Дали Морати му е лут на неспособноста за носење на Боаш на Бранка? Кога го прашаа за новиот тренер он им вратил на репортерите: Прашајте го Бранка!
Е сега бидејќи немаме видео од тоа, можно е да им одговорил онака во брзина во стил на “дечки, зафатен сум, Бранка знае повеќе, ај одам да ручам“, или им одговорил како што реков предходно - ќе видиме.
Една работа е сигурна, дека Интер падна многу во класа оваа година. Каде е сега мистер морати или по познат како мистер “тренерите не му викат не на Интер“, кога неможе тренер да најде. Ај сите размислејте малце, дали кога би можеле да одбираме тренер би немале досега? Кого лаже Морати? Ако еден тренер не е слободен, вадиш пари од џеб и го “ослободуваш“, крај на приказната, не му го нудиш Мунтари (многу сум сигурен дека и за Боас го вклучиле Мунтари). Јас сум сигурен дека тренериве бегат, дека најмногу им се ветува едно засилување, или ниедно со разлог имаме екстра талентирани младинци. Оние кои не бегат се: ... уствари сите ги знаеме таквите тренери, тренери кои не ни сонувале дека ке стигнат Интер да го водат, т.е. без амбиции, или пак над 70 години дрвја, кој се убедени дека мора да се игра само вака, онака не.
На крајот на краиштата подобро Михајлович него Делио или Гаспарини. Дојдовме во ситуација во која ке одбереме подоброто од две (или повеке) лоши работи.