно коло освоија титула, ама во Европа ...
Без секого се може, уделот кој Снајдер го имаше може да се покрие, начини постојат, никој не е незаменлив, Снајдер колку и да го сакаме не е она што е Меси за Барса или Кристијано Ронално на времето за Јунајтед.
Затоа ти реков, се зависи од тоа кој ќе биде донесен и како ќе се покажат оние кои ти ги споменав.
 
И сеа одма идат навивачи на Реал и ни ја трујат темата како тоа Меси не е добар играч и дека Чави и Иниеста ја држат Барса...

Какви све очекувања си имав на крајот на минатата сезона, какви си имам сега, пфффф, да ми речеше некој немаше да му верувам никогаш.

Од Хамшик, Цеск и Швајни, во компир, компир и уште еден компир. :D
 
Види, Швајни лани кога го продолжи договорот го зема микрофонот и на сред стадион кажа дека останува во Баерн и нема намера да замине, и нема да замине, не се германците разгалени португалци што веѓите им се поприоритетни од тимот у кој играат.
Фабрегас ако заминува сите знаеме која ќе биде неговата следна дестинација, Леси се враќа дома ( читај Барса ).

Хамшик потајно ко и фан на Милан, Јуве, се надевам дека ќе дојде у тимот за кој навивам, ама сезонава убеден бев, сум и ќе останам до крај на трансфер рок дека ќе остане и оваа година во Наполи, причина, играњето во ЛШ.

Може ќе сум демантирам за последново, ама во моментов како се одвиваат работите ќе си остане и сезонава таму.
 
Кучка е новиот Хамшик или pink is the new black.

Кој тим ќе го имаме ако само за последен пат Морати донесе 2 ѕвезди во веќе постоечкиот тим. Не мора негови пари, мислам дека може Интер тоа да го прави. Ама треба да е активен на трансфер пазарот, да продаде многу пијавици од тимот.
 
Ако добро го разбрав Бранка, кажа дека имал 4 играчи за продавање али не алудираше на Ето и Снајдер, значи за други 4 правеше муабет али не прецизираше кои.
Марига, Мунтари сигурно, ама другите двајца ...
Можно е и Сантон да е тука зашто Маикон, Занети, Нага, Киву и Џонатан се повеќе од доволни бекови, но Сантон само за позајмица е мислам достапен, се плашам дека мислел и на Пандев.

Е сега интересно е тоа што Пандев категорично е против трансфер во Џенова, што е и нормално, помала плата плус неиграње во ЛШ, која будала тоа би го направила, боље ќе тренира со примавера тимот него да оди таму. Но тука се Наполи и тоа е интересниот дел, Лавеци пред некоја недела не беше категоричен за негово останување таму со што ги налути и фановите, незнам како од тогаш се одвиваат нештата со него но еве сега ГДС повторно го поврзуваат со Интер ( Пандев никаде не е споменат ) но и велат дека и Ето е можно да замине.

Снајдер и Ето аут, во тим Тевез и Лавеци, плус најверојатно и Кучка, доколку остане Пандев ( иако ако евентуално Лавеци дојде Наполи убеден сум дека ќе бараат и пари и Пандев ), плус Алварез и еве, Коутињо ( двајца фудбалери кои ќе се форсираат на онаа позиција на Снајди ), плус евентуално Касмеиро доколку им успее планот за ангажман, воопшто нема да е лош трансфер периодот со оглед на тоа дека го губат Снајди а можно е и Ето.

Милион комбинации у пм, да се најежиш.
 
Не знам дали ти ја пиша информацијава тука или на фиф ја прочитав, за тоа дека клаузулата помеѓу бразилски тимови за трансфери, максимум изнесува 7 милиони, така ке пробале со Касемиро да напрат, некој бразилски клуб да го купи и за многу помалку да го продаде во Интер.

Инаку, за во средина кој и да дојде нема да е лошо, ама кај ги наоѓаат играчиве. Како успеа Јуве да го земе Видал за 12, а кога бевме ние заинтересирани се спомнуваа суми од над 20 милиони...
 
Не знам дали ти ја пиша информацијава тука или на фиф ја прочитав, за тоа дека клаузулата помеѓу бразилски тимови за трансфери, максимум изнесува 7 милиони, така ке пробале со Касемиро да напрат, некој бразилски клуб да го купи и за многу помалку да го продаде во Интер.

Инаку, за во средина кој и да дојде нема да е лошо, ама кај ги наоѓаат играчиве. Како успеа Јуве да го земе Видал за 12, а кога бевме ние заинтересирани се спомнуваа суми од над 20 милиони...
Работата е што не сме биле заинтересирани за него....понекогаш за некој играч се шпекулира дека се заинтересирани повеке екипи за да се крене цената. И башка не се вклопува во нашата тактика бидејки е крило.

Исто така прочитав дека не е само Тевез у комбинација да дојде, туку и Лавеци...сега колку е ова вистина ке дознаеме деновиве.
--- надополнето: Aug 9, 2011 4:44 AM ---
ИНТЕР ЛАНИ ДА СИ ГИ ЗЕМЕШЕ ХЕРНАНЕЗ И КАВАНИ МОЖЕ И КЕ БЕВМЕ ШАМПИОНИ, БИДЕЈКИ КЕ САКАА ДА СЕ ДОКАЖАТ И СО ЕТО КОЈ БЕШЕ СТРАШЕН ЛАНИ ИМАВМЕ ГОЛЕМИ ШАНСИ ДА ЈА ОДБРАНИМЕ ТИТУЛАТА..АЛИ ТОА Е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom